Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството нема единствена евиденција за застапеноста на Ромите во јавниот сектор

Резиме

Пратеничката Јована Мојсоска побара процент на вработени Роми во јавниот сектор и мерки за негово зголемување. Праша и колку Роми се вклучиле во „Гаранција за млади“, колку се вработиле по вклучувањето, дали мерката се промовира меѓу младите Роми и дали во 2025 година е планирана дисперзирана канцеларија на Агенцијата за вработување во Шуто Оризари.

Министерството за социјална политика, демографија и млади одговори дека не е надлежно за регистарот на вработени во јавниот сектор и нема единствена официјална евиденција за вкупната застапеност на Ромите; регистарот е во надлежност на Министерството за јавна администрација. Наведе дека спроведува активности за подобрување на вработливоста и пристапот на Ромите до програмите и услугите за вработување. Податоците за опфатот со мерките и резултатите ги води Агенцијата за вработување. Одговорот не ги наведува бараните бројки за „Гаранција за млади“, не се осврнува на нејзината промоција и не одговара за планираната канцеларија во Шуто Оризари.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јована Мојсоска

ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Г. АФРИМ ГАШИ

ОД: ЈОВАНА МОЈСОСКА – ПРАТЕНИК од ЛЕВИЦА

Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено

П Р А Т Е Н И Ч К О П Р А Ш А Њ Е ДО МИНИСТЕРОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ДЕМОГРАФИЈА И МЛАДИ

ЗА: г. ФАТМИР ЛИМАНИ- Министер за СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ДЕМОГРАФИЈА И МЛАДИ

Почитуван,

Министерството за социјална политика, демографија и млади е надлежно министерство за спроведување на Стратегијата за инклузијата на Ромите (2022-2030) и Националниот Акциски План за спроведување на оваа стратегија. Еднаквоста и инклузијата на Ромите е издигнато на ниво на стратешка цел на ЕУ, каде препораките на Советот на ЕУ ставаат посебен акцент на потребата земјите-членки на ЕУ да дефинираат политики кои го подобруваат нивото на социјална вклученост и положбата на Ромите. Во Македонија - економската, социјалната, општествената и образовната положба на Ромите и понатаму е загрижувачка и нивната вклученост во општествените процеси и понатаму е на аларматно ниско ниво.

Оттука, пратеничкото прашање ги опфаќа следниве три потпрашања:

1. Во конкретниот НАП, како прва цел е поставена зголемување на вработеноста на Ромите во јавната и државната администрација, додека како таргет за 2025 година е 1,8% Роми вработени во јавниот сектор. Колку изнесува процентот на вработени Роми во јавниот сектор во 2025 година и дали вашето министерство предвидува конкретни мерки за зголемување на овој процент?

2. Во конкретниот НАП, поставена е цел до 2025 година, 2.500 Роми да бидат вклучени во мерката „Гаранција за млади.” Колку изнесува бројот на вклучени Роми во оваа мерка, колку изнесува бројот на вработени Роми после вклученоста во оваа мерка и дали вашето министерство спроведува активности за промоција на мерката „Гаранција за млади” помеѓу младите Роми?

3. Во конкретниот НАП, предвидено е министерството да обезбеди средства и да отвори дисперзирана канцеларија на Агенцијата за вработување во општина Шуто Оризари. Дали имате предвидено отворање на дисперзирана канцеларија во тековната 2025 година?

***

Барам ова пратеничко прашање веднаш да ги доставите до функционерот на кој му се упатени и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.

С к о п ј е 08.VII.2025

ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: Јована Мојсоска

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за социјална политика, демографија и млади

Република Северна Македонија Министерство за социјална политика, демографија и млади - Сектор за координација и техничка помош на министерот –

Архивски број: 14-6248/1 Датум: 10 -09- 2025

До: Собрание на Република Северна Македонија , пратеник г-ѓа Јована Мојсоска

Предмет: Одговор на пратеничко прашање

Во врска со пратеничкото прашање поставено од пратеничката Јована Мојсоска, доставено на 08.07.2025 година, кое гласи:

„Колку изнесува процентот на вработените Роми во јавниот сектор во 2025 година и дали вашето Министерство предвидува конкретни мерки за зголемување на овој процент?“

Министерството за социјална политика, демографија и млади го дава следниот одговор :

Министерството за социјална политика, демографија и млади не е надлежно за водење на Регистарот на вработените во јавниот сектор, ниту располага со единствена официјална евиденција врз основа на која може да се утврди вкупниот број и процентуалната застапеност на припадниците на ромската заедница во целиот јавен сектор. Согласно законската поставеност на системот за управување со човечките ресурси во јавниот сектор, податоците за вработените во институциите на јавниот сектор, вклучително и податоците за припадност на заедница, се обезбедуваат преку Регистарот на вработените во јавниот сектор, кој е во надлежност на Министерството за јавна администрација.

Во однос на вториот дел од прашањето, Министерството за социјална политика, демографија и млади, во рамките на своите надлежности, спроведува политики и активности насочени кон подобрување на социо-економската положба и интеграцијата на Ромите, согласно Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 и националните акциски планови кои произлегуваат од неа.

1 Министерство за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија Ул. „Даме Груев“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија +389 2 106 212 www.mtsp.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за социјална политика, демографија и млади

- Сектор за координација и техничка помош на министерот –

Во областа на вработувањето, активностите се насочени кон зголемување на вработливоста на невработените Роми, нивно активирање на пазарот на трудот, стекнување вештини и квалификации и подобрување на пристапот до активните програми, мерки и услуги за вработување. Податоците за конкретниот опфат на лица од ромската заедница со активните програми и мерки за вработување во текот на 2025 година, како и за резултатите од нивното вклучување во мерките, се водат од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, како институција надлежна за нивното спроведување и евидентирање.

Со почит,

Изработил: Елвис Мемети Одобрил: Мабера Камбери Согласен: Неделчо Крстевски

Министер: Ѓоко Велковски

2

Министерство за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија

Ул. „Даме Груев“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија

+389 2 106 212 www.mtsp.gov.mk

Сите пратенички прашања