
Амар Мециновиќ
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Амар Мециновиќ, поставено на 85-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувани колеги пратеници, почитувани претставници на Владата. Моето прашање до министерот за економија и труд е дилема на речиси пола милион граѓани кои преживуваат со под 400 евра месечно или околу 400 евра. Граѓани, работници кои со години се борат за подостоинствен живот за себе и за своите семејства. Кои со месеци се борат против десничарска влада и кој се веќе со недели ги гледаме пред вратите на нашите институции како ги блокираат институциите. Се со цел за вие и ние да ги слушнеме. Но, за возврат овие граѓани овие работници добиваат пред се тишина, потоа добиваат одбивање и на крај добиваат громогласна борба која ја води вашата Влада против нив. Истовремено сите аргументи ви се празни економски аргументи кои се користат со децении. Но, кој секој пат се погрешни како и во овој случај. Вие повторувате јавно дека нема да има зголемување на платата надвор од законското предвиденото зголемување и дека ако има договор ќе има договор помеѓу работодавците и работниците. Не може да се договори предаторот и жртвата. Вие тоа го знаете, што значи дека свесно излегувате од три партитниот дијалог. Тоа е вашата позиција, како агенти на хистеријата ни велите дека ако се зголеми минималната плата дека ќе има економски колапс, дека ќе има инфлација, дека ќе се затвараат фирми дека работници губат работа. И нај омилениот ваш аргумент за продуктивноста. Ајде да зборуваме за продуктивноста затоа што велите дека тие работниците треба да чекаат, но работниците на оваа држава чекаат 30 години и нивното трпение е изминато. Вашиот омилен аргумент за продуктивноста кој го велите како човек со само доверба на човек кој не треба на крајот на месецот да рачуна како ќе го преживее крајот на месецот. Од таму вашата самодоверба да давате вакви апсурдни аргументи. Ајде министре да зборуваме за продуктивноста која велите дека мора да се зголеми пред да се зголеми пред да се зголеми минималната плата. Ајде да ја видиме математиката на експлоатација што ја брани вашата влада. во просек во Македонија работник кој заработува 24 илјади денари, генерира вредност од 5 илјади евра месечно за својот работодавец. Ова ќе го повторам јавно доставен запишано во сите списи на ова Собрание. нашиот работник кој добива 24 илјади денари месечно генерира вредност за неговиот работодавач од 5 илјади евра месечно. Ова е математиката на продуктивност која вие пробувате да ни ја кажете. Тоа значи дека само 16% од вредноста која работниците ја креираат со свои раце, останува кај нив. Додека останатите одат нагоре во корпоративни профити во џебовите на олигархијата и џебовите на вашите политички врски кои ве спонзорираат. Таму оди вредноста на работникот. Се што создава работникот, секоја додадена вредност не завршува во неговото семејство туку завршува конкретно кај олигархиските спонзори кој вас ве спонзорираат. Аргументот за продуктивноста почитуван министре, не е економиски туку е идеолошки. Тоа има намера да го заштити богатењето на крупниот капитал, а да ги држи работниците на свое место. Во Македонија со децении постоела диспаритет, колку се нашите работници продуктивни, а колку добиваат пари. Ова е тренд во цела југоисточна Европа и многу студии ова го потврдуваат. Вашиот аргумент за продуктивноста е не релевантен. Затоа што богатството во Македонија постои. Но прашањето е каде завршува тоа богатство. Тоа богатство завршува кај фирмите кои вие пробувате да ги заштитите. И не мораме да зборуваме дополнително ќе ги спомнеме. Сите студии за продуктивност велат дека зголемувањето на платите носи до поголема продуктивност, а тоа можете да го видите и во вашата сопствена економија. Каде што подобро платените работници се по продуктивни од тие кои не се толку добро платени. Тоа е во вашиот ресор почитуван министре. Ајде потоа да збориме за вашето сеење став за инфлација и за економски колапс кои ќе ни се случи. Секој пат кога работниците бараат достоинствени плати одма се активира истиот хор. Еве сме пред економски колапс. Еве само фирмите што не затвориле, еве само што не изгубиле работа без број работници. Овој аргумент е стар колку и капитализмот и секој пат погрешен. Зошто? Наводно вие се плашите за малите бизниси, овде сте во улога на загрижен прет приемач. Но, позади тој реторички штит стојат лобистите, а кој има моќ да лобира кај вас, малите бизниси, пекарите. Не. Ние олигархијата и крупниот капитал на кој не му се зголемуваат даноците и не му ја зголемувате минималната плата. Зошто тоа не го правите. За тоа што целата македонска јавност треба да знае дека вашата Влада дозволува тука да постои економски бизнис модел кои заснива на натпреварот до дното т.е. за ниски плати. Нашите фирми не иномираат, не модернизираат. Напротив се натпреваруваат кој може да даде пониска плата и тоа вие да им го овозможите да помине непрочено. Реторичкиот штит е за бизнис моделот кој не модернизира кој не оди нагоре во ланецот на вредност, кој нема иновација. Овој бизнис модел зависи од платите кои осигуруваат сиромаштија, не плати кои дозволуваат достоинствен живот. Му треба на овој модел вакви плати за да функционира. Олигархијата го прави своето богатство не од иновации, модернизација. По тоа е најголемата вистина која сите тука ја знаеме. Нашата олигархија од што се иновативни го има направено богатството. Не туку преку чиста аритметика на плаќање на нај ниската можна плата на нашите работници. Трка до дното, тоа се нашите фирми кои вие ги штитите во овој случај. Ако се занимаваме со тоа што велите дека немаме пари, тогаш треба да разговараме за следното. Зошто не ги зголемите даноците, ако не им ги зголемите минималните плати ќе воведете ли поголем данок за фирмите кои заработуваат од работниците. И понатаму, овие фирми нема да умрат од зголемување на платите. Но, ако се од бизнис модел им се заснива на плати за сиромаштија, дозволете им да умрат. Нека умрат фирмите кои не можат да дозволат достоинствени плати за граѓаните на Македонија. Затоа што ваквото штитење носи до не достоинствен живот. На нас семејствата ќе ни се распарчуваат затоа што фирмите кои не можат да поднесат повисоки плати. Вие ќе ги штитите. Не, тоа нема да го дозволиме. Ако умираат, нека умрат. Не прават ништо освен експлоатација на богатството кое го произведуваат работниците. Вие ги штитите од натпревар, ги штитите од одговорност проблемот. Е во бизнис културата која вие ја негувате. Ги штитете експлоаторите и тоа го викате економска политика. Ги штитите профитерите и велите дека тоа е фискална одговорност. А барате работниците да се жртвуваат. Немало пари за зголемување на плати, но имате за луксузни расходи, имате нови авиони, имате нови возила и многу пари за оружје и за НАТО. Привилегиите на вашата политичка каста се зголемуваат во навредено и безобразно темпо. Крал би ви позавидел на привилегиите кои ги уживате. Не е затоа што нема пари, туку затоа што ултра богатите и крупниот капитал не плаќа својот дел од сметката. Толку е просто. Ендемско затајување на данок имаме кај големите фирми. Затоа што сивата економија голта милијарди евра кои може да се искористат за социјални програми. Е таму има пари. Затоа што вашата Влада постојано ги штити олигарсите и профитерството кои го кријат со кое го создаваат своето богатство. На работниците им велите нема пари за плати. Што не им кажете на олигарците дека нема пари да затајуваат данок. Што не им кажете дека пари за нивниот луксуз, дека нема време веќе да чекаме да им текне да ги модернизираат своите фирми. Не, само на работниците имате што да им кажете. На тие кои немаат ништо нив можете да ги прекорувате и да им велите да ќутат и да чекаат вие да им се смилувате. Во меѓувреме имаме имиграција се додека вие зборувате дека ќе има економски колапс ние веќе го живееме тој економски колапс. Нашите работници мигрираат почитуван министре. И цело време зборувате за една формула една формула. Еве ќе ви кажам дека има една вистина, има една Македонија во која има министер за труд кои треба да ги користи своите ингеренција во економијата. Не, вие сте министер за економија кој го подјавнува трудот. И затоа да ги видиме на крај вашите аргументи. Вие велите за продуктивност, наспроти тоа имаме чиста математика на експлоатација. Вие велите дека ќе има економски колапс. Јас ви го давам аргументот на миграцијата. Веќе сме во економски колапс. Вие велите дека ќе ги штитите малите работници зад малите бизниси, зад тоа се кријат најголемите експлоататори. Вие велите дека треба да има фискална одговорност, но олигархијата затајува данок. Затоа моето прашање е дали конечно ќе признаете дека не зголемувањето на минималната плата е ваш политички избор или па до крајот на оваа седница ќе покренете иницијатива за зголемување на платата на 600 евра. Благодарам.