Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мециновиќ побара податок за долгот на ЕСМ, министерката рече дека нема надлежност

Резиме

Амар Мециновиќ праша колкав е точниот долг на АД ЕСМ и што презело Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини по неговото зголемување. Тој праша и дали растот на долгот значи контролиран крах на компанијата или постои план за нејзина приватизација, а побара ЕСМ да се оспособи да се натпреварува со ЕВН Хоум.

Министерката не го соопшти точниот долг. Таа одговори дека Министерството нема надлежност над работењето на ЕСМ, кое е директно под Владата, и дека не се меша во неговото работење. Наведе планови за енергетските објекти и мерки за енергетски сиромашните граѓани. Според неа, ЕСМ ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач по пониска цена за да се избегнат ценовни скокови, согласно постојниот закон.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Амар Мециновиќ

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Амар Мециновиќ, поставено на 81-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 21 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам претседателе. Почитувани колеги пратеници, почитувани претставници на Владата, почитувана министерке за енергетика. Јас денеска имам едно прашање кое се однесува на ресорот за енергетика, т.е. вашето Министерство. Во овој мандат мислам дека најмногу прашања пратенички имам поставено до Министерството за енергетика. Во изминатите години и пол дена имаше многу за што имавме да разговараме на некои од прашањата, разговаравме директно со вас, на некои со вашиот заменик и мислам дека денеска е време да се навратиме на некои од тие наши разговори затоа мислам дека е ова интерес кој се појавува кај нашата пратеничка група е затоа што енергетиката е навистина клучно прашање. Тоа е клучно прашање кое може да послужи како огледало на минатото што сме правеле во минатото за да стигнеме до оваа сегашност во која се одразува нашиот суверенитет, нашиот капацитет да носиме самостојни одлуки за доброто на нашите граѓани, но и посочува кон иднината и опстанокот на нашиот државен и општествен еквилибриум. Но најмногу по ова минато, сегашност и иднина го имаме човековото секојдневие кое се повеќе и повеќе е обременето со енергетска сиромаштија и нашите граѓани низ годините се повеќе и повеќе го чувствуваат ова од енергетската сиромаштија и таа им задира во квалитетот на животот и во благосостојбата на нивните семејства и на нивните индивидуални животи. Јас сакам да искоментирам, ова сме го збореле со вас, Македонија во 1991 година имаше навистина солидна електроенергетска инфраструктура која меѓу другото и овозможи да стане држава на темелите на која се постави затоа што во еден момент ако се сеќавате немавме валута, немавме војска, но имавме електро енергетски систем кој ни дозволи држава и тоа е создадено во еден период каде што речиси од среде век се развиваат овие инфраструктурни проекти, зборуваме од 45 затоа што состојбата од 45 знаеме каква покриеност имало со електродистрибуција, колку од нашите градови, нашите села биле покриени, и имаме момент во 1991 година каде што имаме наше базно производство кое ги задоволува потребите на нашите граѓани и немаме потреба да увезуваме струја. Во изминатите 35 години не само што не е унапредено, туку е и девастрирано и за ова сме се согласиле почитувана министерке. Тие сите капацитети се разнебитени на основа на погрешно одлуки и сите влади учествувале во овој процес на девастирање на овој систем и се согласивте со мене на крај на 2024 година кога го зборувавме ова. Но сега почитувана министерке за прв пат имаме министер за енергетика, е сега за прв пат ќе може да се посочи прстот кон некој ресор и кон некое Министерство. Јас не сакам повторно да влеземе во процес каде што по 5 години, по 10 години некој иден министер ќе зборува но овој пат за вас, а не за влади затоа сега имаме министер за енергетика на кои треба да се повика одговорност. Дополнително, да направиме паралела на тешките времиња затоа што, енергетските времиња се 95 со ембарга, со различни несташици на енергенси но во деведесеттите покрај толку корозивната и погрешна политика на тогашните Влади, капацитетите од минатата држава и дозволуваат да ги преживее тие енергетски шокови. Е, сега второто тешко енергетско време е ова. Од 2021 година навака и не само што енергетиката е политичко прашање за нашите внатрешни работи енергетиката е геополитичко прашање во изминатите 3 години. Се повеќе и повеќе се оди на заштита на енергенсите и на интересите на државата во поглед на енергенсите затоа што, веќе никој не може да ја гарантира безбедноста и сигурноста на нашите граѓани освен нас. И, што е вашата улога во овие година и пол дена. Искрено во мој впечаток ништо освен еден Закон за енергетика кој донесовме и на една комисија разговаравме. Јас ве прашав. Зошто ЕСМ продажба да не биде универзален продавач на нашите домаќинства. Вие рековте дека не можеме така да интервенираме, мора да се, во Законот да пишува да се субјекти па независно дали се приватни, дали се државни но меѓувреме таа либерализација не носи до рекордно крахирање на ЕСМ. А, кога зборуваме за либерализација стално можеби граѓаните се лажат дека либерализација тоа ќе дојдат некои инвеститори од некои држави. Не, тоа се братучеди се на политичарите. Либерализација значи фирми за братучеди роднини и т.н. По параванот на овие политики затоа што, вие рековте дека мора да се следат политики на либерализација и тоа е не либералниот модел. Кој можеби функционираше за елитите и успеа да создаде социјален мир но, веќе не е така. Значи, текот е различен, државите ги окрупнуваат своите државни капацитети. Вие тоа не го правите и под привидот на политичката независност сакате да го ставите нај политичкиот ресор. Па, сакам да ве информирам како министерка дека нашата пратеничка група поднесе закон за укинување на РКЕ на пример. И, зошто поднесе закон за укинување на РКЕ затоа што, имаме дуплирање на министерство и сега нај експлицитното министерке. Имаме министерка која на покачувањето на струјата не излезе да даде свое мислење. Зошто имаме министерка за енергетика кога Бислимовски излага и ни вели дека ќе имаме покачување на струја и вие не давате никаков коментар. Дали е Бислимовски министер за енергетика или пак сите колективно чинители во овој енергетски ресор се портпароли на ЕВН бидејќи само ЕВН добива од оваа ситуација во која се наоѓаме и никој друг и ќе дојдеме точно до деталите како тоа се случува. Во април инаку кога не бевте на седница на пратенички прашања со вашиот заменик зборувавме за крахот кој се случи, меѓу другото за кој информиравте дека имало проблем во соседството. Тоа не е така. Тоа е затоа што, немаме компензациски капацитети за сите дозволи за фотоволтаици кои РКЕ ги има издадено во изминатите години. И, тоа е политиката која сега ја имаме како резултат. Политичката одговорност сакаме да ја вратиме кај вас и затоа предлагаме укинување на РКЕ затоа што, вие сте претставени како енергетски експерт како година и пол дена. Јас на самиот почеток навистина немав никаков сомнеж во тоа и понатаму немам сомнеж. Но, почитувана министерке, времето поминува. Година и пол дена веќе е поминато а немаме доволно добри резултати. Во првото прашање помеѓу нас зборувавме за долгот на ЕСМ. Имаме мислам да не ги нарушувам правилата на Собранието, дури имаме видео помеѓу нашата интеракција каде што зборуваме за долгот и во третиот квартал од 2024 година значи тоа е непосредна кога веќе се формираше министерството, долгот беше 165 милиони евра. Па, во првиот квартал на 2025 година достига 183 милиони евра и кога зборувавме за овој долг, вие рековте: Да, ова е страшно, ова продукт на неправилниот, нешто ќе направиме за ова. Значи, се согласивте. Доколку имаме контрадикција дополнителното прашање можеме и да го пуштиме тоа, таа наша интеракција. Вие се согласивте и тоа е супер, но година дена после тоа, што се случува со долгот на ЕСМ. До август имате од прилика доспеан долг од 250 милиони по сите основи. Банки, доверители, за услуги и т.н. 250 милиони. И, еве го заменикот министер за финансии до вас, на ЕСПЕО системот до октомври - ноември граѓаните можеа да го следат долгот на ЕСМ, но сега веќе не можат. Сега можат да го следат долгот на одредена своја фирма за која им е потребно но не и долгот на ЕСМ. Затоа, конкретното прашање почитувана министерке. Колку е точниот долг на ЕСМ. Ако е зголемен. Што направивте вие во изминатата година од како разговаравме дека имаме енормно голем долг. Дали зголемувањето на долгот нагласува дека вие спроведувате контролиран крах на ЕСМ. Дали планирате да го приватизиравте ЕСМ. Бидејќи ова се прашањата кои се поставуваат кога доаѓаме во историски највисок долг на нашиот државен капацитет. Во исто време кога ЕВН остварува енормно рекордни заработувачки. Зошто сте неспособни да го оспособите ЕСМ да му конкурира на ЕВН. Зошто ЕСМ кога даде пониска профитна маржа од ЕВН му беше одбиено затоа што, немал БИЛИНГ систем и т.н. Ајде оспособете го ЕСМ, оспособете го ЕСМ и доведете го до ситуација каде што ќе се натпреварува со ЕВН ХОУМ. Значи, ЕСМ продажба со ЕВН ХОУМ за да можеме да имаме социјално прифатлива состојба во овој клучен ресор. Граѓаните не можат да ја поднесат оваа енергетска сиромаштија. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Амар Мециновиќ, поставено на 81-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 21 јануари 2026 година Благодарам претседател. Почитувани пратеници, Благодарам за прашањата, меѓутоа мислам дека треба најпрво да прочитате кои се надлежностите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Министерството по ниеден основ не се меша во работата на АД ЕСМ, бидејќи е акционерско друштво и е директно под Владата. Бидејќи Министерството е акционер на НОМГ и на МЕПСО, значи јас како министер, ниту се мешам, ниту имам никакви ингеренции врз работата на ЕСМ. Точно е дека свикав, за прв пат координативни состаноци, за прв пат воведовме и вклучување и на фотоволтаиците заради состојбата и балансирање и сигурноста на системот. Тоа се случило прв пат во историјата, во април, меѓутоа, ова Министерство ги прави стратегиите, носи закони. Имаме уште многу закони кои треба да се донесат и правиме и нови мрежни правила. Тука се фокусираме на МЕПСО, бидејќи МЕПСО е под Министерството. Што се однесува до ЕСМ, ние прв пат направивме план, значи за 2025 година имаме план за сите енергетски објекти, а до крајот на 2026 година има план, прв пат, значи план со физибилити студија, со дју дилиџенс, со сите можни информации и тука веќе АД ЕСМ има свои енергетски објекти. Значи, прв пат АД ЕСМ има енергетски објекти. Ве викнавме минатата година, ве повикувам и сега да дојдете, ќе ви кажеме се што има доставено кај нас. Меѓутоа, ние како Министерство, ниту имаме влијание, ниту се мешаме во работата. Значи, ние немаме ништо со работата на АД ЕСМ. Тоа е директно под Влада и кога се разговара за АД ЕСМ јас се изземам. Чисто да ви објаснам што е нашата работа. Што се однесува за енергетската сиромаштија. Прв пат во Законот е дефинирана таа енергетска сиромаштија. Прв пат се воведени мерки, на пример, во зимскиот период ќе се направи регистар, сега моментално правиме, заедно со ЕВН, заедно со Министерството за социјала, и тука прв пат ќе ги дефинираме сите тие кои се енергетски сиромашни граѓани. Имаме субвенции, имаме илјада денари, по сметка даваме на сиромашните. Исто така дававме и ваучери за клима, имаме и оваа година, односно од минатата ќе ги дадеме, што значи ова го правиме за последниот период. Кажавте дека за година и пол ништо не е направено. Јас не се сложувам. А што се однесува за енергетски објект, многу би сакала да ми кажете кој има изградено било што за година и пол. И сами знаете дека за да се изгради некој енергетски објект, тука се потребни најпрво дозволи. Значи, од Министерството за транспорт, и тоа е еден долг период. Исто така, Министерството за животна средина. Еве прашајте колку е потребно само да се направи елаборат за животна средина. Што значи, за година и пол нема никаква шанса да се изгради нешто, меѓутоа, со планот за 2026 година има многу енергетски објекти кои прв пат се во државна сопственост. И јас би сакала многу ЕСМ да е во плус. И јас се согласувам дека тие минуси се лоши, меѓутоа најголемиот минус на ЕСМ доаѓа од тоа што ЕСМ дава 65 евра на ЕВН, а моментално, еве само да ви кажам, цената на електрична енергија на берза е 180 евра за вчера, 160 евра, што значи 300 посто поскапо. Ако ЕСМ отиде на слободен пазар, ги продаде овие количини, тогаш ќе има многу позитивна финансиска работа и резултати. Меѓутоа, ЕСМ наместо да продава за нас 100 евра, ја дава енергијата на универзалниот снабдувач. Универзалниот снабдувач е избран од Регулаторна комисија за енергетика. Затоа што се избира по Закон универзален снабдувач. Значи, ние тој Закон не сме го правеле. Тој Закон е веќе постоечки. Законите вие ги носите тука, господа пратеници. Значи, според тој Закон, Регулаторна избира краен снабдувач, а ние како одговорни, свесно, наместо за 120, 150, ја продаваме таа електрична енергија за 65, за да нема ценовни скокови кај граѓаните. Благодарам.

Сите пратенички прашања