Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мицкоски одговори за проектот за депонија во Новаци

Резиме

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска праша дали е одговорено на дописот што Општина Битола го испратила на 25 март, со барање за разгледување на друга локација за депонијата во Новаци. Таа побара граѓаните да го видат и да им биде презентиран проектот, наведувајќи дека се загрижени за влијанието врз Битола и дека протестираат.

Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека проектот бил започнат од претходната влада и дека биле донесени одлуки и обезбедени средства за него. Рече дека Битола нема сопствена депонија, а дека заштитата на градот е земена предвид со планирана обиколница и дека во Новаци била одржана јавна расправа. Не даде конкретен одговор дали на дописот од 25 март е испратен одговор, ниту директно објаснување за барањето граѓаните да го видат проектот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бисера Костадиновска Стојчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Моето прво прашање е исто како и од претходниот пат, а тоа дали на дописот испратен на 25 март од Општина Битола има одговорено. Тоа е еден допис кој што едногласно беше изгласан од сите советници во Советот на Општина Битола. За разгледување на ре локација на депонијата која што се планира за во општина Новаци каде што во Битола има доста чести протести. Дополнително прашање Да, ова е проектот 2018 година, јас за жал кога ескалираше ситуацијата во Битола го побарав да го видам. И тоа е точно што го кажувате. Ова е таков проект кој што започнал во 2018 година, го потпишала тогашната Влада. Но, она што беше барањето во писмото кое што беше упатено до мене како пратеничка од Битола пред колегите од тројцата од ВМРО ДПМНЕ и пратеничката односно под претседателката Бендевска. Беше дека бараат да го видат проектот. Токму затоа се протестите. Граѓаните во Битола бараат да го видат проектот. Бараат една презентација да го видат проектот. Дислокацијата излезе после како што кажавте вие од некој не познати причини сите едногласно ја донесоа таа одлука. Но, во ред. Но, она што го бараат граѓаните е точно да го видат целиот проект, да го видат целиот проект дали Битола повторно ќе биде подложена на загадување, затоа што знаете и вие самиот каква хаварија имаше пред неколку дена, каде што отвори предмет. Затоа што лажни се оние изјави од поранешни советнички дека Битола дише алпски воздух, Битола 30 години претседателе не диши алпски воздух и ние сме навистина се сериозно загрижени за тоа. Како ќе продолжиме да живееме во Битола понатаму. Веќе не секоја трета жена се бори со рак, секоја една од нас се бори со рак. Така да моето дополнително прашање ве замолувам да ми го објасните ова во однос на презентацијата на самиот проект. Она што всушност требаше да се случи нели во Новаци пред ако не се лажам пред една недела. Се случи но имаше она што го видовме барем на социјалните мрежи имаше некој реакции и не допре повторно тоа до јавноста. Она што го бараат и советниците во едно писмо што до нас го пратија беше токму тоа. Дали може да се види, бидејќи од општина му одговориле дека е веќе објавена јавната набавка. Дури не заврши не може ништо да видат.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 април 2025 година Христијан Мицкоски: Првото прашање се однесуваше претпоставувам на депонијата во Новаци. Ќе се обидам да бидам пластичен и да ви објаснам за што станува збор, како инженер не како претседател на Влада. Затоа што на ваков начин не се добиваат гласачи и не се добиваат гласови. Па потоа кога ќе ви ја каже човек вистината се лутите. Овој проект е проект од СДСМ, не од оваа Влада. Законот за задолжување е изгласан од претходното мнозинство. Истиот совет едногласно носи Одлука за формирање на јавно претпријатие за стопанисување. Едногласно, сите. Дури и овие советнициве од мојата партија кој што тогаш на централно ниво бевме во опозиција. И тие што се од другите политички партии и од вашата СДСМ. Едногласно носат одлука за формирање на јавно претпријатие односно преку Пелагонискиот и југозападниот плански регион го поддржуваат сето ова. дали е исправно не знам, но ова се фактите. Битола, како општина одлага смет во Новаци на истата депонија каде што имаме ред и дел од домашните животни за жал таму се хранат. Месото кое што претпоставувам во некој ден ќе дојде на нечија трпеза на вашата на мојата не е битно. И сега од политички притисок за мене од необјаснети причини Битола носи одлука да не се, советниците во Битола меѓу кој и овие од ВМРО ДПМНЕ носат одлука да не се гради оваа организирана депонија во која што финансиери се европски институции во Новаци. Тоа исто како сега Куманово да рече не може во Гази Баба тоа да се прави. Што ако општина Новаци донесе одлука нема одлагање на сметот од Битола таму. Има право, што ќе правите. Ќе излезете пред овие истиве сега што ги храбрите. Што ќе им кажете, еве на Миле Талевски што ќе му кажете, од Прилеп кај ќе носи работава. Или Митко Трајчулевски од Крушево или Јовче од Струга, Јован се извинувам. Што правиме тогаш. Еве Битола конкретно одлага во Новаци, нема своја депонија. Со сиот ризик дека ќе бидам раснат. Зарем јас како професор ќе дозволам нешто да се направи штетно за Битолчани. Има ли некој таму разум што зборува, зарем јас ќе дозволам како професор некому во Битола кој што си го сакам што се вели и повеќе од мојот роден град да направам лошо за тој град. Патем речено од ваше време е проектот, вие сте го поминале Законот, вие сте дале гаранции пред меѓународните финансиски институции, не е од ова време. Немојте овие работи, не си играјте со овие работи ве молам. Зошто си играте со овие работи. Политика ли нова ќе тераме, ајде Кочани во ред плукајте ме сега. И на ова ли политика ќе тераме. Еве ќе ви донесат одлука Новаци, нема одлагање на сметот, е ова му го кажав и на градоначалникот, мој сопартиец кој што го ценам најмногу на свет. Што ако Новаци донесе одлука дека нема. Кај ќе го одлага Битола сметот. Што ќе им кажете ви е Бисера пратеничка гласот на народот на вашите сограѓани Битолчани тогаш. Каде? Еве ќе преразгледа Владата нова локација, во меѓувреме кој треба да ја определи локацијата ако општина Новаци донесе одлука да општина Битола не го одлага сметот во општина Новаци. Кој ќе ја преразгледа вие. Не е коректно. Немојте да ги заведувате луѓето, ова не е тема на која што се бистри политика. 60 депонии во делот на Пелагонија. Вие сте го напишале тоа не јас. Треба да се очистат диви депонии. Не јас. Јас морам сега како претседател на Владата заедно со вашите колеги овдека и со моите колеги во Владата да го решавам ова, што вие сте го оставиле. Нас ни е најлесно да испереме раце како Влада. Што ќе правите вие во Битола. Што еве вие ќе направите во Битола кога ќе излезете пред вашите Битолчани што ќе им кажете. Еве јас ве одбранив, ама на првото прашање. Е веќе на второто немам одговор. Нема одговор. Ако не е таа има алтернативна локација. Каде Битола ќе го одлага сметот? Јас ова што го зборувам пред говорницата сум зборувал и со градоначалникот кој што е од редовите на ВМРО ДПМНЕ и кој што го ценам и кој што ја предводи Битола. За разлика од заспаните 4 години градоначалничката од редовите на СДСМ. Еве со него истото сум го разговарал, еве и со пратениците од Битола кој што се тука сум го разговарал. Зарем јас професор ќе дозволам на штета на Битола нешто да направам. Па подобро да ме нема. Не ми треба политика, што ќе ми е мене политика ако јас не можам во Битола да се појавам. Кој што повторно ќе кажам, во одредени сегменти и го сакам како град повеќе од мојот роден град. И се борам за тој град. Немојте ве молам на овие работи политика да терате Бисера, ве молам немојте. За се друго може, немојте на овие работи. А како почнал проектот, што почнал и слично побарајте одговорот во вашите редови. Не во оваа Влада. Нас ни е најлесно да го откажеме. Најлесно, утре ќе го откажеме. Еве до вас колешката од Управа за јавни приходи беше тогаш директорка прашајте луѓето што се занимаваат со финансии ќе ви кажат. Од пратениците Мисовски е тука, Јован Митревски, Талевски. Прашајте и они го гласале тој Закон, не сум го гласал јас. Јас сега морам да го оправам како претседател на Влада ова што вие сте го зготвиле. Дополнителен одговор Христијан Мицкоски Лично преговаравме со тогашниот, не е тука Благој Бочварски тогашниот министер за транспорт и со тогашниот министер за финансии да се обезбеди крак со што ќе се заобиколи општина Новаци. И парите се обезбедени. И парите се во Буџетот. Мислам дека беа 11 или 12 милиони евра. Па силитираше амбасадорката на Швајцарија која што е еден од најголемите донатори за овој проект. Еве, мене ако не ми верувате, верувате дека Швајцарија ќе си дозволи да направи депонија од Битола. Дека европската инвестициска банка, дека европската банка дека ќе финансираат проект кој што не ги исполнува минимум критериумите како таа депонија во центарот на Виена. Нема, ќе се сложиме нема. Понатаму, лично учество во тие преговори бидејќи Стевче е градоначалник на Новаци од редовите на ВМРО ДПМНЕ. И нормално се грижевме да ги заштитиме речиси интересите на Битолчани. Понатаму, еве ќе одам дополнителен чекор да ви објаснам. Нема да влегува ниту еден камион во Битола. Ќе одат по обиколницата. Проблем беше Ресен и проблем беше со Ресен исто Јован Тозиевски. Граничникот викаше што ќе се случи во сезона на јаболка, ќе се загушиме во Ресен. Затоа сега, Министерството за транспорт ќе прави обиколница околу Ресен, да не влегуваат овие кој што доаѓаат од Струга, Дебар и од таму да не влегуваат во Ресен туку преку обиколницата да се оди. И конечно имаше јавна расправа во Новаци. Минатата недела беше заменик министерката за животна средина Ане Лашкоска, беше советникот од мојот кабинет, мој колега од факултет Даме Димитриевски. Зарем ние со сета своја одговорност и кредибилитет ќе дозволиме грам штета на Битола да се нанесе. Сега пред локални избори, па треба да сум малоумен. Зошто би бил јас помалку Битолчанец од вас, кога Битола ми е еден од главните приоритети. Еве, најотворено да зборувам. Но на ова некој знае дека Тони е прв убедлив кандидат и да е повторно градоначалник. Некој сега се труди да направи критична маса да се профилира како кандидат за градоначалник. Тоа е проблемот, тоа е нема врска ова другово се. Еве, нека дојде мене некој емпириски нека ми докаже дека ние штета ќе направиме. Јас утре оставка ќе си поднесам. Зарем будали се овие од Швајцарска амбасада, финансиери од Европска институциона банка, европска банка за развој. Да направиме нешто кое што ќе биде Бисера ве молам, на штета на граѓаните на Битолчани. Па нема тоа да се случи, верувајте ми јас нема да дозволам. Не сум јас будала, па таму има 10 општини кој што се афектирани во нај тесниот регион а 17 или 18 од двата плански региона Пелагонискиот и овој рели го Југозападниот. Ако милиметар не е полна правило по кое што е. Јас лично нема да се согласам министерството за транспорт да даде употребна дозвола. Лично нема да се согласам. Со својот кредибилитет и како професор и како прв човек на Влада стојам и сега ќе одам во Битола ова ќе го бранам ако треба пред сите ќе застанам, еве јас лично.

А ваш е проектот, јас ќе го бранам. Затоа што верувам дека на тој начин Пелагонија ќе ја исчистиме од диви депонии. Ќе ја исчистиме и оваа дива депонија сега во која што Битола одлага во Новаци нема да изгледа вака како што изгледа. А јас не го оспорувам правото на поединци да се профилираат за идни кандидати за градоначалници.

Сите пратенички прашања