Најважно
351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мециновиќ праша за државната поддршка за домување, министерот одговори за урбанистичкото планирање

Резиме

Амар Мециновиќ го праша Министерството за социјална политика, демографија и млади што им порачува на граѓаните што тешко доаѓаат до дом и дали има план за решавање на проблемот. Тој побарал поддршка за младите и работничките семејства и посочи дека неговите предлози за ограничување на кириите, отпишување дел од кредити при раѓање деца и намалување на учеството за станбен кредит не биле прифатени. Во прашањето изнесе и тврдења за празни станови и шпекулации на пазарот.

Во објавениот одговор, министерот за транспорт ја обвини Левица дека создава хистерија околу урбанизмот и тврди дека отсуството на урбанистички планови ја ограничува понудата и ги зголемува цените на становите. Тој се спротивстави на предлозите што ги оцени како популистички и рече дека државата продава станови на јавно наддавање. Одговорот не ги разгледува конкретно мерките за домување што ги побарал Мециновиќ.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Амар Мециновиќ

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Амар Мециновиќ, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам потпретседателе. Почитувани колеги пратеници, почитувани претставници на Владата, почитуван претседателе на Владата. Јас имам денеска едно прашање, кое се однесува за Министерството за социјална политика, демографија и млади. Затоа што како што ќе забележите ова прашање се однесува на сите овие 3 елементи на ова министерство, се однесува на социјалната политика која ја има во Македонија, се однесува на демографските проблеми со кој се соочуваме и нај повеќе се однесува за младите како боречко прашање за младите во Република Македонија. Во суштина низ пратеничките прашања и генерално низ дискурсот во Македонија можеме да забележиме, апсолутно се соочуваме со кризи кои се преплетуваат, кој постојат, кои си заминуваат, кои се надоградуваат. Но, речиси од 2020 од Ковид кризата па после енергетската криза, па геополитичките кризи, па ценовните шокови, па сега ново настанатата ситуација со горивот. Значи, дека нашите граѓани, нашето општество се наоѓа во една перпетлаутна криза. Но, најболната која го опфаќа целиот овој период и наназад уште, тоа е кризата со домувањето на нашите граѓани во Република Македонија. Кризата за домувањето и тоа што нашите Влади не ја агресираат кризата за домувањето, генерално повеќе покажува за приоритетите на младите од било кои статистички пресек кои можеме ние да го согледуваме овде. Зошто, затоа што за една цела генерација во Република Македонија која расте во ова едно ново време. Домувањето е главниот катализатор за иселување. Денеска имавме на собраниската расправа, пратеничка која кажа дека е најмладата пратеничка и зборува во името на младите. Апсолутно да, ајде да го надоградиме тоа. Нај боречкото прашање за младите во Република Македонија е прашањето за домувањето. И не само за младите, туку и за нивните работнички семејства. Ние со месеци, дури веќе и година дена зборуваме за минималната плата. Министерот за економија и Владата ни даваат аргументи за продуктивноста на работниците како таа требала да се зголеми пред да се зголемат минималните плати. Значи, од една страна приходите и примањата на работниците се ставени на милост и на немилост на некој апстрактни категории кои не се поклопуваат со реалноста. И од друга страна нивното право, човеково право да бидат згрижени да имаат свој дом, се остава на пазарот. Но, јас би ве потсетил дека на пазарот му е гајле за човековото членство, на пазарот му е гајле за децата кои треба да живеат во домови. На пазарот му е само гајле за профитот и остварување на профити од било која човекова потреба. Во поглед на тоа кога зборуваме за продуктивноста на работниците кога се зборуваше за минималната плата во суштина има истражување кои покажуваат дека еден просечен македонски работник кој прима 24 илјади денари. месечно генерира 290 илјади денари за неговиот работодавец во еден месец. Тоа значи дека околу 16% нашиот работник од вредноста која произведува ја носи дома. И од како ќе ја однесе дома ако е под кирија и таа да ми ја даде на тој што поседува станот. И со што остануваат нашите работници. Остануваат со несигурност и со Влада која што не се грижи за нивните проблеми. И кажете ми ако се 17% од вредноста која произведуваат нашите работници останува кај нив, како може едно просечно работничко семејство да си дозволи стан. Како може еден млад работник да дојде до стан, како може едно работничко семејство да обезбеди станови за следните деца. Веројатно сите тука вие малку сте постари од мене, размислувате како да обезбедите станови, мислам дека ви иде убаво тоа. И така и за другите луѓе, така и за работничките семејства. Но, со оваа вредност на платите тоа не може да се постигне. Владата во меѓувреме не нуди ништо, а домувањето не смее да биде комодитет туку напротив треба да биде човеково право. Секој нов стан, сакам да ве потсетам, секој нов стан каде што ќе има ново семејство, тоа е потенцијална нова економска клетка. Тоа го оплеменува нашето општество, младите би останале тука кога би имале услови да градат семејства. И секоја поединечна економска клетка може да допринесе за економската активност во нашето општество. И ова е просто резонирање, мислам дека со ова можеме сите да се согласиме. Тогаш како здраво разумно можеме да дојдеме до овој резон, но Владата не. Тоа е затоа што покрај долгорочните позитивни импликации кои би имале една ваква заштита на младите, дозволување е тие да креираат семејни економски клетки, не. Едноставно толку е битна поддршката и врската помеѓу олигархијата и бизнисот и политиката, толку е битна индустријата за градење кое дивее во Македонија. Едноставно таа и благосостојбата на сите инвеститори кои градат згради е побитно. Долгорочниот потенцијал, просто на државата. Владата ги негира можностите кои можеме како општество да ги преземеме. За луѓето кои го водат овој ресор, луѓето кои го водат овој ресор како да не се свесни дека тие се одговорни за благосостојбата на нај ранливите категории. И изостанува дискурс од ова министерство за нај ранливите категории. И додека кризата за домување ги иселува семејствата, ги распарчува семејствата. Додека кризата за домување ни ги празни градовите, ги претвара во игралиште за шпекулација. Што прават овие луѓе кои го држат портфолиото и ресорот за социјална политика. Молчат. Тогаш се поставува прашањето на која страна се оние кои ни го водат ресорот за социјална политика. Бидејќи очигледно не се на страната на послабите. Кога се однесува за шпекулацијата како се одвива најчесто шпекулацијата во нашето општество со становите. Ние имаме не ја знам точната бројка, мислам дека над 100 илјади празни станови во Република Македонија. Во Скопје се 10-ци илјади празни станови. Во суштина, инвеститорите, олигархијата, инвестиционите фондови, кои шпекулираат со пазарот на домување. Намерно ги држат овие сите станови надвор од пазарот за прво да не се попречи турбо градењето цело време. А второ, намерно вештачки да се држи понудата пониска него ли што би била. Има решение за ова, има решенија во регионот, има решенија на континентот, можеме да воведеме данок на повторен имот, да се зголемува данокот. Во еден момент едноставно да нема логика да се шпекулира со станбениот простор во Република Македонија. Дополнително на ова, во медиумите се појавува вест дека дански инвестициски фонд планира да купи 300 станови во Скопје. купи. Мене ова ме плаши дека ќе се створи маѓепсан круг помеѓу инвеститорите и сега странски сопственици на нашите станови. Македонија има една брилијантна метрика, затоа што Владата многу често греши во метриките, вели дека сме први за ова, први за ова. Еве ќе ви кажам една позитивна метрика за Македонија. Македонија има висока стапка за сопственост на станови. И тоа е добро. Тоа е убаво. Ама ја имаме како резултат од минатото. Таа сега паѓа. Ние не смееме да дозволиме да станеме нација на киријаши. Бидејќи, ако се пополни тој маѓепсан круг помеѓу странски инвеститори кои ќе ги купуваат становите кои нашите инвеститори турбо ги градат, тогаш едноставно Македонија, Скопје и нашите урбани средини и градови ќе се претворат во места на, едноставно на киријаши. Нашите граѓани нема да можат да си дозволат да живеат. Во суштина, во изминатата година ние имавме некои активности во Собранието кои беа предлози за санирање на оваа криза. Понудивме ограничување на кириите. Тоа не беше прифатено. Понудивме да се простуваат дел од кредитите при секое добиено следно дете. Јас мислам дека тоа е позитивно, тоа го стимулира наталитетот и го стимулира останувањето на нашите граѓани во Македонија. И крајно, им овозможува да живеат просто достоинствено. Тоа не беше прифатено. Понудивме намалување на учеството за станови, за станбен кредит. Тоа не беше прифатено. Решенијата постојат. Тие не се спроведуваат, а остануваат само прашања. На самиот крај, јас ќе издвојам неколку работи кои на мене граѓани ми ги имаат пишано по повод ова прашање, кога ја отворивме полемиката околу купувањето на становите на Данците. И прашањата се многу прости и се од граѓани и се однесуваат до Министерството за социјална политика. Како еден самохран родител може да купи стан и да живее во меѓувреме. Како да формираме семејство кога квадратот е 2.500 евра. Во ова цела плата ни оди за кредити. Бараме закон со кој ќе се ограничат кириите. До стан, само без бубрег. Се движиме во реалност каде што никој од нас ништо нема да поседува. До каде со оваа политика. Има ли план да излеземе од неа. На 28 години ми доаѓа да се иселам и кој не живеел под кирија, не знае каква агонија е тоа. Моето прашање е, што има Министерството за социјална политика да им каже на сите овие граѓани. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за социјална политика, демографија и млади

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Амар Мециновиќ, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Министерот за транспорт Благодарам. Видете, темава за да можеме да поразговараме, да не е само соопштение и мислам дека е добро да знае македонската јавност дека едно од основните причини зошто цената на станбениот квадрат во неколку скопски општини, во остатокот од државата е релативно коректна, е ваква каква што е, заради хистеријата која што вие и вашите прокси коалициони партнери ја создавате. Имено, во Македонија во моментов да се донесе Детален урбанистички план се смета за поголемо злодело од да се убие човек на улица. Се пресметуваат метри квадратни, профити, кој стоел позади тоа, кој бил сопственик и така натака. И заради тоа, во Центар не се носат планови. Јас сега ви кажувам како министер, не ги потпишувам, заради хистеријата што ја имате создадено. Во Карпош не се носат планови, во Аеродром не се носат планови, во Кисела Вода во урбаниот дел не се носат планови, во Гази Баба делот кој што е спрема Ист Гејт, исто кој што е по урбанизиран, исто така не се носат планови. Во Чаир не се носат планови. Заради хистеријата која што ја имате вие создадено. Се обидовме да олесниме за хотели и тоа пак бевме внимателни. Велиме, ќе важи само за оние кои што не се градски хотели, значи, за во град пак оставаме оваа ултра комплициранава процедура. Хистерија кревате по медиуми. Што е проблем хотели да се градат во Македонија. Сега олеснуваме за маркети, затоа што сам зборувате дека инфлацијата галопира, дека цените на храната отишле нагоре. Свесни сме дека има олигопол од неколку ланци на маркети. Ги казни Комисија за заштита од конкуренција. Менуваме Правилник со кој што Правилник овозможуваме побрзо да оди урбанизацијата, со цел да можат да се градат нови маркети и да се создаде конкуренција. Еве, имаме најава веќе од два големи ланци, Лидл и Шпаро веќе се тука. Вие повторно соопштение денеска пуштивте, па сте ме измонтирале мене, премиерот, на оној што ве формираше и сте ја ставиле во позадина сликата на тој кој што ве формираше. Јас малку подолго сум во политика и прашајте го Димче Апасиев како сте формирани. Јас ќе ви кажам. Со директна материјална поддршка од Сашо Мијалков, кој што сега го обвинувате за градење на хотел во Охрид и дека ние не сме го спречиле. Еве, прашајте. И која ви беше улогата во 2015 година. Да ја рушите Шарената револуција овие што ја правеа. И сега правите монтажа и на таа слика нѐ обвинувате зошто полесно во државата ќе се градат хотели, надвор од градови, надвор од национални паркови, надвор од заштитени подрачја, надвор од заштитата на УНЕСКО, зошто полесно ќе се градат во државата. Па да молиме ние да дојдат инвеститори. Затоа што тие хотели носат пари, носат вработувања за да не се иселуваат младите, како што пишувале, на 28 години, носат туристи и носат пари. А овие маркетите кои што ќе влегуваат, носат поевтини цени, затоа што сега, не јас, Комисија за заштита на конкуренција кажа дека има картонско здружување. Затоа што производител, цената што ја дава пута три доаѓа на полица, затоа што маркетите му бараат за олеснување толку, за флаер онолку, за акција толку и така натака. Па се донесе Законот. Еве да слушне и министерот за економија, за добри трговски практики. Почнаа да регистрираат пијар агенции и маркетинг агенции надвор од државава, па таму сега ги тераат производителите да се рекламираат. И затоа ги правиме овие измени, ама паралелно вие, вашата политичка партија крева хистерија и узбуна во однос на урбанизацијата. И многу едноставно е. Се учи на прва година на Економски факултет, а економика се учи и на Правен факултет. Значи, вака прилично е раширена како предмет, како се формира цена. Цена се формира кога ќе се пресечат понудата и побарувачката. Е сега не може ние да имаме голема побарувачка, мала понуда и цената да е ниска. Тоа е невозможно. А за да имаме поголема понуда, треба хистеријава која што ја водите, да ја прекинете. Еве, се кандидиравте за градоначалник на Скопје. Како планиравте градот да го водите со ваква хистерија. Даноци кој ќе плаќа. Буџетот како ќе се полни. Или, лесно е да се кажува, од една страна намалете, од друга страна има за се. Нема. Нема, многу едноставно е, колку што ќе ставиш, толку имаш да трошиш. И да се задолжуваш не можеш, затоа што и таму има правила колку можеш да се задолжиш. Така што, лесно е да водите вакви ултра популистички политики, ама тие ви се удираат со ѕид вториот ден. Еве, за урбанизација вашава политика ја следиме и резултат на вашата политика е 2.500 евра квадрат. И ако продолжиме со оваа политика, 5.000 квадрат ќе е. Затоа што, едноставно е. Ако нема градба, ако нема понуда, а има побарувачка, ќе одат цените нагоре. Многу едноставно е, пазар е тоа. И нема ниту еден начин да направите интервенција. Гради државата колку што може, мора да ги даде согласно Закон тие станови на јавно наддавање, истите цени стигаат и во ПУИГ, затоа што има огромна побарувачка. А има побарувачка, повторувам, затоа што нема понуда. Всушност хистерија направивте од темава. Сменивме овдека Закон полесно да можат да се градат училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи, направивте хистерија. Баравте од претседателката да не го потпишува Законот. Каде е урбаниот хаос кој што велевте дека ќе се случи. Еве, каде е урбаниот хаос. Гледам многу сте загрижени за Охрид. Знаете во Охрид колку е квадрат стан во моментов. Четири илјади евра. Знаете зошто е 4.000 евра. Од вакви како вас. Затоа што сите возможни заштити се ставија што постојат и што не постојат и затоа што не смее да се гради. Таму каде што се гради, не може повеќе од два до три ката максимум и млади луѓе пакуваат куферите и се селат. Точно. Еве, Јована е пред вас, прашајте ја колку е во Охрид квадрат. Четири илјади евра, јас ви кажувам. Затоа што не се гради и не може да се гради. Заради ограничувањата кои што се поставени. Отидовме во УНЕСКО, еве тука се колегиве, велат главното кодошење од дома ви доаѓа. Сами си ја кодошите државата. Ама за Подградец не кодошите, затоа што очигледно немате сила за таму да кодошите, да му се спротиставивте на Еди Рама и да кажете што прават на таа страна. И одите, на Енвер Хоџа му се поклонувате, кој што е претходник на Социјалистичката партија што сега ја води Еди Рама, кој што е ултра демократичен, нели претходникот во затвор си го стави со ќотек. Да, да, претходниот претседател на Социјалистичка партија, премиер, претседател на Собрание, министер за надворешни и претседател на држава, прво ќотек му даде и после го стави во притвор. Дело немаат, ама две години го држи во притвор. На таков вие се поклонувате и таков ви е пријател. Така што, популизмот секогаш се удира од глава на граѓаните. И ќе бидам директен. Причината зошто во урбаните делови на Скопје, во Охрид и, отприлика тука завршуваме, цената на квадрат е оваа, е политичката партија Левица и хистерија што ја создава со урбанизмот. Благодарам.

Сите пратенички прашања