Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Милевски праша за турската инвестиција, премиерот одговори за економските показатели

Резиме

На 107-та седница, пратеникот Пеце Милевски праша што може да очекуваат граѓаните од средбите во Истанбул, каков придонес и колку вработувања ќе донесе инвестицијата на „Џаво Отомотив“ и дали се разговара за нови инвестиции.

Премиерот во одговорот наведе дека индустриското производство во април пораснало за 7,8%, просечната плата достигнала околу 800 евра и дека во првите четири месеци извозот растел побрзо од увозот. Не даде податоци за инвестицијата, бројот на работни места или разговорите за нови вложувања.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Пеце Милевски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Пеце Милевски, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 јуни 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Понатаму, третото прашање, можам да кажам дека во изминатиот период успеа државата да ја стабилизира инфлацијата, да се обезбеди предвидлива деловна клима или една стабилност во економијата, односно во стопанството и тоа особено е важно да се знае кога во време, кога во ова време, дури и одредени европски економии се соочуваат со забавен раст и неизвесност, но тука можеме да забележиме дека имаме во нашата држава раст на индустриското производство, раст на извозот, раст на просечни плати, постепено намалување на невработеноста. Тоа се показатели кои зборуваат дека економијата се движи напред и вие како што знаете некогаш да кажете, се работи за создавање на подобри услови за живеење на граѓаните, се работи интензивно. Дали е доволно. Веројатно не. И токму затоа и продолжувате уште повеќе. И моето трето прашање се однесува кон вашата интензивна работа на економијата. Односно, би сакал да прашам, бевте во Истанбул, во Турција, остваривте средби со турските компании, што може граѓаните да очекуваат за следниот период од оваа работна средба, од потпишаниот договор со новата инвестиција, со Џаво Отомотив, кој е придонесот од инвестицијата и колку вработувања ќе донесе и дали имате разговори за нови инвестиции. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Пеце Милевски, поставено на 107-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 25 јуни 2026 година Почитуван претседателе, ви благодарам на можноста. Почитуван пратеник, ќе бидам краток, станува збор за три параметри кои што ги споменавте. Тоа се индустриско производство, плати и извоз. Индустриското производство во првиот месец во вториот квартал април порасна со 7,8%, посебен фокус има метало преработувачката индустрија. Платите од почетокот до денеска за 8 илјади денари, просечната плата и дојдовме до околу 800 евра. Дали е доволно? Не е. Дали треба повеќе? Треба. и работиме на тоа за посилен раст на платите за вработените, а што се однесува до извозот во првите 4 месеци од годината за прв пат можеби две децении извозот расте побргу од колку увозот. И покриеноста на извозот визави увозот е поголема за прв пат после неколку децении во месец како што беше месецот април. Ова се три параметри кои што се потврда на политиките на Владата и што претставува приорите во економските политики на Владата. Благодарам. .

Сите пратенички прашања