Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството соопшти дека е потпишан договор за новата станица

Резиме

Пратеникот Илир Демири праша до каде е решавањето на проблемот со компримираниот притисок и дали Министерството за здравство има информации од Обвинителството за наводна саботажа и лош мирис кон пациентите.

Министерството одговори дека набавката е завршена, направен е избор и е потпишан договор. Според одговорот, изведбата на новата станица се очекува да почне во најкраток можен рок. Одговорот не содржи информации за Обвинителството или за наводната саботажа.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илир Демири

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илир Демири, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 ноември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: На почеток сакам да ја објаснам мојата позиција. Јас се залагам за Национална платформа што се однесува до Министерство за здравство и да има континуитет за општиот јавен интерес за граѓаните каде што сите сме потенцијални корисници. Во периодот на техничката Влада во предизборната кампања се актуелизираше еден проблем кој што беше многу чувствителен во Министерство за здравство. Проблем кој што повеќе од 20 години е акумулиран. Во тоа време во предизборната кампања не можеше да се менува Планот за јавни набавки и јас оставив простор иако го држам како заложник, тогаш бев министер за здравство, да се консолидира Владата. Да поставам прашање до Министерство за здравство до каде е решението на проблемот со притисокот компримиран и дали имаат информации од Обвинителството дека во тоа време рече дека ова е саботиран притисок и каде што имаше и лош мирис кон пациентите. Тогаш беше од надвор овој мирис пренесен и ставен. Ова се сериозни прашања и немаат политичка позадина туку се во интерес на сите граѓани во Република Македонија и да се одобри услугата на здравствените услуги. Ова е првото прашање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Илир Демири, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Јовица Андовски: Благодарам на почитуваниот пратеник за поставеното прашање и можноста да одговорам, а не како претходниот пат што бараа лично да се одговори нели министерот. Што се однесува до првото прашање во врска со проблемот кој што повеќе години бил утврден во врска со набавката која што ја започнавте вие нели. Сакам да кажам дека набавката за компромитиран притисок е завршена. Значи направен е избор и потпишан е договорот и очекувам е во најкраток можен рок да почне и со изведбата. Значи нели имаше рок на жалби, требаше да се завршат тие жалби по втор пат. Нели прв пат никој не се јави на првиот тендер. На вториот имаше економски оператор кој што се јави. Договорен орган се чекаше одреден период за да рокот на жалби поминат. Договорот се потпиша и во најкраток можен рок ќе се почне и со изведба на новата станица.

Сите пратенички прашања