О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Емилија Ангелова, поставено на 61-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 31 јули 2025 година Благодарам потпретседателке. Благодарам пратеничке. Многу вложивме последната година во образованието и јас се обидов тоа да го промовирам на разни настани и на различни начини. Но очигледно е дека Собранието можеби е и најдобар начин и најдобро место да кажеме што сме се направиле. Бидејќи вашето прашање се однесува на инфраструктурата ќе почнам со тоа, а доколку има време ќе продолжам и со нешто друго. Во однос на инфраструктурата во период од 14 месеци вложивме 2,7 милијарди евра во инфраструктурни промени во образовниот систем. Изградивме 7 објекти, училишни објекти, за разлика од едниот единствен училиштен објект што беше изграден во 7 години. Значи ние за една година изградивме 7 објекти, за разлика од претходниот мандат каде што во 7 години е изграден еден единствен објект. Убав е навистина, на проект на ВМРО-ДПМНЕ е граден, ама во ред, тоа е еден единствен. Покрај тие 7 објекти што ги изградивме во овој период почнавме и привршуваме реконструкција, доградба, надградба на 20 други објекти кој со тек на време и верувам дека до крајот на годината ќе ги завршиме. Точно е дека СДСМ во последната година зборуваше дека ќе почне некаква реконструкција на студентски домови, но не почна. Реконструкцијата на студентските домови ја почна новата власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бидејќи беа заглавени во не соодветна документација, во не ажурирана документација или можеби во немање волја пред избори и претходно за да се направи нешто за студентскиот стандард бидејќи беа свесни дека тоа веројатно не можат ни да го направат. Она што направиме ја средивме документацијата и почнавме со изградба на двата студентски дома за кој што денес зборувано. И да, навистина имавме прилика минатата недела заедно со премиерот и младите пратеници, претставници на младите да посетиме еден од студентските домови за да видиме дека реално се одвива затоа што почна во последно време токму пред избори да се зборува дека ништо не се работи. Не е на слики и во увидот можеше да се види дека тоа реално се случува, дека студентските домови се реновираат и ќе се претворат во пристојни места за живеење на студентите. Супстандардните услови кои претходно ги имаше ќе бидат заменети со високо стандардни услови за учење на студентите и за нормално живеење на студентите. Предвидено е реновирање на 9-те студентски дома во вредност од 30 милиони евра, при што првава фаза на првите два студентски дома е околу 17 милиони евра. При тоа обезбедивме гранд од 5,5 милиони евра за да продолжиме во следната фаза најверојатно со студентските домови во Охрид и Штип, а потоа и со сите останати. Обезбедивме и го откочивме процесот на ФФК и ФИНКИ и ја очекуваме овие денови најдоцна до септември комплетната анализа која ќе ни ја даде групата формирана на чело со градежен факултет со повеќе факултети од УКИМ кои со општествена одговорност значи бесплатно затоа што има доверба во оваа Влада решија да направат анализа која можеше државата да ја чини многу пари, а претходната власт многуте потрошени пари за двете институции ги остави на невремето од 10 години. Дополнително што вложуваме во инфраструктурата, не е инфраструктура само ѕидарија Заборавив на оние 8 објекти да ги додадам двата во Тетово кои што ги посетивме каде што нели исто така ќе почне реконструкција на 100 години старо училиште кое всушност претставува културно наследство и треба да се зачува. Значи, не се 8 станале 10 објекти кои во една година ние ги почнуваме и ги завршуваме. Што инфраструктура дополнително вложуваме во опремување во информатичка опрема училиштата, мрежно вложување исто така од илјадници евра и обезбедување на технички и технолошка опрема оти тоа не е доволно само да имаме убави училници туку треба да имаме и смарт табли, треба да имаме вај фајв, треба да имаме и други уреди со кои децата ќе можат да учат и да работат. Вложуваме и во вештачка интелигенција и тоа го добивме од општествено одговорност од нашите универзитети и наши познати приватни компании кои бесплатно ќе вложат во училиштата за да постигнеме некаков напредок. Зошто го потенцирам ова? затоа што 7 години власта имаше можност да го направи истото ама луѓето немаа доверба во таа власт имаа доверба во оваа власт и затоа не бараат средства туку работат за доброто на државата всушност за доброто на подмладокот на оваа земја. Јас им за тоа бескрајно благодарна. Вложуваме понатаму и во опрема во регионалните центри за средно стручно образование. Центрите за средно стручно образование исто така беа заглавени, на пример Центарот за стручно регионалниот Центар за средно стручно образование во Тетово. Тој напредува со енормна брзина и ќе биде завршен најверојатно до крајот на оваа година. Направивме други два Центри за средно стручно образование и покрај тоа што претходните кои беа прогласени, ништо не беше вложено во нив. Во Центарот за средно стручно образование во Тетово имаше клупи, децата онлајн работеа замислете во Центар за средно стручно образование регионален, 3 години деца имаат настава онлајн а треба стручно да се образуваат и да станат стручно образовани лица кои ќе влезат на пазарот на труд. Клупи и столчиња немаа, ние сега им набавуваме и опрема. Дополнително да потсетам дека во тој период додека тие учеа онлајн и во период на Корона, директорката поставена од претходната власт наплаќала гориво за ученици кои воопшто не патувале. Сега тоа е предадено во Министерството за внатрешни работи и верувам дека брзи и за тоа ќе има некаков резултат што се случувало и како се случувало. Како тоа се наплаќало гориво а студентите за време, учениците за време на Корона биле дома, а после тоа учеле онлајн. А гориво можело да се наплати, добро. Опрема набавуваме за тие регионални центри, дополнително вложивме и направивме анализа што е многу важно според мене за едно сменска настава. И во моментот проектираме доградба и реконструкција на прво пет училишта кои ќе преминат во едно сменска настава. Зошто само пет? Затоа што кај нив треба мала интервенција, две до шест училници и почнуваме ова лето со едно училиште во Ѓорче и едно училиште во Карпош. Нели 2 различни општини, а пота продолжуваме со следните 25. Кои ќе бидат првите 25 од што анализирани. Обезбедивме гранд од 1,1 милион евра за фото волтаични панели и во моментот се прави таа анализа. Градиме 4 спортски сали, распишан е тендер за реконструкција на 15 спортски сали и уште 5 ќе се, после завршување на овој тендер ќе се реконструираат уште 5. А во план е изградба уште на 30 спортски сали. Се ова 2026 година ќе биде завршено. А во меѓувреме додека ова се гради ние ќе почнеме и нови проекти, генерално фокусирани на центрите, односно на ресурсните центри каде што работат и се образуваат деца со посебни образовни потреби, а се вработуваат и работат асистентите.