Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерката најави проверка на конкретни забелешки за оценувањето на наставниците

Резиме

Пратеничката Даниела Николова ја праша министерката за образование и наука дали ќе реагира на, според неа, неправилности во постапката за избор на наставници-ментори и советници. Таа посочи на измените на правилникот, оценувањето во други училишта, признавањето сертификати и натпревари, како и на нееднаков пристап до резултатите, и побара целосна ревизија на бодирањето.

Министерката рече дека измената на правилникот била направена за да се исправи пропуст, а оценувањето во друго училиште го образложи со недостиг од кадар и возила во Бирото. Таа наведе дека обуките на Бреинстер треба да бидат акредитирани за да се сметаат при евалуацијата и дека Кенгур не е меѓународен натпревар. Министерката изјави дека ќе направи ревизија ако се достават конкретни случаи во писмена форма и дека ќе одговори за нив.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Николова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Денес ќе зборувам со документи со броеви на Службени весници и со конкретни докази по однос на прашањето за образованието. Низ кои што ќе видиме како Министерство за образование и наука ги наградува најдобрите наставници. Според она што го имаме како информација, но и како факти. Процесот за стекнување звање наставник, ментор и наставник советник во основното и средното образование е административен лавиринт дизајниран за партиски награди или елиминација, како сакате. И системско понижување на Македонскиот наставник. Министерке, постои едно златно правило кое што правилата не се менуваат кога натпреварот е веќе почнат. Но, најверојатно за вас и за министерството за образование ова не важи. Ајде, еве да ја видиме хронологијата. На 30 јуни 2025 година вие го донесовте првиот правилник за начинот на следење и вреднување на работата на наставниците. На основа на тој правилник објавивте јавниот повик во летото 2025 година. Наставниците верувајќи во државата, односно во министерството за образование и во процедурите пропишани во Законот почнаа да ги подготвуваат своите досиеја, да плаќаат за сертификати и да ги подготвуваат своите трудови како докази. Но, тогаш почнува инженерингот на МОН на 26 декември 2025 година вие носите измена на правилникот. Со еден потпис рокот за работата на Комисиите го дуплиравте од 30 на 60 работни дена. Зошто? Дали вашите комисии се толку не стручни што не може да ги прегледа документите или ви треба дополнителни два месеци, а најверојатно и повеќе за партиско креирање на ранг листите. За информација од 11 декември вашите комисии веќе беа на терени ги оценуваа кандидатите. Ве прашувам, како може да се оценуваат наставниците од 11 декември, а на 26 декември да го менувате правилникот по кој што работат комисиите. Со истата таа измена воведовте нечуен преседан овозможувате наставникот да може да биде оценуван и во друго училиште, а не во она кое што работи. Ве прашувам каков е овој образовен туризам. Зошто некој наставници беа оценети во своите училишта со своите ученици, со своите ресурси во своите училници. А други кои што имаа помалку среќа беа праќани во други градови пред други ученици кои што за прв пат ги среќаваат и во училници во кои што за прв пат влегуваат. Ако го погледнеме правилникот од 23 јули 2025 година објавен во Службен весник број 148 во член 3, вие предвидувате во Комисијата да има претставник и на ЗЕЛС. Сега ме интересира што разбира еден општински административец за методиката на настава. Како може чиновник од локалната самоуправа да оценува меѓународни научни трудови презентирани на конференции во странство. Каде беше јавниот повик за овие комисии и пропишаните критериуми за истите. Или тие само се користат за да може да ги уфилтрираат сослушните кадри користејќи ја моќта дека може да бодуваат и со тоа да влијаат на ранг листата. Министерке, истиот правилник предвидува во секоја комисија да има претставник од репрезентативниот синдикат. Ве прашувам, знаете ли дека ви се откажуваат овие претставници откога ќе согледаат во какви услови, со какви притисоци и барања треба да работат и оценуваат. Зарем тоа не е аларм дека нешто не е во ред. Очекувам дека Синдикатот ќе се одважи, ќе одолее на притисокот и ќе реагира во интерес на правата на наставниците. Министерке, ќе ви кажам уште неколку примери за некои апсурди. За наставниците од средните училишта кои што беа избрани на конкурс на Министерството за образование, за обука која што беше реализиран во соработка со Бреинстер академијата. За оваа обука тие се пријавуваа во август 2025 година, беа избрани само 200 наставници по пат на тестирање. Министерството за образование, односно државата, на тој начин ги селектираше, државата гарантираше на тој начин за нивниот квалитет. И сега, кога аплицираат за наставници ментори, вашата Комисија вели, овој сертификат не го признаваме. Како е можно со една рака да потпишувате за вакви одлуки, а со друга да им ги фрлате сертификатите на наставниците во корпа. Дали свесно се замајуваат наставниците да трошат време на проекти кои што вашите комисии ќе ги обезвреднат. Понатаму, во Правилникот, во Прилог 1, точка 64, децидно пишува дека меѓународен медал носи поени. Како тогаш е можно, меѓународниот натпревар, Математика без граници, за кој лично вие доделувате награда и на учениците, и на менторите, вашите комисии да ги оценуваат со 0 поени. Како може натпреварот Кенгур за едни комисии да вреди, да биде бодуван, а за други да е 0. Дали секоја комисија има свои правила кои што се посилни од Законот и правилниците кои вие ги потпишавте. Понатаму, зошто ги оценувате со 0 сертификатите на светските гиганти, како Мајкрософт. Наставниците приватно со сопствени средства се доедуцираат на овие платформи за да бидат во чекор со новите трендови во образование, а вашите комисии кои веројатно не знаат некои членови од нив ниту да ги отворат тие платформи, им ги поништуваат овие докази. Знаете ли дека со 0 поени, некои од вашите комисии ги бодираат и конференциите, и домашните, и меѓународните за кои наставниците плаќаат од сопствен џеб за да слушнат нешто ново и да ги претстават пред своите колеги трудовите кои што ги напишале. На врвот на нетранспарентноста дојдовме во овој краен период. На официјалниот сајт, кариерно напредување на наставниците, каде што наставниците ги прикачуваат доказите, а центрите за развој на средното стручно образование, своите оценки, дел од наставниците добија пристап и можеа да ги видат своите резултати, односно бодовите, дел од нив не можеа. Но, наеднаш на 12 март бодовите беа скриени. Министерке, зошто ги сокривте бодовите на 12 март, ако се уште трае оценувањето. Дали затоа што некои наставници видоа дека се оштетени и почнаа да реагираат. Како може во иста постапка, едни наставници да си ги знаат поените, а други не. Ова е директна дискриминација. Вие свесно создавате нееднаквост помеѓу кандидатите од исти училишта, или кандидати од различни училишта. Што се плашите дека ќе видат на сајтот. Затоа ви го поставувам прашање. дали ќе реагирате на целиот овој процес во кој што правилата се менуваат и не важат исто за сите комисии. Дали во текот на самата евалуација ќе видите какви пропусти се направени, ќе направите целосна ревизија на бодирањето, за да може сите наставници да си ги реализираат своите права и навистина да биде ценет трудот на наставникот.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам. Почитувана пратеничке, не сум сосема сигурна дали во еден дел добро ве разбрав. Разбрав дека станува збор за наставници, ментори и советници, па потоа како да помешавте со ментори за високо образование, но ќе одговорам на тоа што разбрав и се друго што поставивте прашања. Многу ми е жал што мора вака да го почнам моево образложение. Само ќе ве потсетам дека во времето кога друг беше министер, односно имаше друга министерка за образование и наука, во јавноста, во печатените медиумите и на социјалните мрежи излегоа списоци за наставници ментори, наши, не се наши, наш е, не е наш. Во овој случај немате такво нешто и јас се гордеам со тоа што навистина нема такво нешто. Точно кога и како се менувани правилниците вие подобро знаете, јас не можам да ги знам на памет датумите, но добро се сеќавам дека во еден од правилниците имаше пропуст и дека ние се обидовме да го исправиме. Тоа е можно, мора да признаете. Лично не верувам дека во 360 основни и 109 средни училишта може да се намести баш се така како што вие велите и јас толку, колку што може министерот да го контролира процесот и го контролирав. Прво да ви одговорам зошто во различни училишта. Затоа што Бирото нема возило, затоа што нема кадар, затоа што ние допрва сега пополнуваме делумно таму каде што можеме тоа да го направиме и затоа се повикани во едно училиште, каде што отишла Комисија да дојдат повеќе наставници и тоа е поентата наставникот ментор и наставникот советник треба да може да менторира и да советува во било каква средина, било кој наставник. Тука мислам дека замерка не можете да најдете. Јас веќе пред неколку минути или кога и да зборував, пред половина час кажав и вие добро знаете дека нашата администрација има сериозни проблеми. Јас година и пол попис не можам да направам, почитувана пратеничке. Година и пол попис не можам да направам, го продолжувам, го продолжувам, те знаат, те не можат, те погрешно биле направени претходните години. Не е битно кој и немојте погрешно да ме сфатите. А камо ли да организирам толку многу комисии, но ги организиравме, само велам дека е проблематично, толку многу комисии би требало да ги знаат правилата и би требало да постапуваат по Правилник, и би требало да постапуваат во Закон. Мислам дека во овој момент не можеме да создаваме теории на заговори да го тврдите ова, така како што го тврдите, но бидејќи пројавувате сомнение, еве јас ќе се обидам да направам некаква ревизија. Но си сигурност знам дека наставници реагираа, јас имам напишано книга. И не ја бодувате. Книгата не е во конкурсот и не се бодува. Некои од нив велат, јас ги закачив сите документи, кога ќе провереа, ќе видеа им нема документи. Некои од нив си ги заборавиле лозинките па не можеле да аплицираат. Земете во предвид дека имаше и такви случаи и дека тие сега се отровно лути, иако де факто, грешката може да се наоѓа и кај нив самите. Во однос на Бреинстер, јас сум навистина многу задоволна. Вие ме слушнавте пред малку кога одговарав на мојот пријател Снопче. А што мислам за вештачката интелигенција, дигитализацијата, технолошката трансформација и сум му благодарна на Бреинстер што организираше курс за 200 наставници кои они сами ги одбра, по критериуми кои они сами ги поставија и сум среќна што имаме такви наставници кои можат да ги исполнат тие критериуми и дополнително требаше да знаат и англиски јазик. Но, укажано му е на Бреинстер дека треба да ги акредитира. Само акредитираните обуки се сметаат за валидни при евалуацијата, потоа на документите на наставниците. Кенгур не е меѓународно тестирање. Кенгур е домашно тестирање, односно натпревар и во законите ниту тие што вие сте ги носеле,. Ниту овие што ние ги носиме, сме ги донеле, всушност не е предвидено награда финансирање за Кенгур, ниту било кој друг натпревар освен оние кои што се наведени во законите и освен на оние здруженија кои вие добро знаете, треба да имаат лиценца од Министерството, да се пријават, да се направи евулација, да се одобри дека можат да организираат натпревар, имаат толку кадар, имаат толку членови, организирано со години и така натаму. Тука ве уверувам дека не постои пропуст, тука никаков пропуст не постои, затоа што тоа многу пати сум го проверила и затоа што се трудиме максимално и како Министерство, и како влада да им овозможиме на младите таленти да учествуваат на меѓународни натпревари и потоа да се вратат во земјата, да влијаат на своите соученици, наставниците да ги препознаат и така натаму. Дополнително, еве да ве информи9рам, речиси цела година барам од Филозофски факултет да ми изготви концепција за талентирани. Нема такво нешто. И вие знаете дека нема, па она што го користиме од странските држави како позитивна некоја промоција на таленти, го користиме и ние во нашите закони, нашите правилници и правиме се што можеме. Еден од начините да ги стимулираме е и да ги наградуваме. Да ве потсетам дека за прв пат доделивме награди и во основно. Во претходниот Закон немаше. Да ве потсетам дека и во основно и во средно, ги зголемивме средствата кои ги даваме за овие талентирани ученици и ученици кои одат на натпревари и на нивните ментори и од факултетите и од училиштата кои учествуваат на тие натпревари и добиваат награди. Мислам дека сите ние, и сите вие треба да сме среќни што речиси ниедно дете не се врати од натпревар а да нема барем некоја награда освоено. Во кои комисии ЗЕЛС, ако не ви пречи само да ми одговорите. Во овие за ментори. Комисиите се формираат по Правилник. кој ви реков дека е само дополнет и недополнет. Значи, во нив треба да има разновидни структури кои би требало да обезбедат пореално оценување. Училиштата се дел општински. Вие знаете, Министерството си има само 24 државни училишта за кои што всушност, не дел, сите се општински, само овие 24 се училишта на Министерството, регионалните центри, музичките училишта и затоа по правилниците и законите, ние имаме во комисиите, во најголем број од комисиите и од Синдикатот, претставници и од ЗЕЛС. Сега дури и во законот за високо образование, ние вклучуваме и од коморите, затоа што на тој начин обезбедуваме ем објективност, ем поголема инклузивност на сите чинители од општеството. Тука лично не сметам дека треба да најдете замерка, затоа што и вие утре, задутре ќе треба да го продолжите истиот тренд, затоа што е во склоп и со европски и со други светски регулативи, или не мора ни да се регулативи, се едноставно добри практики кои ние како држава треба да ги преземеме. Ако имате конкретен случај за кој сметате дека е направен превид или грешка, ве молам да го доставите тоа во писмена форма. Секако ќе ви одговориме и секако ќе ви направиме ревизија. Зошто овој конкурс многу трае. Затоа што за прв пат побаравме и советници. Досега имавме конкурси за ментори, сега имаме конкурси за советници. Сите тие треба да ја поминат процедурата, да достават документи, а потоа Бирото да ги провери на час. Ви кажав зошто во поедини или во единечни училишта. Тоа е огромен процес. Прво проверката на документациите, апликациите. Апликацијата е знаете електронска, а проверката мора да се направи на лице место, затоа што тоа така треба да биде, Комисијата треба даги види нивните способности, ем за комуникација, ем за поучување. Оттука мислам дека вашето барање се одново да се ревидира, ќе го одложи овој процес за ногу, многу долго време. Па оттука ве молам, секој конкретен пример што ќе го дадете, јас ви гарантирам дека ќе биде проверен и вие ќе добиете детални информации за тоа. БЛАГОДАРАМ.

Сите пратенички прашања