
Сали Мурати
ПРИМЕНО: 19.02.2026 Орг.Единица Број Прилог Вредност 08 1310/1 0
До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија
Почитуван Претседател на Собранието,
Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за Пратениците и член 38 и 39 од Деловникот на Собранието, поставувам пратеничко прашање до Министерството за правда.
ПРЕДМЕТ: Нехумани услови во приемното одделение на КПД Идризово
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Народниот правобранител на Република Северна Македонија повторно апелираше за итно затворање на приемното одделение во затворот Идризово поради нехумани и деградирачки услови за престој. Условите вклучуваат мувлосани ѕидови, искршени кревети, импровизирани тушеви, отворена електрична инсталација и екстремна пренатрупаност. Затворениците се изложени на ризик по здравјето и животот. Согласно член 3 од Европската конвенција за човекови права, нехуманиот и деградирачки третман е апсолутно забранет. Уставот на Република Северна Македонија во член 11 гарантира дека никој не смее да биде изложен на нечовечко или понижувачко постапување. Законот за извршување на санкциите предвидува минимални стандарди за сместување.
ПРАШАЊЕ:
Кога конкретно и како Министерството за правда планира да го затвори приемното одделение во затворот Идризово? Каде ќе бидат преместени затворениците кои моментално се сместени таму? Дали постои план за реконструкција или изградба на нов објект што ќе ги исполнува европските стандарди? Кои се предвидените рокови?
Барам детален писмен одговор во законски предвидениот рок.
Со почит,
Скопје, 16.02.2026 година Сали Муратти
Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија