Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мециновиќ прашува зошто институциите немаат вработено лектори по македонски јазик

Резиме

Амар Мециновиќ од Левица го прашува министерот за култура зошто државните институции сè уште немаат вработено лектори по македонски јазик, согласно Законот за употребата на македонскиот јазик, и кои мерки ќе ги преземе Министерството за спроведување на обврската. Во образложението, Мециновиќ наведува дека институциите не ја исполниле обврската во законскиот рок и бара конкретен план со рокови за надминување на состојбата.

Документ со одговор од Министерството за култура и туризам не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Амар Мециновиќ

ДО: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Африм Гаши

ОД: АМАР МЕЦИНОВИК – пратеник од Левица

Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА

ЗА: г. Зоран Љутков -Министер за култура

Пратеничкото прашање е следно:

Зошто државните институции сѐ уште немаат вработено лектори за македонски јазик, согласно Член 9 и Член 41 од Законот за употребата на македонскиот јазик („Службен весник на РМ бр. 21/2024“), и кои мерки ќе бидат преземени за итно спроведување на оваа законска обврска?

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Во јануари 2024 година, Собранието на Република Македонија го донесе новиот Закон за употребата на македонскиот јазик („Службен весник на РМ бр. 21/2024“), со цел да се зајакне примената, заштитата и унапредувањето на македонскиот јазик како службен јазик на целата територија на државата.

Во Член 9 од Законот се предвидува дека во органите на законодавната, извршната и судската власт, како и во правните лица основани со Устав и со закон, мора да бидат вработени лектори по македонски јазик. Според Член 41, овие институции биле должни да ја исполнат оваа обврска во рок од една година од стапувањето на Законот во сила.

Но, според информациите од јавните извештаи, државните институции сѐ уште немаат системски вработено лектори по македонски јазик. Ова значи дека во административната комуникација и документација сѐ уште нема соодветна јазична корекција, што го доведува во прашање квалитетот на службените документи и нивната усогласеност со стандардите на македонскиот јазик.

Законските рокови се веќе пробиени, а Министерството за култура сè уште нема презентирано конкретен план за надминување на овој проблем. Ваквата состојба укажува на недостаток на институционална подготвеност и волја за спроведување на Законот, што може да има сериозни последици врз заштитата и унапредувањето на македонскиот јазик во официјалната употреба.

Со оглед на горенаведеното, потребно е Министерството за култура да даде објаснување зошто институциите не ги вработиле предвидените лектори, како и да преземе итни мерки за да обезбеди целосна имплементација на Законот, со што ќе се гарантира правилната употреба на македонскиот јазик во сите сфери на општеството.

Очекуваме јасен одговор од Министерството за култура за причините за овој пропуст, како и конкретен план со рокови за негово надминување.

С к о п ј е 01.04.2025

Пратеник-подносител: Амар Мециновиќ

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања