Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството вели дека регистарот на лектори е јавно достапен

Резиме

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска праша зошто Министерството за култура и туризам не го објавува Регистарот на лектори, како што предвидува Законот за употребата на македонскиот јазик. Таа изрази загриженост и за предлогот за изменување на законот, за кој смета дека го намалува статусот на инспекторатот за македонски јазик.

Министерството одговори дека го води регистарот во електронска форма и дека е јавно достапен на неговата веб-страница. Наведе дека редовно ги ажурира податоците и дека соработува со надлежните институции за воспоставување и кадровска и административна стабилизација на инспекторатот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бисера Костадиновска Стојчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 20 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Законот за употреба на Македонскиот јазик е донесен на 26 јануари 2024 година, поздравен како суштински исчекор во заштита унапредување и промоција на Македонскиот стандарден јазик. Овој Закон кој предвидува обврска задолжително лекторирање на документи образовни и медиумски содржини и вработување лектори во институциите воведува и инспекторат како клучен механизам за надзор и контрола на примената на овој Закон. Затоа што пред една цела недела во Собранието добивме предлог за изменување на Законот за употреба на Македонски јазик со кој што нај лаички кажано се уназадува статусот на инспекторатот за Македонски јазик. Институција која не само што беше барана од сите засегнати страни да се формира туку беше една од главните придобивки од овој Закон денес сакав да поставам прашање до министерот за култура. Затоа што не заинтересираноста за имплементирање на овој закон навистина загрижува. Да бидам појасна инспекторатот за Македонски јазик кој требаше да е засебна единка посебно правно лице со посебна Буџетска сметка, сега станува оддел односно сектор во Министерство за култура и туризам со директор. Засебноста на овој инспекторат ја гарантираше независноста, ингеренциите на истиот и начинот на делување. Нивото на унапредување на заштитата која со овој Закон се овозможи за Македонскиот јазик беше крунисано со овој инспекторат. Наместо тоа добивме директорка која што не можеше да функционира и се уште не може да функционира. Затоа што на министерот му поминаа сите рокови за усогласување со овој Закон и затоа што не успеа да се избори или немаше време да се избори да ја задржи позицијата на овој толку важен инспекторат. Ниту една одредба од овој Закон за жал не се почитува па не можеме да бидеме ние удостоени со присуство да добиеме одговори. Затоа прашувам, прво зошто Министерство за култура не го објавува Регистарот на лектори на својата веб страница како што тоа е предвидено во член 19 став 2 од овој Закон. Пратеничкото прашање го поставувам до министерот за култура и туризам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

Република Северна Македонија Министерство за култура и туризам

Бр. 53-5661/2 28.05.2025 год. Скопје

До: Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Скопје

ПРЕДМЕТ: Одговор на пратеничко прашање

Почитуван претседателе Африм Гаши,

Во прилог Ви го доставувам одговорот на пратеничкото прашање поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 20 мај 2025 година од страна на пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска упатено до министерот за култура и туризам и доставено до Министерството за култура и туризам со допис број 08-2941/1 од 22.05.2025 година.

Министер Зоран Љутков

Изработил:Десанка Николова, Помлад соработник за обработка на податоци за стратешко планирање, развој и анализа Одобрил: Ирена Петкова, шеф на кабинет

1 Министерство за култура и туризам Република Северна Македонија на Ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3240 591 www.kultura.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за култура и туризам

Пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, на четириесет и деветтата седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 20 мај 2025 година постави дополнително прашање до министерот за култура и туризам:

Законот за употреба на Македонскиот јазик е донесен на 26 јануари 2024 година, поздравен како суштински чекор во заштита и унапредување и промоција на Македонскиот стандарден јазик. Овој Закон кој предвидува обврска за задолжително лекторирање на документите образовни и медиумски содржини и преводи направени во институциите воведува и инспекторат како институционален механизам за надзор и контрола на примена на овој Закон. Затоа што пред една цела недела во Собранието добивме предлог за изменување на Законот за употреба на Македонски јазик со кој што нај лаконично кажано се укинува статусот на инспекторат за Македонски јазик. Институција која не само што беше барана од сите засегнати страни да се формира туку беше едно од првите барања од ОЈО. Законот денес сака да повлече прашање до министерот за култура. Затоа што за бавната реализација на имплементацијата на овој закон, неговата цел, за зајакнување инспекторатот за Македонски јазик кој требаше да се воспостави како посебно правно лице со посебна буџетска сметка, сега станува оддел односно сектор во Министерството за култура и туризам со директор. Засебноста на овој инспекторат ја — гарантираше независноста, ингеренциите на истиот и начинот на делување. Нивото на заштитата на употребата на јазикот што овој Закон се обидуваше да ја овозможи за Македонскиот јазик беше крунисано со овој инспекторат. Наместо тоа добивме директорка која што не можеше да функционира и сѐ уште не може да функционира. Затоа што на министерот му поминаа сите рокови за усогласување со овој Закон и затоа што не успеа да се избере или немаше време да се избори да ја задржи позицијата на овој толку важен инспекторат. Ниту една одредба од овој Закон за жал не се почитува па не можеме да бидеме ни удостоени со присуство да добиеме одговори. Затоа прашувам, прво зошто Министерството за култура не го објавува Регистарот на лектори на својата веб страница како што тоа е предвидено во член 19 став 2 од овој Закон.

1 Министерство за култура и туризам Република Северна Македонија на Ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3240 591 www.kultura.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за култура и туризам

Во врска со поставеното прашање, Ви го доставувам следниов

ОДГОВОР

Министерството за култура и туризам го поздравува интересот за доследната имплементација на Законот за употребата на македонскиот јазик, донесен на 26 јануари 2024 година и Ви благодари за поставеното прашање. Во насока на транспарентност и целосно почитување на законските обврски, Ве информираме дека Министерството уредно го води Регистарот на издадени, одземени и неважечки лекторски лиценци, во согласност со член 19 став 2 од Законот за употребата на македонскиот јазик, како и во согласност со Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на Регистарот. Регистарот се води во електронска форма и е јавно достапен на официјалната веб-страница на Министерството за култура и туризам на следниот линк: https://kultura.gov.mk/лекторски-испит/. Исто така, Ве информираме дека Министерството редовно врши ажурирање на податоците во Регистарот и обезбедува нивна точност и навременост. Преку Регистарот, јавноста има увид во издадените лекторски лиценци, со што се обезбедува транспарентност и усогласеност со законските обврски. Во однос на инспекцискиот надзор, Министерството активно соработува со надлежните институции во делот на воспоставување на Инспекторатот за македонски јазик, како што е предвидено со Законот, и го поддржува процесот на негова кадровска и административна стабилизација. Министерството останува отворено за сите прашања, забелешки и сугестии кои се во насока на унапредување на стандардот и употребата на македонскиот јазик, како и за понатамошно зајакнување на механизмите за негова примена и заштита.

2 Министерство за култура и туризам Република Северна Македонија на Ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3240 591 www.kultura.gov.mk

Сите пратенички прашања