Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството вели дека нема барање за А-интегрирана дозвола за асфалтната база во Кичево

Резиме

Пратеничката Јована Мојсоска праша дали Министерството за животна средина и просторно планирање ќе организира јавна расправа пред издавање А-интегрирана еколошка дозвола за асфалтната база на ДГПУ Е-ТРОН ИНТЕРНАЦИОНАЛ во индустриската зона „Ивандол 2“ во Кичево, и дали ќе ги земе предвид барањата на жителите. Во прашањето таа наведе дека жителите протестираат против работата на објектот.

Управата за животна средина одговори дека сè уште не добила барање за А-интегрирана дозвола. Кога ќе биде поднесено, ќе постапи според пропишаната процедура. Наведе дека барањето и дозволата се објавуваат за информирање на јавноста, а јавна расправа може да се побара од заинтересирани граѓани, градоначалникот или Министерството; забелешките од расправата се земаат предвид при изработката на дозволата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јована Мојсоска

ДО: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Африм Гаши

ОД: ЈОВАНА МОЈСОСКА – ПРАТЕНИК ОД ЛЕВИЦА

Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено

П Р А Т Е Н И Ч К О П Р А Ш А Њ Е ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

ЗА: г. ИЗЕТ МЕЏИТИ – МИНИСТЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

Моето пратеничко прашање се однесува за работата на загадувачки објект, односно база за производство на асфалт од втора категорија во општина Кичево. Жителите од Иванидол, општина Кичево, веќе две години протестираат против работата на асфалтната база лоцирана во индустриската зона „Ивандол 2“, која се наоѓа на само неколку метри од населените куќи. Имено, правниот субјект ДГПУ Е-ТРОН ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Кичево има изградено постројка за производство на асфалт на локацијата која е определена со ГП 12 од ДУП за населба Иван Дол Втoр дел “УЕ” С Блок С1 О. Кичево (со бр. 10-1701/2 од 06.09.2019 година и со обновен бр. 10-13/9 од 11.01.2023 година). Правниот субјект поседува Решение за одобрен елаборат со бр. УП1-11/4-388/2023 од 27.02.2023 година, издадено од Управа за животна средина. Бидејќи горенаведениот субјект не поседува А-интегрирана еколошка дозвола (А-ИЕД), која е во надлежност на вашето министерство, моето пратеничко прашање до вас е:

1. Дали ќе организирате јавна расправа, која е законска должност пред издавањето А-ИЕД, за која навремено ќе бидат известени жителите од оваа населба и дали при носењето одлука за издавање на оваа дозвола ќе ги земете во предвид барањата на жителите од Кичевско кои 2 години протестираат?

*** Барам овие пратенички прашања веднаш да ги доставите до функционерот на кој му се упатени и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.

Скопје 29.01.2025

ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: Јована Мојсоска

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

УПРАВА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА СЕКТОР ЗА ИНДУСТРИСКО ЗАГАДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК

Архивски број: бр. 11 - 550/2 Дата: 06-03-2025 До: Собрание на Република Северна македонија Предмет: Одговор на Пратеничко Прашање Ваш Број: бр.08 550/1 од 29.01.2025 Почитувани, Во врска дописот бр. 11 - 550/1, од 03.02.2025 кое се однесува на пратеничкото прашање , во врска со инсталацијата ДГПУ Е-ТРОН ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Кичево за производство на асфалт, лоцирана во индустриска зона “Ивандол 2”, која се наоѓа на само неколку метри од населените куќи.По жалба на жителите од Ивандол, општина Кичево. Во писмото се вели дека посочениот субјект ДГПУ Е-ТРОН ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Кичево, поседува Решение за одобрен елаборат со бр.УП1-11/4 388/2023 од 27.02.2023 година, издадено од Управата за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање. Бидејќи горенаведениот субјект не поседува А-Интегрирана еколошка дозвола (А-ИЕД), која е во надлежност на Министерство за животна средина и просторно планирање. Пратеничкото прашање е : 1.Дали ќе организирате јавна расправа, која е законска должност пред издавањето на А-ИЕД, за која навремено ќе бидат известени жителите на оваа населба и дали при носењето одлука за издавање на оваа дозвола ќе ги земете во предвид барањата на жителите од Кичево кои 2 години протестираат.

Одговор

До Министерството за животна средина просторно планирање, Управа за животна средина, Сектор за Индустриско загадување и управување со ризик до сега не е доставено барање за добивање на А-Интегрирана еколошка дозвола. Кога ќе се достави барањето за добивање на А-ИЕД, ќе се постапи согласно процедурата за издавање на А-ИЕД почитувајќи ги сите чекори за издавање на интегрираната еколошка дозвола. Согласно член 99 и член 113 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ 53/05,

Република Северна Македонија Министерство за животна средина и просторно планирање

УПРАВА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА СЕКТОР ЗА ИНДУСТРИСКО ЗАГАДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК

81/05 и 24/07, 159/08, 83/09, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012 ,93/2013, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 28/18, 65/18, 99/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.89/22 и 171/22, и 3/25), се врши објава на Барањето за А-ИЕД, и А-ИЕД, дозволата за инсталацијата за која се издава А-ИЕД. Објавата се врши на најмалку еден дневен весник на Македонски и албански јазик. И во Вебстраната на Министерството за животна средина и просторно планирање.Објавата се врши со цел да се информира јавноста за процедурата на издавањето на дозволата. Да се побара јавна расправа, ако затоа има заинтересирани лица. Јавната Расправа се организира, по иницијатива на граѓани, градоначалникот на општината на чија територија се наоѓа инсталацијата и од страна на Министерството за животна средина. Во јавната расправа се одржува записник, за текот на јавната расправа, за да можат коментарите или забелешките од Јавноста да се земаат во предвид при пишувањето на А-ИЕД дозволата. Со почит,

Изготвил/Пërgaditi: Nazim Aliti Раководител на Сектор за индустриско загадување и управување со ризик.

Управа за животна средина в.д.Директор Игор Никоски

2

Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје Република Северна Македонија

Сите пратенички прашања