
Фериде Хаџиу
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фериде Хаџиу, поставено на 86-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер, јасно ни е дека здравството и уловите за живот на граѓаните треба да се апсолутен приоритет на секоја јавна институција. Од оваа причина значи денес го поставувам прашањето на функционирањето, ефикасноста на поликлиниката во Сарај која има главна улога во нудење на здравствени услуги за граѓаните во оваа зона. И, по 3 години од почетокот на функционирањето оваа поликлиника се уште не оперира значи нема полн капацитет. Многу услуги не се оперативни, некои функционираат само во прва смена додека други се нудат само редуцирано поради тоа што нема медицински персонал и помошни средства. И, поради ова граѓаните немаат полн пристап во основните услови опфаќајќи ги примерните и превентивните услуги, за децата стоматологија, лабораториска, радиологија, интерна медицина, дерматологија, физиотерапија, неврологија како и психијатриски услуги. Нормално, значи поради оваа ситуација тие се обврзани да одат во други здравствени институции соочувајќи се со каснење, трошоци, дополнителни трошоци значи и несигурност во третирањето. Затоа ви се обраќам со ова прашање. Моето прво прашање е, како што истакнав и претходно поликлиниката во Сарај не функционира со полн капацитет поради отсуството на доктори специјалисти, медицинските сестри и средства. Какви конкретни мерки презема Министерството за здравство за да ги исполни овие и да обезбеди да граѓаните имаат постојан пристап и целосен пристап во сите здравствени услуги кои им се потребно опфаќајќи ги и горе наведените примарни лабораториски, невролошки, радиолошки услуги и во кој конкретен рок ќе се реализираат овие мерки.