Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството најавува анализа за здравствени услуги во Врапчиште

Резиме

Пратеникот Сали Мурати праша кои активности се преземени во изминатите шест месеци за иницијативата за јавна здравствена установа во Врапчиште, дали се изработени најавените анализи и кога жителите може да очекуваат одлука и временска рамка. Тој наведе дека општината има над 25 илјади жители и дека, според неговите зборови, со децении има недостиг од здравствени услуги.

Министерот за здравство одговори дека Врапчиште е во фокус и дека Министерството, заедно со Светската здравствена организација, анализира каде и какви услуги и инфраструктура се потребни во примарното здравство. Рече дека се очекува документ со анализа и дека потоа ќе се утврдат приоритетите. Не наведе конкретен датум или рок за отворање установа.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Мурати, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: И третото прашање ми е до почитуваниот министер за здравство. Примарното здравство, здравствена заштита претставува темел на здравствениот систем и основни права на секој граѓанин загарантирано согласно со нашиот устав. Исто така во општина Врапчиште во својата популација како што кажав и во претходното прашање од над 25 илјади жители распоредени повеќе од 15 населени места и рурални и планински села имаме кои, министер добро го познавате гостиварскиот терен, веќе со децении се соочува со недостаток на здравствени услуги. Во октомври исто така, во октомври 2024 година исто така поднесов едно детално барање со аргументи согласно Законот и со Уставот до Министерството за здравство за отворање на јавна здравствена установа во Врапчиште, само за потсетување во бивша Југославија сме имале ние јавна здравствена установа, по непостапувањето во законскиот рок од 20 дена, чекав, имав ургенции до Министерството за здравство, бев во контакт и со заменикот на министерот, на 22-ри април 2025 година бев принуден да поднесам писмено пратеничко прашање. На 5-ти мај експресно, што е за поздравување 2025-та година го добив одговорот од Министерството за здравство потпишан лично од претходниот министер. Во одговорот јасно стои дека министерството ја разгледува иницијативата за основање здравствена установа во Врапчиште, само за потсетување во одговорот експлицитно се наведува дека Министерството за здравство ќе ги земе предвид сите клучни аргументи наведени во иницијативата, ќе се анализираат демографските и географските фактори во општина Врапчиште, ќе се направи анализа за потребите од клучно значење за да се процени реалната потреба и можност за обезбедување на здравствени услуги на граѓаните и министерството ги разгледува сите потенцијални придобивки од основањето на установата. Само за потсетување дека и до Светската организација, здравствена светска организација поднесов исто барање и таму имам добри одговори, па го чекам конечниот став на министерството. Во одговорот исто така се потврдува дека согласно со процедурите за основање на нови јавни здравствени установи се спроведуваат прелеменарни анализи и финансиски импликации. Моето конкретно прашање е до министерот, имајќи го во предвид дека во вашиот одговор од 5-ти мај 2025-та година јасно се наведени конкретни чекори при што министерството планира да ги презема во врска со иницијативата за отворање на јавна здравствена установа во Врапчиште. Кои конкретни активности се преземени во изминативе 6 месеци, дали се изготвени најавените анализи како што стои во вашиот допис во претходниот одговор, за да ги вратите географските фактори дали е завршена финансиска анализа и за импликациите за отворање на установата и најважно е кога граѓаните од општина Врапчиште можат да очекуваат конкретни одлуки и временска рамка за реализација на оваа витална иницијатива за здравјето на над 25 илјади граѓани. Ве молам за прецизен и детален одговор во конкретен датум и активности. Благодарам за вашето внимание.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 ноември 2025 година Ви благодарам многу за поставеното прашање. Господине пратеник како што знаете Министерството за здравство веќе има агенда која што е, има план за реализација, акционен план каде што примарното здравство е во фокус на нашето министерство. Затоа инвестираме и во инфраструктура и во човековите ресурси во здравството каде што здравството да биде што поблиску до граѓаните и со ова подразбираме дека здравството да има разни форми на давање на услуги, да не биде тоа само да на традиционален начин да одиш на доктор и да земеш услуга. Има и други форми, модерни форми и преку телездравство и на овој начин работиме на две активности кои што ги имаме моментално. Првото е заедно со Светската здравствена организација каде што правиме анализа и матирање на институции во примарното здравство и да видиме во кој простор, каква услуга треба да дадеме и каква инфраструктура треба да се создаде. Како што знаеме со неколку општини веќе почнавме да инвестираме во примарното здравство и да имаме капацитети човекови каде што ќе треба да се даде простор за концесија за примарното здравство и во оваа фаза сме, во фаза на анализирање на неколку градови каде што градоначалниците биле заинтересирани да дадеме инвестиции во овој дел. Исто така во Врапчиште го имаме во фокус бидејќи, реално таму нема здравствен капацитет каде што граѓаните би добиле здравствени услуги, но верувам дека заедно со Светската здравствена организација ќе излеземе со анализа и после ќе дадеме приоритет. Се разбира дека има и недостига таква инфраструктура. Верувам дека наскоро ќе имаме и документ кои што, ќе излеземе со таков документ пред граѓаните и ќе ги презентираме потребите за давање на здравствени услуги во нашата држава, исто така ве уверувам дека во здравството ќе се инвестираат според барањата и потребите, а не според посакувањата како што е направено досега.

Сите пратенички прашања