Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Арсова праша за реконструираните училишта и студентските домови

Резиме

Пратеничката Драгана Арсова побара податок колку училишта се реконструирани во изминатите две и пол години и колку средства се вложени, како и информација за напредокот и рокот за завршување на реконструкцијата на студентските домови.

Министерката одговори дека се реконструирани над 30 училишни и спортски објекти и дека се вложени 70 милиони евра во најмалку 90 објекти. Таа рече дека студентскиот дом „Стив Наумов“ е завршен, а „Кузман Јосифовски Питу“ се очекува да биде готов до крајот на ноември. За уште четири домови е во тек евалуација, а повик за реконструкција на други домови е планиран до крајот на годината. Не беше наведен единствен рок за завршување на целиот процес.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Драгана Арсова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Драгана Арсова, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Моето трето пратеничко прашање е до министерката за образование. Почитувана министерке, во изминатите две ипол години покрај реформите во образованието сведоци сме и на значаен инвестициски циклус во образовната инфраструктура. Се реконструираат и доградуваат училишта, се создаваат услови за едно сменска настава, за целодневен престој, а паралелно со тоа после доста долг временски период се работи на целосна реализација на реконструкција на сите студентски домови во државата. Тоа се инвестиции кои директно влијаат врз условите во кои учат и престојуваат младите, а истовремено врз квалитетот на образованието. Па од тука би сакала да имаме конкретна слика за досегашниот резултат. Почитувана министерке, колку училишта се реконструирани во изминатите две ипол години и колку средства се инвестирани во подобрување на условите за учениците. До каде е процесот на реконструкција на студентските домови и кога се очекува овој процес да биде завршен. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Драгана Арсова, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Благодарам. Почитувана пратеничке Арсова, навистина ви благодарам за прашањето, затоа што ова е прилика и вие секако, но и целата македонска јавност, да добие информации за тоа што во однос на инфраструктурата направи оваа Влада во овие две години. Јас повеќе пати сум кажала дека навистина треба образованието во нашата држава да биде приоритет, а за да добиеме подобар квалитет на образованието во целата држава, неопходно е да обезбедиме нормални или соодветни инфраструктурни промени. Значи, еден од основните услови е да имаме квалитетно образование, да имаме добра образовна инфраструктура, односно да имаме пристојни училишта со добро опремени кабинети, пристап до интернет опрема и безбеден интернет. Да имаме пристап на децата со посебни образовни потреби во училиштата и се она што е неопходно за, како што реков, подобар квалитет. Ми дадовте прилика всушност да ви кажам како лесно ќе можете да ги компарирате резултатите на оние кои работеа само за себе, или за партиски интереси и постојано предизвикуваа неприлики, односно го разрушуваа образованието и едни од нашите најсилни критичари кои никогаш и ништо не направиле, ниту за образованието, ниту за државата. додуше немале ни можност тоа да го сторат, затоа што никогаш не биле дел од било која влада. Накратко сега навистина конкретно би ви одговорила на прашањето, а потоа можам и детално да ви кажам што се сме направиле. Во 2024 година, откако го добивме мандатот,

Владата преку Министерството за образование и наука вложи 35 милиони евра во 7 нови училишни објекти. И тоа во Бутел, Чучер Сандево, Куманово, Чашка и Тетово. Над 30 училишни и спортски објекти се реконструираа. Сега се градат 4 нови спортски сали, во Аеродром, Кисела Вода, Струга и Липково. Реконструираме два државни студентски домови и ја откочивме и изградбата на ФИНКИ и ФФК кои неправедно беа стопирани, беа срам за целата држава кога 7 години карабините на овие згради беа изложени на невремето кое беше и временско, но и општествено. Преку двата повика на Владата за капитални инвестиции, на општините им се доделија 35 милиони евра за реализација на 55 проекти кои подразбираат изградба на нови училишта, доградба и реконструкција, изградби на нови сали, училишни базени и се она што им е потребно на училиштата. Бидејќи поддржуваме воведување на едно сменска настава за која јас многу пати сум кажала која е користа, во моментот Министерството и Владата ги прошируваат капацитетите на 14 училишта во Центар, Карпош, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Илинден и Градско, а уште 15 проекти ќе започнеме етапно да ги реализираме во следните неколку месеци. Во Скопје се гради нов кампус, како што на сите вие е познато, за Универзитетот “Мајка Тереза“. Ќе градиме 30 нови спортски сали, а ќе ги реконструираме преостанатите државни студентски домови и 6 училишта со ресорни центри. Штом завршиме со реконструкцијата на студентските домови, ќе ви ги прочитам подоцна, преминуваме на реконструкција на шесте ресорни центри кои се во незадоволителна состојба и кои треба да се средат за да бидат пристојни за работа на децата со посебни образовни потреби. Отпочнавме активности за основање на технолошки парк во Македонија. Тоа сум го кажувала и претходно. Конкретно би кажала за студентските домови, затоа што сум сигурна дека студентите ги интересира тоа. Студентскиот дом “Стив Наумов“ е завршен и тоа почнува на 1 октомври со работа. “Кузман Јосифовски Питу“, студентскиот дом, имаме мало задоцнување, но во текот на овој семестар ќе почне и тој. Давам одреден период за кој не можам да бидам сосема сигурна, но сосема сигурно дека до крајот на ноември ќе биде готов. Во моментов се во евалуација Лотот 2, каде што ќе се реновираат “Никола Карев“, Охрид, “Орде Чопела“, Прилеп, “Томе Стефковски“, Скопје и “Браќа Миладиновци“ во Штип со вкупно вложување од 20 милиони евра. Лот 3 ќе го распишеме до крајот на годината, а ќе бидат реновирани “Пелагонија“, “Кочо Рацин“, “Гоце Делчев“, Кантина, Скопје, “Кочо Рацин“, Битола и “Пелагонија“, Скопје во вкупна вредност од 17 милиони евра. Потоа, следат ресурсните центри “Кочо Рацин“, Битола, “Искра“, Штип, “Свети Климент Охридски“, Ново Село, Струмица, “Свети Наум Охридски“, Скопје, “Димитар Влахов“, Скопје, “Партенија Зоографски“, Скопје, “Лазар Лазаревски“, Велес, Е-ученички дом, кој изминатите седум години беше комплетно заборавен и навистина има супстандардни услови. Со тоа се сложувам со нашите критичари дека и студентските домови и дел од ученичките домови, па и дел од овие ресурсни центри навистина не се соодветни и тоа што не беше направено, еве ние ќе го донаправиме. Кои се тековни проекти, почитувана пратеничке. Нов училиште објект на гимназијата “Сами Фрешери“ во Куманово, 341 милион 471 илјада. Доградба и реконструкција на училиштен објект “Гоце Делчев“, Едно куќе во Босилово, 14 милиони 766 илјади, другите ситни бројки не ги читам. Реконструкција на “Гоце Делчев“, Василево, 26 милиони 145. Реконструкција на училиштен објект “Фан Ноли“, село Требош, Желино, 7 милиони 852. Доградба на кујна и ресторан за исхрана во склоп на училиштето “Димче Габерот“, 3 милиони

410. Реконструкција на “Сергеј Михајлов“ во Штип, милион 413. Доградба и надградба на училиштен објект “Ацо Шопов“, Бутел, 30 милиони 557 илјади. И пак ви кажувам дека другите бројки не ги читам. Тековни проекти кои се во изградба. Проектна документација за реконструкција и адаптација на 4 регионални центри, 25 милиони 350 илјади. Изградба на проектна документација за довршување и изградба на ФИНКИ и ФФК, 12 милиони и 490 илјади. Ова се двете згради кои ќе бидат само на ФИНКИ. Изградба на проектна документација за ФФК, 14 милиони и 480 илјади. Изградба на проектна документација за измена во тек на градба на студентски дом, 2 милиони 893. Планирани проекти од Министерството за образование. Довршување и изградба на факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Потоа, на факултетот за ФФК, реконструкција на регионалниот центар “Коле Неделковски“ Велес, регионалниот центар “Ѓорѓи Наумов“, Битола. Доградба на училиштето “Ѓорѓи Наумов“, Битола. Реконструкција и адаптација на регионален центар “Никола Карев“, Струмица. Реконструкција и адаптација на “Коле Нехтенин“, Штип и така натаму, да не ви го довршувам сите, затоа што се многу. Но, она што е исто важно, еве што друго правиме. Реконструкција на “8 септември“, Скопје. Реконструкција на “Кочо Рацин“, Куманово. Подрачно училиште “Орашец“ кое е навистина во страшна ситуација. Реконструкција на системот за централно греење во “Гоце Делчев“, Виница. Изградба на нов училиштен објект во Сопиште, општина Сопиште. Изградба на посебното основното училиште “Илинден“ и исто така планирани преку Светска Банка, имам уште неколку секунди, “Страшо Пинџур“, Ѓорче Петров, “Димо Хаџи Димов“, 6 училници доградба. “Александар Македонски“, Аеродром завршено. “Киро Глигоров“ во Центар е завршено. “Његош“ во Јурумлери, 4 училници во тек. “Панајот Гиновски“, Бутел, исто при крај. Значи навистина се преголеми инвестициите, 70 милиони евра во најмалку 90 објекти. Ви благодарам за прашањето уште еднаш.

Сите пратенички прашања