О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Фериде Хаџиу, поставено на 86-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 февруари 2026 година Ви благодарам потпретседателке. Ви благодарам пратеничке за прашањето и интересот што го покажувате во врска со жителите на општина Сарај што е оставена на страна со декади. Проектот што го истакнавте со изградба на коритото на Сува река кое поминува низ неколку места во општината на Сарај почнувајќи од Бојане кое што е во територијата на општината Сарај до Глумово кој имаат некаде блиску 13 километри. Сите знаат дека овој проект или процедурата на овој проект е завршена во 2025 година во јануари во 2026 година сме потпишале еден договор што треба да направи по новиот проект и останува работата да се види, процедурата за изградба. И, како што министерството во овие денови ќе ги завршиме сите процедури потребни и ќе ја направиме и проверката за сите процедури што треба да се преземат во врска со овој проект што ги опфаќа овие села. Се предвидува чистење и изградба на коритото на ова место и треба да ги намали можностите за да имаат граѓаните проблеми во иднината. Ќе биде исчистена и сите води ќе течат каде што треба. Во оваа општина нема да биде само овој проект ќе имаме и други реализирани проекти. Ние и пред неколку дена бевме таму и почнавме со реализација на еден проект кој е изграден за водоснабдување и канализација со 87 милиони денари Министерство за животна средина и просторно планирање го поткрепува овој проект. Средствата се обезбедени и за пат во селото Раовиќ, проектите нема да застанат тука бидејќи сакаме да реализираме проекти во територијата на цела наша земја за да создадеме подобри услови за граѓаните во нашата земја. Проектите на кои на граѓаните ќе им ја олеснат и работата. Фокусот ќе биде реализирање на проектите за доброто на граѓаните. Ви благодарам.