Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерството ги најави приоритетите за рурален и планински туризам

Резиме

Пратеничката Лидија Петкоска праша кои реформски приоритети Министерството ги предвидува за руралниот и планинскиот туризам во подготовката на националната стратегија за туризам. Во одговорот, министерот наведе дека стратегијата се подготвува за периодот 2027–2032 година и дека конкретните приоритети ќе бидат утврдени и во акциски план.

Меѓу најавените насоки се подобрување на туристичката инфраструктура во руралните и планинските подрачја, поддршка и обука на локалните заедници и малите семејни бизниси, поврзување на природното и културното наследство со туристички активности, одржливо управување со природните ресурси и подобра координација меѓу институциите и другите засегнати страни. Министерот рече дека целта е туризмот да придонесува за локалниот економски развој и намалување на регионалните разлики.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Лидија Петкоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Лидија Петкоска, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувани, сметам дека посебно внимание заслужува уште една тема. Во Европа расте побарувачката за автентични искуства, активен одмор, еко туризам, гастрономски туризам, планинарење, велосипедизам и престој во рурални средини. Ова е можност која Македонија не смее да ја пропушти. Нашите планински региони, традиционални села, национални паркови, вински патишта и локални производители можат да создадат нов економски импулс за многу општини особено во Источниот, Северно - Источниот и Југозападниот регион. Туризмот не треба да биде концентриран само во неколку центри. Тој треба да биде двигател на рамномерен регионален развој. Токму од тука, моето трето пратеничкото прашање исто така, до почитуваниот министер Љутков гласи. Во подготовката на националната стратегија за развој на туризмот 2027 година - 2031 година, се вклучени академската заедница, приватниот сектор, Светска банка и меѓународни партнери. Може ли да ни наведете кои се клучните реформски приоритети што министерството ги поставува во делот на руралниот и планинскиот туризам. Убедена сум дека одговорите на овие прашања ќе дадат дополнителна слика за идната насока на развојот на туризмот и ќе покажат како преку заедничка работа на институциите можеме да создадеме поконкурентна, попривлечна и економски посилна Македонија. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Лидија Петкоска, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 јуни 2026 година Како што спомнав и во одговорот на првото прашање за националната стратегија за развој на културата 2027 година - 2032 година, ние сме во процес на подготовка на стратегијата за развој на туризмот 2027 година - 2032 година, и тоа со акциски план 2029 година, во партнерство со сите релевантни чинители. Значи, за прв пат се прави една ваква стратегија која што не е нарачана од надвор туку буквално произлегува од институциите кои што се делот на културата и на туризмот. Значи, вклучен е приватниот сектор локалните самоуправи, меѓу народните партнери, вклучително и Светската банка и швајцарските развојни агенции. Значи, во оваа стратегија до 2032 година, е многу важен стратешки документ за усогласување на развојните цели на националната развојна стратегија. Просторниот план на Македонија како и со визиите за разбој на туризмот во Европската Унија. Со оваа стратегија планираме Македонија да го дефинира патот на одржлив, инклузивен и конкурентен развој на туристичкиот сектор во следна 5, 6 годишна рамка. Стратегијата се изработува врз основа на добар методолошки план кој што се однесува на 8 пакети. Поопсежна анализа на состојбите преку собирање на примарни и секундарни податоци, широки консултации со сите засегнати страни како и определување на визија, цели и акциски план и сето тоа се гледа и преку теренските истражувања. Значи, ова нема да биде стратегија која што ќе се работи од канцеларија буквално ќе се подели на осумте плански региони, на осумте плански региони ќе имаме испратено тимови кои што ќе ги мапираат сите потенцијали во туризмот при прибирањето на после секоја четврта посета на плански регион се планира да се прават и големи јавни расправи и конференции во делот на туризмот. Клучни елементи на новата стратегија за туризам ќе бидат туристичката побарувачка, одржливоста и со ова ќе го надминеме рамковниот пристап на претходната стратегија. Ќе вградиме нови мерливи индикатори усогласени со препораките на Светската туристичка организација и Европската Унија со конечна цел, туризмот да стане значаен двигател на економскиот раст, вработувањето и развојот во сите, буквално сите осум плански региони во земјава. Е, сега од се ова до сега најмалку бил опфатен руралниот и планинскиот туризам, но сепак ние го гледаме како еден од најперспективните сегменти за развој и допрва преку оваа стратегија ќе се дефинираат клучните реформски приоритети. Сепак сакам во оваа прилика да напоменам дека овие видови не се доволно вклучени во националните туристички производи. Но, како основа за побрз развој министерството планира активности посебно во руралниот во планинскиот туризам. Прво да се унапреди туристичката инфраструктура во руралните и планинските подрачја. Вклучително пристапни патишта, сигнализација, туристички патеки, поставување на видиковци, центри за посетители и дигитална поврзаност со локалитетите и една голема предност е што Македонија богата со археолошки наоѓалишта, археолошки локалитети, споменици од културата и тоа ја прави многу повидлива на мапата. Второ, поддршката на локалните заедници и малите семејни бизниси преку подобрување на квалитетот на услугите. Ние направивме досега, можеби скромни беа, два саеми за рурален туризам, каде што се виде дека Македонија има огромен потенцијал и огромен капацитет во делот на малите семејни бизниси. Потоа ќе продолжиме со обуки за развој на автентични туристички производи, засновани на локалната култура, гастрономија, традиција и занаети. И трето, всушност трето, создавање интегрирани туристички дестинации кои ќе ги поврзат природното и културното наследство со активностите како планинарење, велосипедизам, еко туризам, агротуризам и адреналински туризам. Ова кога зборувам за културниот туризам, од тие причини и според сите статистики кои што ги направиле, дека најголемиот број од туристите кои што доаѓаат во Македонија, зборувам и за странските туристи, но и македонските туристи, статистиката вели дека културниот туризам е еден од најпримамливите, а потоа планинарскиот, руралниот туризам, гастрономијата, винскиот и така натаму. Четврто се планира воспоставување на повисоки стандарди за одржливо управување со природните ресурси и се разбира заштита на животната средина, со цел развојот на туризмот да биде во согласност со принципите на зелената транзиција и климатската отпорност, како што налагаат и документите на Европската Унија за развој на туризмот. И на крај, што е многу важно, подобрувањето на системот за управување со дестинациите преку, ова е можеби еден од најтешките сегменти, а тоа е координацијата. Значи поголемата координација помеѓу централната власт, регионите, општините, националните паркови, туристичкиот сектор и граѓанските организации. Можеби овака изгледаат како поедноставни, но таа координација можеби е најважна во овој процес, бидејќи сите имаат целни капацитети, но од друга страна ретко кога можеле да се обединат и да се организираат околу една заедничка стратегија. Значи, да заклучам, нашата визија е руралните и планинските подрачја да станат двигатели на локалниот економски развој, преку отворање нови работни места, намалување на регионалните разлики во развојот и сето тоа ќе придонесе не само за раст на туристичкиот сектор, туку и за подобар квалитет на живот на локалното население, одржливото искористување на природните и културните ресурси во државата. Јас сум убеден дека преку партнерски пристап со сите овие засегнати страни и стратешко планирање, преку оваа стратегија, ќе можеме да создадеме поконкурентен, поотпорен и одржлив, конечно, туристички сектор кој ќе биде значаен двигател на економскиот развој на Македонија. Лично јас, но и како Министерство, сметам дека руралниот и планинскиот туризам не претставуваат дополнителна, туку важна компонента во идниот туристички идентитет на Македонија.

Реформските приоритети ќе бидат спремени преку Акцискиот план на Стратегијата, со конкретни рокови, договорени институции и буџетски рамки. И она што е важно, можеби оди малку поспоро и зошто толку подолго се прават овие две национални стратегии, и за култура, и за туризам, бидејќи досега во минатото се покажало дека посебно во културата Националната стратегија немала ниту 5%, 6 % реализација досега. Бидејќи се пишувани многу брзо, колку да се донесат, но понатаму биле неспроведливи. Затоа, одлучивме на еден ваков, можеби побавен пристап, но сеопфатен, посебно во делот на туризмот, бидејќи тоа го бара реалниот сектор и конечно да донесеме стратегија која што нема да ни остане на полиците или во кабинетите, туку ќе биде минимум 95% спроведена на дело. Благодарам.

Сите пратенички прашања