О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Никола Мицевски, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 мај 2025 година Почитуван пратеник Мицески, поврзано со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство би сакал да кажам дека претставува навистина еден историски момент и за нас како држава, но и генерално за регионот, затоа што едно вакво силно присуство на еден од водечките политички чинители во светот, тука во регионот, значи многу. И јас сум среќен што ние успеавме да потпишеме еден ваков Договор со Обединетото Кралство затоа што мислам дека на тој начин правиме добро и за граѓаните, но и за државата и за иднината на регионот. Овој Договор би го поделил на два дела, едниот е политички, вториот е економски. Иако во суштина двата, еден со друг се обединуваат, што е многу важно. Во економскиот дел е многу важно да се спомене дека како држава имаме многу стратешки цели и проекти кои што се споменуваат со децении, но за жал никако да ги реализираме. Пругата Коридор 10 да се модернизира, реконструира, прошири, надгради, автопати, болници, енергетски објекти, Чебрен и Галиште го споменуваме со децении и се обидуваме да најдеме инвеститори, но никако тоа да не го најдеме до сега, итн. И ако сето тоа се анализира, тогаш ќе дојдеме до заклучокот дека во минатото имало многу пречки. Една од тие пречки биле финансиите, друга немањето политичка волја и храброст, трето немањето инвеститори, но она кое што сега е за нас важно е дека сите овие пречки кои што во минатото постоеле, сега веќе не постојат, односно со овој Договор ние ги тргаме на страна. Финансии се обезбедени, рамка постои, шест милијарди евра, политичка волја има, двете држави постигнаа договор, пратениците транспарентно, без шверцерски да помине во Парламентот, без да имаме европско знаме, без да имаме било каква злоупотреба, го поминаа овој Договор. Сакам малку за целиот процес и малку за Договорот, бидејќи слушаме гласови од опозицијата дека не бил транспарентен процесот, не сме знаеле под кои услови ќе ги земеме финансиските средства, како ќе се трошеле, што ќе се трошеле, па зошто сега така било, итн, па ќе сме биле вовлечени во криминал, ќе сме се уортачиле со нашите нови стратешки партнери, ќе сме ги украделе овие пари, итн. Сите овие обвинувања ги слушаме на отворена сцена. Јас би сакал малку околу фактите и околу маглата. Јас ја разбирам опозицијата, добро, логично е, политичка борба е, тие сега ќе фрлаат анатема, ќе викаат ова не чини, затоа што едноставно доаѓаат избори, работата треба да се поларизира и тие мислат дека на тој начин ќе добијат некаков политички поен. Но, јас би сакал во името на вас пратениците и македонската јавност да објаснам делови од сето ова, за да ни биде на сите нас можеби појасно. Овој Договор кој што ние го потпишавме и кој што вие пратениците го усвоивте е политички договор. Договор за стратешко партнерство помеѓу нас и Обединетото Кралство. И тоа е политички договор. Во делот на финансиите и средствата. Факт е дека ние имаме рамка. Факт е дека сме воделе разговори со финансиски институции кои што се подготвени да ја испорачаат таа рамка. Но,
Договор не е потпишан. Сега следи процес во кој Министерството за финансии ќе отвори конкурентен дијалог со финансиски институции од светот. дали ќе бидат пет, десет, петнаесет, дваесет, итн, ќе видиме. Меѓу нив ќе бидат и овие финансиски институции со кои што сме разговарале. Откако Министерството за здравство ќе го информира Министерството за финансии дека има намера да ги заврши тие и тие проекти. Во случајов Клиничката болница во Штип, Медицинскиот факултет, Домот за 200 легла, болницата во Кичево со проширена дејност заедно со здравствениот дом и реконструкција на Клиничката болница во Тетово. Ќе го информира Министерството за финансии и ќе му рече, ние сакаме ова да го завршиме, ве молам обезбедете средства. Јавното претпријатие Македонски железници и инфраструктура, исто така ќе постапи, ќе го информира Министерството за финансии. Министерството за финансии ќе спроведе конкурентен дијалог со плејада финансиски институции од светот. Таа понуда која што ќе биде најдобра, таа понуда ќе ја прифатиме. Не значи дека ние ќе ја прифатиме понудата на финансиската институција со која што до сега сме разговарале. Тоа не значи. Ако добиеме подобра финансиска понуда од ЕБОРД, од ЕБРД, од ЕИП, од икс, ипсилон банки, не е битно, тие ќе ги прифатиме. Условите се овие. Што е разликата? И точно е во јавноста кога се зборувам во делот на каматата, колку таа ќе изнесува, како ќе изнесува и слично, доколку ние излеземе на финансискиот пазар со кредитен рејтинг кој што ние го имаме како држава, точно е дека тој еурориборд ќе биде надграден со минимум три и пол, четири можеби и повеќе проценти, бидејќи нашиот кредитен рејтинг бб минус е таков каков што е. Но ако го користиме кредитниот рејтинг на Обединетото Кралство кој што е три пати А, тогаш логично е дека ние ќе добиеме многу пониска каматна стапка и затоа јас велам дека ние ќе добиеме најниска можна каматна стапка што некоја држава ја добила. Затоа што Обединетото Кралство ни вели со тој стратешки Договор кој што вие го гласавте, ви оставаме на располагање нашиот кредитен рејтинг и ние сме гарант за вас, не вие, ние сме гарант за вас. Затоа, секој оној кој што зборува во јавноста дека јас како прв човек на Владата, дека вие пратениците кои што тоа го поддржавте, ќе задолжиме неродени генерации. Или не знам што. Ако е во функција на политика, во ред го разбирам и во ред не го оправдувам, но го разбирам. Но, ак навистина го мисли тоа, тогаш е економски и политичка аналфабета. Ако е за политички цели, во ред. Еве, ќе го напаѓаме, ќе го плукаме Христијан, Владата, пратениците што тоа го поддржуваат и ајде, ќе речеме во ред. Но ако навистина ова некој го мисли, а слушав неколку такви економисти кои што за себе велат дека се економисти, тогаш слушнав овде дека ме прозва една пратеничка дека сум економист, а не сум економиста, јас сум инженер. Но, не е битно. Тогаш тие треба веднаш да си ги искинат дипломите. Тоа е вториот договор. Третиот договор, нема да го класифицираме, нема шверцерски а го поминеме со европско знаме, нема ништо од тоа да биде. Повторно ќе влезе во Парламент, е договорот за реализација на проектите. И тука нема да дојде во Собрание компанија која што е регистрирана во или близу седиштето на една политичка партија. Да биде под изведувач или изведувач. Како што тоа кај нас се случуваше во минатото. Ќе дојде компанија која што резлизирала со порт фолио итн. итн. И нема да биде една, ќе бидат од три до пет а можеби и повеќе кои што ќе пројават интерес. Нема да криеме ништо, секој фениниг, секоја завртка, секога навртка ќе има цена и ќе биде по принципот опен бук. За тие што не знаат што е опен бук, тоа подразбира дефинирани цени и на тоа се додава маргина во проценти. Толку колку што е вградено, потпишано од страна на надзор, додадени проценти ќе биде фактурирано. А сите тие кои што се занимаваат со економија знаат дека кога вложувате во вакви проекти тие најмалку три пати ги вртите парите. Еве јас сум инженер не сум економист, имам некакво искуство во бизнисот и во економијата. Ви гарантирам дека не само што нето нема да се задолжиме туку нето и ќе го намалиме долгот кога овие проекти ќе се реализираат. Благодарам. Дополнителен одговор: Благодарам пратеник на дополнителното прашање. Што се однесува до принципот на фактурирање нема да биде по принципот на жолт фридик, нема да биде по принципот на црвен фридик, или не знам каков фридик. Со аванси кои што се плаќаат како што тоа било пракса во минатото по принципот како до сега, ќе биде по принципот опен бук. Што значи тоа? Пред вас пратениците ќе имате закон со договор каде што ќе имате единечна цена за секој еден елемент кои што ќе биде вграден во тие проекти. Секој. И нема криење. Тука нема ништо класифицирано да биде, нема лажење, нема да биде јавноста манипулирана. Зарем ќе си дозволам јас прво како прв човек на Владата, второ, овој состав на Владата и вие пратениците да протнете на шверцерски начин договор кои што заедно со нашиот нов стратешки партнер еве да речеме со зајакнати билатерални односи Обединетото Кралство да ги крадеме Британските и Македонските граѓани. Така викаше и така се уште тврди опозицијата. И ќе ги задолжиме не родените Македонски деца. Што значи опен бук? Отворена книга, тоа значи секоја почитувани позиција која што ќе биде вградена ќе се додаде одреден процент кои што ќе го договориме има маргини. Однапред потпишана надзор кои што веќе го ангажиравме, реномирана Британска адвокатска компанија, веќе го ангажиравме кои што ќе работи за нас, многу конкурентен и ќе ги потпишува тие документи. Зарем ќе дозволиме ние да се бламираме, образот да со го валкаме за нешто кое што сакаме да биде добро. Затоа велам, тие што тврдат дека ова било не знам криминал. Ако го прават од политички причини фолклор и реторика, во ред, разбирам. Нека тераат. Но, ако навистина веруваат во тоа тогаш се политички аналфабети. Но тоа е што е. Што се однесува до индикативната понуда, ќе повторам индикативаната понуда што ја имаме за железницата Коридорот 10, Од Табановце до Гевгелија. Имаме неколку понуди за рок на враќање од 15 до 27 години се грејс период од 5 години. и сите тие си имаат своја цена. Еве ви плус маргина. Индикативна понуда, ќе повторам таа е многу пониска од таа што во јавноста се кажува. Многу пониска, многу пониска. Што се однесува до болниците, имаме индикативна понуда која што опфаќа период од 15 до 22 години до грејс период повторно од 5 години. Со напомена дека првата фактура ќе биде книжене на почетокот на 2027 година. И од тогаш ќе почне грејс периодот да важи. И сега ние наместо црвен тепих да постелеме да се радуваме, ние излегуваме со политички тези. Во ред, пак ќе повторам, ако е така политиката нека си се тера нека си продолжат нека си се тераат политички приказни. Ние ќе работиме. Зошто се овие важно, и што опфаќаат проектите бидејќи ми го поставивте тоа прашање. Коридорот 10 опфаќа реконструкција и ревитализација целосна на постојната траса по Вардарската долина од Табановце до Гевгелија. Иако планиравме на друга траса но таа беше прилично поскапа и затоа за да заштедиме повеќе пари ја дефиниравме оваа. И паралелен уште еден колосек. Значи два колосек. Сега кај нас имаме само еден. И мора едни возови да се паркираат, па други да поминат итн. така сега функционира сообраќајот. Ова се сега две траси. Значи ќе може и карго и патнички паралелно. Со тоа што брзината ќе биде на каргото 110 километри на час минимум просечна брзина. Сега е 25, 30. 25 до 30 километри на час. Што значи тоа? Тоа значи поголема конкурентност и повеќе композиции. Анализа е дека ќе стигне приходот на железницата до 120 милиони евра годишно. Но, тоа значи повеќе пари во нашиот Буџет во делот на транспортот и поголем бруто домашен производ на крајот од денот, од делот на услугите. Одиме понатаму, стратешки сите производи кои што доаѓаат од исток сега начисто користат две пристаништа во Европа. Или Хамбург или Ротердам. Затоа што немаат ваква брза пруга. Нема комуникација помеѓу Егејско, дел од Средоземно море и Централна Европа. Ако ние направиме, а гледам од Србија се спушта брзата пруга, само таму Кинези ја прават тука ние правиме со Британците. Се спушта кон границата кога ќе се спои овој дел и пристаништата во соседна Грција, тогаш логично е најголемиот дел од суровините и производите кои што доаѓаат од исток тука да се товарат. Затоа што скратуваат со 15 до 22 дена. Тоа значи повеќе пари за нив. По конкурентни производи, пониска цена. Тука ја гледаме нашата шанса. И затоа решивме во овој проект да инвестираме. Тоа морам да признаам дека многумина не го гледаат со радост, не се радуваат. Од многу земји кои што порано биле по атрактивни ако ние го направиме овој проект. јас тоа го разбирам дури некогаш кога јас слушам опозицијата си велам да не тие обработуваат за тие интереси. Но ајде велам сепак можда и не. Да знаете дека многумина не се среќни од ова што се случува. А што се однесува до болниците мислам дека редно време е да направиме еден ваков што би рекол еден поранешен политичар квантен скок. И да направиме нешто за државата и за граѓаните за да можат да добијат нешто кое што се вели пристојно здравство и конечно да ги завршиме и во Штип и во Кичево и да реконструираме во Тетово и да направиме нешто со кое што сите ние ќе се гордееме затоа што ценам дека тоа ни е потребно. Не за мене, јас во џеб нема тоа да го ставам, нема да го носам туку за граѓаните. И треба не само тука да застанеме ќе треба понатаму целосна реконструкција и регионализација на целосно здравствениот систем во Македонија како држава. Но тоа се веќе следни чекори кои што се дел од плановите кои што планираме да гиправиме. Така што еве да сумирам уште еднашка, ова се индикативни понуди. И опен бук отворена книга и проектите потенцијално кои би ги изведувал. Тој што ќе даде најдобри услови преку конкурентен дијалог тој ќе добие, а вие се ќе видите. Нема шверцерски, нема европски знамиња, нема ништо, нема класифицирани документи, се ќе биде отворено јавно. Секој вграден елемент, секоја завртка, секоја навртка, секоја типла ќе биде специфицирана по цена која што вие ќе ја гледате. И ќе можете да споредувате. И јас ви гарантирам дека денеска цените кои што ќе ги постигнеме ќе бидат многу поевтини отколку споредено со договори, постигнати пред 4, 5, 6 години. јас ви гарантирам, еве ви го гарантирам ова. со истиот квалитет можда и подобро. Еве ова ви го гарантирам. Знаете зошто, затоа што немаме процент вграден во авансот. Нити жолт нити црвен фидик. Немаме процент вграден во авансот. Затоа ќе имаме по конкурентни цени. Се надевам дека бев доволно прецизен. Благодарам.