Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мицкоски: Македонија поддржува решение со две држави за Израел и Палестина

Резиме

Пратеникот Сали Мурати побара од премиерот да го објасни ставот на Владата за Палестина, гласањето против две резолуции во Советот за човекови права на ОН и кој гласал во име на државата.

Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека Македонија смета оти трајно решение е создавање две држави, вклучително и независна Палестина, која би живеела во мир со Израел. Тој наведе дека земјата се води од мирот, човековите права и Повелбата на ОН, а се противи на ширењето на израелските населби и насилството врз Палестинците. Според одговорот, гласал актуелниот вршител на работи на Постојаната мисија во Женева, по инструкција од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Одговорот не наведува дали Владата издала конкретен налог за гласање против резолуциите, ниту ги образложува причините за гласањето за секоја од нив.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

ДО: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Муратӣ,

Почитувани,

Согласно член 38 и 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, го поставувам следното пратеничко прашање до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија:

На седницата на Советот за човекови права на Обединетите нации минатата недела, Република Северна Македонија гласаше против две резолуции за Палестина кои Советот ги усвои. Првата за која гласаше против се однесува на осудување на израелските колонијални практики на окупираните палестински територии. Резолуцијата помина со 34 гласа „за“, десет воздржани, како и три гласа „против“, меѓу кои, покрај Чешка и Етиопија, беше и нашата земја.

Против втората резолуција, со која се поддржува неотуѓивото право на палестинскиот народ на самоопределување, гласaa само две држави – Република Северна Македонија и Чешка. Таа беше усвоена со 43 гласа „за“, а две земји се воздржаа од гласање.

Македонија досега никогаш не гласала против правото на самоопределување на палестинскиот народ. Минатата година во октомври земјава стана членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027. Генералното собрание на ООН оваа одлука ја донесе врз основа на „претходните залагања за човековите права, правата на малцински и ранливи групи и целокупниот корпус на мултиетничка демократија која ја развива државата“.

Шефицата на Постојаната мисија на Македонија при Советот, Теута Агаи Демјаха, минатиот месец се најде меѓу деветтемина дипломатски претставници кои беа отпивикани од претседателката Гордана Силјановска Давкова. МНР по отпивикувањето не соопшти дека е назначен нов претставник на земјава во телото на ООН со седиште во Женева, па не е јасно кој гласал во име на Република Северна Македонија на седницата минатиот петок.

Врз основа на горенаведеното, барам да одговорите:

1. Кој е официјалниот став на Владата на Република Северна Македонија во однос на признавањето на Палестина? 2. Дали Владата дала експлицитен налог за гласање против двете наведени резолуции и кои се причините за таквата одлука? 3. Како овие гласања се усогласуваат со принципите на нашата надворешна политика, особено во поглед на заложбите за светскиот мир, неприфаќањето на агресијата на други држави и поддршката на меѓународното право?

4. Дали при донесувањето на оваа одлука беше земен предвид ставот на македонското општество и нашата традиција на залагање за правата на обесправените и нападнатите, наместо поддршка на агресорите? 5. Имајќи предвид дека нашата земја стана членка на Советот за човекови права на ОН токму врз основа на претходните залагања за човековите права и малцинските групи, како ова гласање се усогласува со тие принципи? 6. Кој гласаше во име на Република Северна Македонија на седницата, со оглед на тоа дека претходниот шеф на Постојаната мисија при Советот за човекови права беше отповикан минатиот месец?

Би сакал да потсетам дека бројни резолуции на ОН и одлуки на меѓународни судови ги осудуваат агресивните политики на Израел. Нашата земја, со својата историја и вредности, треба да биде пример на страната на правдата и меѓународното право, а не на страната на агресијата.

Согласно член 43 став 2 од Деловникот, очекувам детален одговор во законски предвидениот рок од 10 дена од денот на приемот на прашањето.

Со почит,

На ден 10.04.2025 година

Сали Мурати - Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

Влада на Република Северна Македонија КАНЦЕЛАРИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА

Дата: 28 -05- 2025 Архивски број: 08-1028/ 2 До: Претседател на Собрание на РСМ г.Африм Гаши Предмет: Доставување одговор на пратеничко прашање

Врска ваш бр.08-2271/2 од 15.04.2025 година

Почитуван,

Врз основа на член 43 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, во прилог Ви се доставува одговор од претседателот на Владата на Р.С.Македонија, на пратеничко прашање поставено меѓу две седници на Собранието на РСМ на 14 април 2025 година, од пратеникот Сали Мураті.

Со почит,

Шеф на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Владимир Нелоски

Влада на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје | www.vlada.mk | info@vlada.mk

Влада на Република Северна Македонија ПРЕТСЕДАТЕЛ

Почитуван пратеник г-дин Муратi,

Македонија останува на уверувањето дека решението на повеќедеценискиот израелско-палестински проблем е создавањето на две одделни држави, значи и на Палестина, како независна држава, на Западниот брег и во Газа, која би живеела во мирољубива коегзистенција со Државата Израел. Секој претставник (дипломат) дали е на ниво Постojан претставник во МО (како во ПМ во Женева), Амбасадор, Вршител на работи или дипломат од друг е овластен да гласа во име на државата исклучиво по инструкција од МНРиНТ. Остварувањето на решение за Израел-Палестина подразбира претходно решавање на цел комплекс суштински прашања за кои ниту една од страните не е волна да направи компромис: границите на идната палестинска држава, статусот на Ерусалим, статусот на веќе третата, дури и четвртата генерација палестински бегалци од војната во 1948 година, нелегалното доселување на еврејски доселеници на Западниот брег, но и неприфаќањето воопшто на постоењето на Израел во било која форма од страна на палестински екстремистички групи и други фактори. Сепак, според нас, нема друго трајно мирно и достоинствено решение, особено за Палестинците освен две држави за два народа. При донесувањето на било која одлука за приклучување кон изјави во МО или при гласање за резолуции, како во овој случај, како посветена членка на ООН, секогаш се залагаме за зачувување на мирот, заштита и промоција на човековите права, односно следење на принципите на Повелбата на ОН. Како земја која е фактор на мирот и стабилноста во регионот и Европа и земја на високи стандарди на човековите и малцински права, како земја која се труди да изгради мултикултурна демократија како вистински предизвик на современите трендови на демократски развој и со тоа тоа да создадеме пример на напорите и на други земји во тој правец, секогаш се водиме од таа внатрешна политика или таа наша традиција од која произлегува и врз која се базира нашата мирољубива и отворена надворешна политика.

Влада на Република Северна Македонија П Р Е Т С Е Д А Т Е Л

Како членка на Советот за човекови права од јануари 2025 година, нашата активност и видливост како држава е уште позначајна и затоа внимателно се донесува секоја одлука. Во врска со ова, треба да се укаже дека без земени и други факти, како последните случувања од војната на Израел против Хамас по терористичкиот упад од 7 октомври 2023 година, што уште повеќе ја потенцира ургентноста од обновување и удвојување на напорите за суштински дијалог меѓу Израел и ПА (Palestinian Authority) во насока на приближување кон решението за две држави, колку и да тоа изгледа тешко остварливо во моментов. Во однос на актуелната состојба: Македонија најостро го осудува терористичкиот напад на Хамас врз Израел и го признава правото на Израел да се брани. Баравме безусловно пуштање на сите заложници заточени од Хамас. Од друга страна, укажуваме на неопходноста војната што Израел ја води против Хамас да биде во рамките на меѓународните норми и правила, со стриктно почитување на меѓународното хуманитарно право, заштита на цивилите и непречен пристап на хуманитарна помош. На таа линија, гласавме „за“ предложената резолуција во ГС на ОН. Загрижени сме поради негативниот развој на состојбите, големиот број на цивилни жртви и катастрофалната хуманитарна состојба во Газа. Загрижени сме и од можноста од прелевање на конфликтот, како и од можно директно или прокси инволвирање на Иран.

Заложбата на одделни израелски политички кругови, вклучително и министри, за „преселба“ на палестинското население од Газа во трети држави ги сметаме за неодговорни и неприфатливи.

Во однос на Западниот Брег, сметаме дека секој обид за проширување на израелските доселенички населби е не само спротивен на меѓународното право, туку и на сите обиди за создавање на одржлива палестинска држава, како предуслов на трајно решение на проблемот. Исто така, ги осудуваме и актите на насилство на доселениците врз локалното палестинско население.

Влада на Република Северна Македонија П Р Е Т С Е Д А Т Е Л

Ги осудуваме, исто така, сите насилни акти насочени против Државата Израел, вербалните оспорување на правото на Државата Израел да постои, како и појавите на антисемитизам, било каде, во било каква форма и под било каков изговор. Во име на Република Македонија на седницата, гласаше актуелниот Вршител на работи на ПМ во Женева, по инструкција од МНТиНТ.

Со почит, ПРОФ. Д-Р Христијан Мицкоски

Сите пратенички прашања