Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството најавува измени за проширување на пробациските мерки

Резиме

Пратеникот Сали Мурати го праша Министерството за правда кои законски измени планира за поголема примена на алтернативните казни, дали ќе се прошират условната осуда со заштитен надзор и електронскиот надзор, кога би се усвоиле измените и колку осуденици би опфатиле. Во образложението тој ја поврза пренатрупаноста во затворите со честото изрекување затворски казни за помали дела и се повика на европски препораки.

Министерството одговори дека Управата за извршување на санкциите доставила предлози за проширување на куќниот затвор, електронскиот надзор кај условниот отпуст и општокорисната работа. Новиот Кривичен законик е во финална фаза, а измени на Законот за извршување на санкциите и нов Закон за пробација се во подготовка. Министерството не наведе рок за усвојување ниту проектиран број осуденици. Соопшти дека електронскиот надзор досега бил применет кај едно лице и дека има пристигнато уште една судска одлука за негова примена.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Почитуван Претседател на Собранието,

Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за Пратениците и член 38 и 39 од Деловникот на Собранието, поставувам пратеничко прашање до Министерството за правда.

ПРЕДМЕТ: Алтернативни мерки на казнување и намалување на пренатрупаноста

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Пренатрупаноста во затворите е директна последица на преголемото изрекување казни затвор за помали кривични дела. Европската комисија и Советот на Европа препорачуваат промовирање на алтернативни мерки на казнување: условна осуда со заштитен надзор, електронски надзор и општествено корисна работа. Овие мерки се покажале како ефективни во други европски земји. Согласно Европските затворски правила и препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа, казната затвор треба да биде ultima ratio (последна мерка). Законот за извршување на санкциите предвидува можност за алтернативни мерки, но потребни се законски измени за нивно поефикасно применување и проширување.

ПРАШАЊЕ: Кои конкретни законски измени планира Министерството за правда во соработка со Министерството за внатрешни работи за промовирање на алтернативни мерки на казнување? Дали е предвидено проширување на можностите за условна осуда со заштитен надзор и електронски надзор? Кога се очекува усвојување на овие измени? Колку осуденици се проектира да бидат опфатени со алтернативни мерки?

Барам детален писмен одговор во законски предвидениот рок.

Со почит,

Скопје, 16.02.2026 година

Сали МуратИ

Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за правда

Република Северна Македонија Министерство за правда Кабинет на министер

ДО СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДМЕТ: Достава на одговор по Пратеничко прашање ВРСКА: Ваш број 1318/2 од 20.02.2026 година

Почитувани,

Во врска со пратеничкото прашање на Сали МуратИ, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија поставено до министерот за правда меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија од 19 февруари 2026 година ,а по добиени одговори од Управата за извршување на санкции, Ве известуваме за следното:

Управата за извршување на санкциите низ годините има реализирано бројни активности за воспоставување, унапредување и промоција на пробациската служба во државата.

Моментално функционални се 11 пробациски канцеларии во основни судови со проширена надлежност, во кои работат 25 службеници, и дополнително 4 службеници во Секторот за пробација во Управата за извршување на санкциите.

Бројот на пробациски предмети од година во година расте, во 2018 година кога се отвораат првите канцеларии службата постапувала по 4 пробациски предмети, во 2019 постапувала по 165 пробациски предмети, во 2020 година по 276 пробациски предмети, во 2021 година по 451 пробациски предмети, во 2022 постапувала по 475 пробациски предмети, 2023 година постапувала по 483 пробациски предмети, во 2024 година постапувала по 793 пробациски предмети, во 2025 по 960 пробациски предмети. Моментално службата постапува по 921 активен пробациски предмет.

Секоја година Управата со проектна поддршка организира тркалезни маси со судии и јавни обвинители.Минатата година одржани беа тркалезни маси во сите апелациони подрачја, со судии, јавни обвинители, претставници на институции соработници како и невладиниот сектор. Темата на тркалезните маси беше „Решенија за намалување на пренатрупаноста во затворите, алтернативни мерки, електронски надзор и успешна ресоцијализација„

Министерство за правда на Република Северна Македонија Ул. „Димитрие Чуповски “ бр. 9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3116 493 www.pravda.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за правда

Кабинет на министер

Исто така минатата година директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов одржа состаноци со претседатели на судови и судии кои работат на кривична материја во 10 судови каде Управата има воспоставено пробациски канцеларии. Притоа, одржан беше и состанок со претседателот на Судскиот совет, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, сите претседатели на судови и сите судии кои работат во кривичните совети. Темите на сите одржани состаноци беше поголема примена на пробацијата, подолго траење на условните отпусти во насока на растеретување на казнено-поправните установи. По одржаните состаноци забележан е позитивен тренд на зголемување на бројот на пробациските предмети во пробациските канцеларии каде истиот беше помал.

Во рамките на ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото„ заедно со хрватски експерти од пробациската служба на Хрватска и судија претседателка на судот во Госпиќ се одржаа неколку регионални мисии во Тетово, Куманово, Охрид, Прилеп и Битола, за време на кои истите остварија состаноци со претседатели на судови и судии кои работат на кривична материја. Целта на состаноците беше размена на искуства и експертите да ги охрабрат нашите судии за поголема примена на пробацијата.

Како дел од планираните активности во соработка со ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото„ на 18 и 19 март 2026 година во судовите во Штип и Велес веќе се закажани се состаноци со претседателите на судовите и судиите кои работат кривична материја, додека од 8-12 јуни 2026 година дополнително ќе бидат закажани состаноци во судовите во Струмица, Кавадарци и Гевгелија. На состаноците освен директорот на Управата ќе присуствуваат и хрватски експерти од пробациската служба на Хрватска и судија претседателка на судот во Госпиќ, исто како и на претходните мисии а се во насока на поголема примена на пробацијата.

Полека но сигурно пробацијата го зазема своето место во кривично-правниот систем.

Веќе втора година по ред Управата за извршување на санкциите склучува договор за одржување на системот за електронски надзор. Истиот до сега е применет врз едно осудено лице на кое му беше изречен куќен затвор, и моментално имаме пристигнато втора судска одлука-решение за замена на казна затвор со куќен затвор за возрасно лице со нарушена здравствена состојба каде опремата ќе има своја примена.

2 Министерство за правда на Република Северна Македонија Ул. Димитрие Чуповски “ бр. 9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3116 493 www.pravda.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за правда

Кабинет на министер

Управата за извршување на санкциите има доставени предлози до работната група за подготовка на Кривичниот законик, во делот на проширување на опфатот кај куќниот затвор, дорегулирање во делот кај условниот отпуст со електронски надзор, како и проширување на опфатот за изрекување на општокорисната работа. Новиот Кривичен законик е во финална фаза. Во него ќе бидат инкорпорирани сите решенија и стандарди од релевантните меѓународни инструменти со кој ќе се подигне правната сигурност на граѓаните, а на практичарите ќе им биде олеснета примената на неговите одредби. Се врши дополнителни усогласување со ЕУ директиви кои при подготвувањето на првичната верзија, не беа земени предвид: – Директивата за заштита на животната средина преку кривично право (EcoCrime), – Директивата за семејно насилство и насилство врз жените, – Директивата за поврат на средства и конфискација, – Предлог-директивата за борба против корупцијата. По финалното усогласување, Кривичниот законик ќе биде доставен во владина процедура.

Предлог измени на Законот за извршување на санкциите и нов Предлог на Закон за пробација се во подготовка. Во истите се предвидуваат неколку проширувања на надлежностите, во делот на условниот отпуст, како и во делот на тоа да се даде можност проценка на ризик во текот на судската постапка од пробациската служба да може да бара и јавниот обвинител. Согласно моменталниот Закон за пробација проценка на ризик во тек на судска постапка со предлог за кривична санкција може да бара само судот. Моменталната законска регулатива дава солидни можности за примена на пробацијата, но сметаме дека проблем е што од страна на судовите не се применува на ист начин и не се користи на ист начин во сите региони во државата. Исто така сметаме дека судовите треба да заземат став да определуваат подолги условни отпусти како би се растеретиле затворите, особено имајќи предвид дека еден ден под пробација државата ја чини од 2-3 евра, а 1 ден во затвор ја чини околу 35 евра. Управата за извршување на санкциите ќе продолжи и во иднина да ја унапредува пробациската служба, да ја зајакнува истата и да ја промовира се со цел поголема нејзина примена.

Со почит

МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА Игор Филков

Изготвил: Катерина Гичев – посебен советник на министер

Министерство за правда на Република Северна Македонија Ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3116 495 www.pravda.gov.mk

Сите пратенички прашања