Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството ја образложи поништената набавка за одбележувањето на 21 декември

Резиме

Пратеникот Сали Мурати побара од Министерството за односи меѓу заедниците да разјасни дали биле доделени 2.008.000 денари за одбележување на Денот на наставата на турски јазик, зошто била поништена јавната набавка и како биле покриени трошоците за прославата. Тој побара и документи за комуникацијата со невладините организации и хронологија на постапката.

Министерството одговори дека набавката била поништена врз основа на предлог на комисијата од 19 декември 2025 година. По повторен преглед, утврдило дека единствениот економски оператор не исполнувал задолжителен услов од тендерската документација, па понудата не била прифатлива. Доставениот одговор не се осврнува на прашањата за исплатата на средствата, трошоците за прославата или бараната преписка.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ до Министерството за односи меѓу заедниците

Почитуван Претседател на Собранието,

Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за Пратениците и членови 38 и 39 од Деловникот на Собранието, го поставувам следново пратеничко прашање до Министерството за односи меѓу заедниците на Република Северна Македонија.

КОНТЕКСТ И ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

На 21 ноември 2025 година поставив пратеничко прашање до Министерството за односи меѓу заедниците за финансиските средства наменети за одбележување на национални и државни празници на заедниците. Во одговорот на министерството, доставен на 10 декември 2025 (Бр. 03-1836/1), изречно е наведено дека за одбележување на 21 декември - Денот на настава на турски јазик - се предвидени 2.008.000 денари, а дека постапката за набавка е објавена на 02.12.2025.

Сепак, на самиот ден на прославата - 21 декември 2025 година - турските невладини организации кои аплицираа за овие средства добиле известување дека постапката за јавна набавка 22083/2025 (со предмет: набавка одбележување на ден на настава на турски јазик - 21 декември) е ПОНИШТЕНА од страна на Комисијата за јавни набавки на Министерството.

И покрај ова, манифестацијата е одржана, но средствата не биле исплатени. Ова покренува сериозни прашања за транспарентноста, законитоста и отчетноста во трошењето на јавните средства.

КОНКРЕТНИ ПРАШАЊА:

1. Дали биле доделени 2.008.000 денари предвидени за одбележување на Денот на настава на турски јазик (21 декември 2025), согласно ветувањето дадено во министерскиот одговор? Доколку не биле доделени - кои се конкретните причини?

2. Зошто постапката за јавна набавка бр. 22083/2025 беше поништена токму на денот на прославата (21 декември 2025), а не пред или по настанот? Кој донел одлука за поништување и кои се образложените причини за поништување?

3. Кои се целокупните преписки (дописи, е-мелови, записници) помеѓу Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и турските невладини организации во врска со организацијата и финансирањето на прославата на 21 декември 2025 година? Барам доставување на сите споменати преписки. 4. Дали Министерството има сознанија дека манифестацијата (прослава на Денот на наставата на турски јазик) е сепак одржана, и покрај поништувањето на набавката? Доколку да - дали Министерството ја финансирало, ко-финансирало или на кој начин биле покриени трошоците за одржување на настанот? 5. Дали турските невладини организации кои аплицирале и организирале дел од активностите за оваа прослава биле компензирани за направените трошоци? Доколку не - дали Министерството ќе ги исплати истите и во кој рок? 6. Барам целосна хронологија и динамика на настаните: кога е донесена одлука за распишување на набавката, кога е објавена, кои субјекти аплицирале, кога и зошто е донесена одлука за поништување, кој ја донел, и кои понатамошни постапки се планираат за исплата на предвидените средства?

Барам конкретен, детален и документиран одговор на секое од горенаведените прашања, придружен со соодветна документација, во рок предвиден со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија.

Ваквото постапување на Министерството - давање ветувања преку официјален министерски одговор за издвоени средства, а потоа поништување на набавката на самиот ден на прославата - претставува сериозно нарушување на довербата на граѓаните и етничките заедници, и бара целосна отчетност пред Собранието.

Со почит,

Скопје, 23.02.2025

Сали Мурати Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за односи меѓу заедниците

Република Северна Македонија Министерство за односи меѓу заедниците

Бр. / Nr. 03-327/3 03.03.2026 г./viti

До

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

Предмет: Одговор на пратеничко прашање

Врска: Ваш допис бр. 03-327/1 од 26.2.2026 година

Имајќи го предвид вашиот допис под наведениот број и датум со кој до Министерството за односи меѓу заедниците го доставивте пратеничкото прашање, поставено писмено од пратеникот во Собранието на РС Македонија Сали Мурат, меѓу двете седници на Собранието на РС Македонија, на 24 февруари 2026 година до министерот за односи меѓу заедниците ви доставуваме одговор на прашањето.

Со почит,

Министер за односи меѓу заедници

Иван Стоилковиќ

Изработил: Одобрил

Министерство за односи меѓу заедниците ул. Филип Втори Македонски бр. 11, 1000 Скопје Република Северна Македонија +389 02 3114 397 +389 02 3221 008 www.moz.gov.mk

ОДГОВОР на пратеничкото прашање поставено од пратеникот Сали Мурати, меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија, на 24 февруари 2026 година:

Во врска со поставените прашања за спроведувањето и поништувањето на постапката за јавна набавка по Оглас бр. 22083/2025, за одбележување на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември 2025 година, Ве информираме за следното:

Министерството за односи меѓу заедниците, врз основа на член 114 став 1 алинеја 5 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 87/21 и 14/25), а по Предлог за поништување бр. 05-1763/7 од 19.12.2025 година, донесе Одлука за поништување на постапката за јавна набавка објавена по Оглас бр. 22083/2025. Одлуката се однесува на постапката за јавна набавка на услуги – Одбележување на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, спроведена преку ЕСЈН.

Предлогот за поништување беше доставен од Комисијата за јавни набавки при Министерството, по извршен преглед на понудата по завршување на процесот на евалуација. При повторниот увид беше утврдено дека единствениот економски оператор не го исполнува задолжителниот услов предвиден во Тендерската документација.

Со оглед дека исполнувањето на наведениот услов претставува задолжителен критериум понудата да се смета за комплетна, прифатлива и одговорна, констатирано е дека понудата не ги исполнува условите утврдени во Тендерската документација.

Согласно наведеното, а со цел обезбедување законитост и транспарентност во постапувањето, Министерството ја поништи постапката согласно член 114 став 1 алинеја 5 од Законот за јавните набавки, а по Предлог за поништување бр. 05-1763/7 од 19.12.2025 година.

2 Министерство за односи меѓу заедниците ул. Филип Втори Македонски бр. 11, 1000 Скопје Република Северна Македонија +389 02 3114 397 +389 02 3221 008 www.mzog.gov.mk

Сите пратенички прашања