О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бети Стаменковска Трајковска, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2025 година Пратеничке Бети, бескрајно ви благодарам за прашањето, затоа што сметам дека е многу интересно за јавноста, иако бурната реакција малку потстивна од претходните неколку недели, после изјавата, моја како министер за образование, дека за разлика од претходната власт која носеше концепции со декрети и со една единствена јавна расправа во Собранието, ние, нашата концепција ќе ја носиме цела година. Што значи, нашата јавна расправа ќе трае цела година. Токму заради искуството кое луѓето го имаат во минатото, претпоставувам дека помислија дека истото ќе се случува и сега. Вие ги спомнавте и министерот, и начинот на кој се донесуваше таа, за жал, лоша концепција, која ние во шест месеци моравме да ја поправаме, доправаме, да правиме измени, но успеавме и тоа е првото нешто што ни дава надеж, за таа, што се однесува за основното, а сега за средното, поучени од грешките во минатото, почнавме со електронска јавна расправа. Бидејќи во моментот се случуваат бурни настани во образованието, во образованието се е бурно, и како што еднаш реков што и да се допре предизвикува силен општ интерес, моравме малку да позабавиме со таа јавна расправа, но тоа не значи дека ќе запреме и неколку чекори ќе ви набројам на крај откако ќе ми дозволите, ако ми дозволувате мал вовед за реакциите и еве, би почнала со филозофијата, бидејќи таму реакциите беа најбурни. Јас доаѓам од едно место, кај кое важи премисата, ова е местото каде што смртта се радува што му помага на животот. Значи, јас доаѓам од Институтот за патологија, каде што секој ден, секој ден, или на микроскоп, или во аутопсионата сала се среќаваме со смртта, млади, 26, 27, 28 години, 9, сеедно. Во тој момент секој што има и малку ум во главата, а таму работат умни луѓе, почнува да размислува, особено ако болничарот со кој што работите во аутопсионата сала ви рече: Ама доктор Весна не сме ние криви што ова го работиме. Нас ни нареди професор тој и тој. И вас ви доаѓа мислата дека можеби и вреди да се поразмисли, без оглед што сте доктори, нели што судбината ви дала таква една професија и задача. И тогаш тргнувате од материјализам, идеализам, егзистенцијализам, па ќе го фатите Ниче за рака, па ќе се прашате треба ли да го убијам Бога, па после ќе се потсетите на Жозе Сарамаго и ќе речете, можеби заедно со него треба да се сомневам, читајќи ја нели, Евангелие по Христа. Па ќе се фатите повторно за рака за Алексеј Карамазов и ќе речете, не, ќе верувам во верата, а јас ќе додадам и вербата. Јас сум од тие што имаат верба, дека овој народ има она што се вика модерно, човечки капитал, а јас велам, умни луѓе кои можат да ја разберат идејата за подобрување на квалитетот во образованието. Но тие умни луѓе се уплашени веројатно и преплашени за сопствената егзистенција, затоа што во минатото постојано биле доведени во прашање нивната егзистенција, нивното вработување, нивните плати. Да, ќе речат, ги покачивме платите, ама ја покачија и инфлацијата, нели. Па тоа што можеа да купат пред 10 години, истото со својата плата, сега исто можат да купат после 10 години. И јас воопшто не им се лутам на тие луѓе и ги разбирам, но сакам со капацитетот кој го имаат, а тоа се, нели, луѓе кои завршиле факултети, кои учат ученици, кои учат студенти, да ги замолам да размислат на темата избор.
Не постои, сега за филозофијата на концепцијата, не постои поголемо демократско право од правото на избор и тоа повторно не го кажувам јас, го кажале многу полни глави од мене и оваа концепција на младите луѓе им нуди право на избор. Оваа концепција нуди иднина за младите. Зошто? Затоа што сме им понудиле да се вклопат во технолошкиот развој на технолошкото време или да изберат да се вклопат во општествениот развој на една релативно сиромашна држава во развиток. Изборот е оспоруван. Она што е базично човеково право, младите не знаеле да изберат, па кој ќе ги насочил, да ќе ги насочат кога ќе помине Законот за основно, стручните луѓе кои ќе бидат одговорни кариерно напредување или ориентација на децата. Сакам да им кажам на сите кои се плашат дека ќе им се случи повторно Мила Цароска, дека нема да им се случи, но сакам да им кажам дека учениците кои оваа година ќе се запишат во први клас гимназија, за десет години кога ќе завршат гимназија и факултет, треба да знаат вештачка интелигенција, машинско учење, алгоритми, математика, физика, финансии, економија, програмирање и пред приемништво, најмалку за да можат да влезат на пазарот на трудот. За да можат да влезат на трудот, за да можат да опстанат во живот, затоа што нагонот за живот треба да е посилен. Како нашата земја токму оние кои треба да предаваат знаење, како да ги поклопил црн танатос, имаат потреба од самоуништување, критикувајќи и не барајќи излез. Е овие деца кои за десет години ќе излезат од факултетот, после гимназиското образование, за да станат самосвесни и среќни граѓани, како што велат филозофите, со што јас апсолутно се согласувам, ние треба да бидеме и самосвесни и самореализирани и среќни граѓани, ама прво треба леб во устата да стават. Треба да најдат работа, па после за да бидат среќни прво да го нахранат телото. Е, кога ние би се определиле како и со сега со ова гимназиско образование кое што ќе го имаме, ќе ја имаме истата состојба и под десет и петнаесет години. Зошто? Затоа што ова образование кое 1995- та е делумно менувано, не дало плод. Ние имаме многу во администрација луѓе кои не знаат да работат, нашите компании или странски присутни тука вела, вашите студенти, ученици, не се спремни да работат во нашите компании, трошиме дополнителни пари за да ги доедуцираме, променете нешто за да можеме сите заедно да бидеме самореализирани и среќни граѓани на оваа земја. Тоа беше филозофијата на концепцијата, но за да бидат мирни, она што со спомнав со она самоуништувачкиот, не знам, нагон, веројатно што го имаме сите колективно, е стопати е кажано, ова е драфт верзија. Ова е драфт верзија за да коментирате на неа. Што се коментарите? Коментарите се дека нашите деца треба да бидат минимум 10 до 11, а во една година и 12 часа на училиште. А има реакции кога јас велам треба да се осум саати на училиште, колку што се родителите на работа. Нели, па велат, па они таму ли ќе учат, треба и живот да имаат. Да, треба живот да имаат. Е сега, не е осум часа како што јас велам целодневна и едносменска, сега требало да седат 11-12 часа. Има, не дека никој не даде некој предлог, повеќето, нели, само критикуваат, но има и по некој што дал предлог. Еве што треба да учат нашите деца. Ова што Бирото го прибра и ми го препрати, нели, како министер да ме информираат што се случува со концепцијата. Астрофизика, Космологија, добро, итн, итн. Дали ќе има собраниска расправа, зависи од вас. Ако побарате, ама после многу други посети на гимназии, состаноци со директори.