О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 јануари 2025 година Пратеничке не сме овде да си ги браниме лидерите. Но бидејќи не сте од високо образование ќе ви дадам една информација. Вработување на факултет прави Наставнички совет кај, кој ќе биде асистент одредува Наставнички совет и се надевам дека тоа од сега натаму нема да биде тема на никаков понатамошен дијалог и сеедно не битно. Во благодарам за сугестијата. Да се вратиме на темата. Имавме и етика и логика. Прво етика и логика се составен дел на филозофија. Во филозофијата може да си предаваат тоа што ќе си одберат, ги повикувам да учествуваат во формирањето на наставните планови и програми. Во наставните програми всушност планот ние го правиме заедно со Бирото. Што се однесува до воспитувањето, доцна е да ги воспитуваме во средно, треба да ги воспитуваме од градинка до средно. Во средно веќе се посветуваат на науки. Тоа пак не го вели Весна Јаневска како министер, односно јас, тоа го вели светската литература и сега овие тепачкиве и не знам агресиите, не знам, не можам да тврдам, не сум подготвена статистички, ама се некако се случуваат после одреден период на владеење на СДСМ. Е ова тепачкиве кога се по бројни се резултат на вашето седум годишно владеење и работење во образованиот систем, а инцидентите имало и ќе има секогаш, па ќе има сега, ќе има и во иднина оти тоа е составен дел на животот и во најразвиените и во најсиромашните земји. Да, сме вовеле. Знаете ли колку многу програми за 6 месеци воведовме со разни невладини, со странските партнери и антибулинг и здравје и психолошко здравје и социоемоционално, се тоа ќе се спроведува. Но едно сакам да ви кажам пак ќе се навратам. Значи филозофијата не е изборен предмет во програмата, филозофијата е обврзен изборен предмет, значи обврзен. Тие ќе бираат и може да изберат како обврзен предмет. Но добро слушнав и разбрав, значи ќе се дискутира и понатаму. Што се однесува до критичкото мислење, етиката и логиката и тие се учат прво дома, па во градинка, па во основно. Во средно оние веќе треба да имаат одреден квантум да знаат како критички да размислуваат, во гимназиското ќе продолжат со продлабочено учење на сите тие елементи. Зар при анализа на едно дело одберете кое сакате кој го работат децата не се учи критичко мислење, зарем не. Значи при анализа на лектира не сте учеле критичко мислење. Во Граѓанско образование не се ли учи критичко мислење. Во математика нема ли критичко мислење. Во хемија нема ли критичко мислење. Ама сето тоа го има и до сега, ама нашите деца не знаат критички да мислат. Не велам дека ние ќе им ускратиме начинот на кој што треба да предаваат наставниците, методите кои треба да ги користат, ќе ви одговорам, методите кои треба да користат треба да бидат многу различни. Учениците треба да работат интерактивно. Треба да се реорганизира училницата. Јас вам ви одговорам, вие го поставивте прашањето. Добро, го знам прашањето, ќе одговорам на прашањето. Значи треба да се реорганизира целата училница за да почнат децата поинаку да работат. Не може да седат еден до друг зад грб за да можат да научат нешто. Треба интеракција меѓусебна, треба интеракција со наставниците, треба да им обезбедиме електронски средства. Треба да им обезбедиме не само смарт табла, за да настане промена но и на наставникот треба да научи како да го спроведе тоа. Оваа концепција тоа го бара. Децата да бидат во центарот, а наставниците да се вистински нивни учители. Јас сум убедена дека нашите наставници имаат голем капацитет и дека тоа за нив нема да биде проблем. Убедена сум, само ние како држава, вклучувајќи го и Парламентот треба тоа да им го овозможиме. Дали ќе има обуки во моментот се предвидени 2 милиони евра за обуки. Ако треба ќе предвидиме уште 2 милиони евра, ако треба ќе предвидиме уште 2 милиони евра. Ама претходно морам да го санирам Средното музичко училиште во Битола каде што се рушат ѕидовите, каде што се пропаѓа во тоалетите, каде што со канта за боја креваат на втори спрат за таму на печка на дрва да можат да ги загреат студентите кои треба да ги користат прстите за да свират виолина. Ама немаме ние време за едно по друго тоа да го правиме. Ние мора паралелно сето ова да го правиме. Затоа сум отвориле 100 фронта. Знам дека се што ќе отворам ќе наиде на нож на критика, па и на политички некакви еве со право бојкоти итн. Но пак апелирам до вас, немаме време да се влечкаме и во следните 7,10,15 години. Во основно треба да им изградиме на децата воспитание, интегритет, припадност на оваа држава, да научат основна математика, да научат основна математика, да научат логично мислење, да решавање на проблеми, да сфатат што е демократија. Во средно гимназиско тоа ќе го продлабочуваме затоа што тие треба да бидат оние што ќе одат на факултетите, тие треба да ја водат државата, тие треба да даваат идеи за општествениот поредок, за филозофијата на политиката на следните партии. Тие треба да бидат водачите кои ќе следат во раководните функции во партиите. Тие треба да ги водат универзитетите. Тие треба да бидат иноватори, тие треба да работат во технолошки паркови, тие се единствениот излез на оваа речиси распадната земја оставена после 7-те ваши години на владеење. Жал ми е што го потенцирам тоа, но факт е дека страшни промени кои ја уништија етичноста и логиката и барањето на жителите на ова земја да живеат мирно, променивте, направивте Преспански договор не е општо прифатен, го почитуваме во ред. Направивте француски предлог, замислите тоа не влијае на луѓето. Донесовте други промени, направивте играа луѓето фудбал во канцеларија, наместо да работат. Да, криминали на секој ден, Панче не може да постигне од што има работа. Јас не можам да се бавам со политика образовна од бројни судски предмети кои стојат на масата. Не можам да се бавам со образовна политика оти исплаќам од 2021, 2022, 2025 на нашите професори од факултетите на тие што објавиле во Инфакт Фактор итн. Конечно да ви го дадам одговорот на она што го баравте. Ние имаме институции во оваа држава, не правам јас концепција, се знае кој прави концепција. За тоа постои Биро за развој на образованието. Бирото за развој на образованието сведено на ништо без луѓе, со многу стручни и вредни луѓе, јас сум им бескрајно благодарна за соработката, само велам што треба да направиме. Нема човечки кадар немаат услови, а се многу вредни и многу соработливи и многу почитуваат се што работат и за што работат. Го тврдам тоа најодговорно и за тоа имам докази. Јас се обраќам на институција, оти институционално и треба да функционираме. МОН по Закон си бара од Бирото да му направи концепција. Знаете ли што направи Бирото во овие 6 месеци. Сработи толку колку што не сработело, оти не сте му побарало во последните 6 години. Оттука јас сум се обратила до институцијата и институцијата ми дава предлог. Јас предлогот го ставам на јавна расправа. Да ќе имаме во Собрание јавна расправа, кога сакате. Да ќе имаме, кажете кога сакате ќе ја имаме и ќе го бранам она за што стојам. И пак ви велам корекции ќе има, ќе има корекции оти има и разумни барања.