Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мицкоски ја брани субвенционираната цена на електричната енергија

Резиме

Пратеникот Реџеп Исмаил праша зошто постои Регулаторната комисија за енергетика, обвинувајќи ја за нетранспарентност и за одлуки што, според него, ја зголемуваат цената на енергијата и ги оптоваруваат јавните претпријатија. Тој ја критикуваше и распределбата на одговорноста меѓу Владата и регулаторот, како и продажбата на електрична енергија од ЕСМ на ЕВН Хом по пониска цена од производната, според неговите наводи.

Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека продажбата по цена пониска од производната е субвенционирање на сметките и дека аргументот на Исмаил, според него, подразбира барање за најмалку двојно поскапување на електричната енергија за граѓаните и компаниите што се снабдуваат преку ЕВН Хом. Во одговорот тој го критикуваше и отсуството на пратеникот, но не одговори директно на прашањето за причината за постоењето на регулаторната комисија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 90-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 04 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министре, денес претходно расправите со министерката како заменик министер претпоставувам сте ги следеле. И денес нема да зборуваме за правилниците конкретно на Регулаторната комисија за енергетика кои патем се не транспарентни. Ич не согласно Законот. Нема да зборуваме ни за тарифни блокови ниту за формули кои што Регулаторната комисија исто така не ги објавува јавно, не кажува по која методологија се стигнати до нови формули со која ја пресметува цената на електричната енергија. Туку ќе зборуваме за одговорноста за високата цена на електричната енергија. Односно кој ја сноси таа одговорност. Прво, да ги кажам фактите за моделот кој што Министерството го одржува во живот. Имено домашното производство на електрична енергија опаѓа. Ние увезуваме значителен дел од електричната енергија. Од друга страна државната компанија ЕСМ која цена на производство на електричната енергија и е некаде околу 115 евра по мега ват час. Поправете ме 110 ви е, 103 е ќе го прифатам вашето, 103 евра по цена мега ват час. На ЕВН Хом на приватната компанија оваа електрична енергија ја продава по околу 65 евра по мега ват час. Каква е оваа логика тука? ЕВН од друга страна само во првиот блок кој што ја најевтин на потрошувачите им продава по околу 72 евра мега ват час. Што е повторно повисока од она што по која ја купуваат ЕСМ. Исто така ако се земе во просек некаде од сите блокови ЕВН Хом приватната компанија ја продава електричната енергија 90 евра за мега ват час. И со тоа генерира огромни профити. ЕСМ од друга страна поради ваквата политика се задолжува, бележи долгови. Па некаде мислам дека сега се околу 300 милиони евра. инвестициите во енергетиката како што гледаме опаѓаат, само се во најавување или пак се бараат приватни инвеститори, приватњаци и тоа странски кои што ќе ги запоседнат нашите капацитети. Да потсетам дека Регулаторната комисија не е одговорна само за електричната енергија, одговорна е и за другите енергенси. На пример нафтените деривати се менуваат на секој две недели. Кога берзите на нафтата покажаа нестабилност Регулаторна комисија донесе одлука промената на цената на нафтените деривати да се менува постојано во зависност од берзанските промени. Ова им даде буквално отворени раце на приватните компании да си ги диктираат цените. И тоа, таа одлука е уште во сила и е во директна корист на приватниот интерес. Одлуките на регулаторна комисија за енергетика практично ги колабираа јавните претпријатија особено оние кои вршат водоснабдување бидејќи се големи потрошувачи на електрична енергија. Набавуваат електрична енергија на слободен пазар преку снабдувачи за јавноста да биде по јасно. Снабдувачи се приватни компании со по еден два вработени кои што на оваа цена ставаат дури по 20, 30% маржа и потоа ги продаваат. Значи приватен интерес, продаваат електрична енергија на јавните претпријатија кои што се од јавен интерес. И на овој начин трошокот на јавните претпријатија односно на државата, на граѓаните станува огромен и тие се заглавуваат во долгови. ЕСМ продажба, дали не може на пример ЕСМ или зошто тоа не го прави директно, ако не може веќе универзален снабдувач да биде. Барем да ги снабдува со електрична енергија јавните претпријатија по цена која што ја продава на ЕВН Хом. Одговорноста од друга страна на министерството се губи. Министерството ја креира енергетската стратегија, политика ги предлага законските решенија, ги презема обврските кон Европската Унија, ја поставува методологијата, ги именува на некој начин и членовите на Регулаторна комисија. Но, кога цената расте на енергенсите изговорот е дека тоа го пресметала Регулаторна комисија за енергетика. Дополнително да ве потсетам дека со регулативите кој што како чоколатца ги јадеме од Европската Унија. Најверојатно до 2027 година ќе треба да ја изедначиме цената на електрична енергија со берзанската. Тоа значи ќе има редовни покачувања, тоа значи повлекување на државата од директното влијание врз цената на електричната енергија. Но, овие обврски ги преземе министерството и кога тие ќе се реализираат повторно претпоставувам ќе слушнеме Регулаторна ја утврдила цената. И сега доаѓаме до суштината, енергетиката не е како што гледаме не е обичен пазарен сектор. Значи, таа не смее да биде, стратешки сектор е од таму не смее да биде оставена во приватни раце. Тоа е национален интерес и тоа според мене од прва категорија. Од тука не може да биде одговорноста расцепакана помеѓу министерството и независен регулатор. Не може политиката да биде владина, а последиците да бидат регулаторни. Ме разбирате? Затоа за ова плаќаат на крај граѓаните. И по сето ова јас би сакал да ве прашам дали почитуван министре вие може да ми кажете барем еден логичен аргумент, зошто воопшто постои Регулаторната комисија за енергетика. Освен како во нејзината улога на тампон зона помеѓу извршната власт и јавноста за амортизирање на одговорноста за катастрофалната енергетска состојба во Република Македонија. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 90-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 04 март 2026 година Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски Многу ми е жал, навистина што пратеникот ете поставува прашање, а не е тука за да одговори на прашањето и со навреди, со пцовки со слично во знак на револт кои што гестови се предмет на опсервација на некоја друга институција, а не на Собранието, можеби би било соодветно. Но, како и да е да дадеме одговор на прашањето. Пратеникот покажа апсолутно не познавање дилентатизам и она кое што мене најмногу ме загрижува ја градат својата политика на популизам и кет шоу политики. Односно секогаш спротивно на тоа што го прави мејстрен политиката. Но, овој пат влезе во навистина тешки води, а тие тешки води се, ја обвини Владата зошто ги субвенционира сметките за електрична енергија на граѓаните. Па ќе каже, односно ќе постави прашање и ќе каже како тоа производната цена на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ изнесувала 103, 105 евра за мега ват саат. А таа преку дистрибутерот на граѓаните им ја продава за 65 евра за мега ват саат. Почитуван пратеник кој што за жал не си тука. Тоа директно што го поставувате како прашање значи, дека вие барате најмалку двојно да биде покачена цената на електричната енергија за граѓаните. И оние компании кои што добиваат електрична енергија од снабдувачи во случајов ЕВН Хом. И тоа можеше да го види цела Македонска јавност, а се надевам дека вистинската стручна јавност исто така ќе ви даде идентичен одговор на ова што јас денеска ќе ви го кажам. Шокантно е тоа што години наназад градите како политичка партија, политика на популизам, а денеска овде на овие пратенички прашања излеговте и јавно на отворена сцена барате од Владата да ја зголеми цената на електричната енергија која што преку јавен повик ја продава на снабдувачот во случајот ЕВН Хом. Ова е нешто кое што за прв пат е видено на македонската политичка сцена. И добро е граѓаните да видат какви политички партии имаме лицемерни, какви политичари имаме овдека во Македонското Собрание. Но, она кое што мене најмногу ме вознемирува е не културата и демократското ниско ниво на тој што го поставува прашањето и не можноста да остане овдека. Односно немањето стомак или има и еден поинаков израз да се слушне аргументот кои што ние како Влада можеме да го кажеме. Така што ваков тип на однесување ете навистина не прилега на овој законодавен дом и е само својствен за политички партии кои што во отсуство на аргументи првата алтернатива им е да избегаат. И на тој начин ќе избегаат во оној момент кога ќе згусти за нив, кога не дај боже би имале можност да одлучуваат за иднината на граѓаните и иднината на државата. Благодарам.

Сите пратенички прашања