Најважно
348 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мартовската плата во културата ќе се пресмета според упатството, вели министерот

Резиме

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска праша дали вработените во културата мартовската плата ќе ја добијат според упатството на Министерството или според Општиот колективен договор, повикувајќи се на член 14, став 1. Во дополнителното прашање таа изнесе тврдења за тужби поврзани со платите.

Министерот одговори дека упатството е испратено до националните и локалните установи и дека мартовската плата за 2026 година ќе се пресмета според него. Тој ја образложи одлуката со формула за платите, за која рече дека е изработена со Министерството за финансии и Владата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бисера Костадиновска Стојчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 март 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И третото прашање, дали вработените во култура ќе ја земат мартовската плата по Упатството што денес пак го пративте, потпишано само од вас, или по Општиот колективен договор, согласно член 14 став 1. Благодарам. Дополнително прашање: Ви благодарам потпретседателе. Министре, вашата авантура културните работници скапо ја плаќаат ама навистина е многу различно кога сте опозиција и кога од петни жили го браните колективниот договор како актер од прва категорија, чија што плата сега со новото покачување треба да ја надмине таа и на пратениците и на министрите ама сега изгледа е друго од позиција на министер. Епа, сега жалам, вие најдобро знаете какви амбиции имате и дачи ќе седнете на тоа место или не. Јас немав 800 тужби, вие сте скоро 2 години, јас не добив ниту една тужба за плата во две и пол години а вие во без малку ни 2 години имате повеќе од 800 тужби и сите имаа позитивна разрешница. Така? Јас министре, ќе ви поставам уште едно дополнително прашање. Дали вработените во култура ќе ја земат мартовската плата по упатството или по општиот колективен договор согласно член 14 став 1, ве молам да ми дадете точен одговор.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 95-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 март 2026 година Благодарам потпретседателе. Пратеничке, навистина е авантура да се биде министер после вас. Голема авантура. Тоа што го создадовте и што го оставивте во Министерството за култура е огромен предизвик. Така да, тука ќе завршиме со приказната. А, Законот за употребата на македонскиот јазик ќе имаме надзорна расправа па ви ги објасниме работите што е она што сте го направиле вие и зошто ни создаде толку големи проблеми при негова имплементација. Ќе си ја видите вината на надзорната расправа. Во однос на колективните договори, тоа што сте го направиле во 2024 година, тоа создаде такви проблеми кои што до ден денес човек не може да ги расплетка. И, затоа се одлучивме на еден ваков чекор каде што заедно со Министерството за финансии, со Министерството за култура и со Владата создадовме, направивме формула која што е транспарентна. Формула која што ја одразува сликата какви треба да бидат платите на вработените во култура. Така да, вие немате право да зборувате за почитување на колективните договори. Од кога сте вие на власт од 2019 година кога е потпишан колективниот договор до 2024 година, министерке го јадевте Буџетот, па бевте тогаш министер. Го јадевте Буџетот на програмските активности. Дали сте вие свесни што сте правеле. Ја доведовте во културата да биде само трошок, 90% од Буџетот за култура ви одеше во плати, само 10% ви одеше во програмски активности. Денеска ниту еден денар од програмата не оди во плати и тоа треба да ви биде јасно и тоа ви е повторено 200 илјади пати. И, не знам, можете вие од овде да излегувате и да зборувате и разно, разни приказни да кажувате но, тоа не ви мине. Значи, вие сте тие кои го создадовте хаосот, вие сте тие кои што не го почитуваше колективниот договор и кој што во 2024 година ја направи најопасната пресметка за плати. Денеска кога се донесе решение имаме хармонија и во делот на програмските активности но, имаме хармонија и во делот на... Дополнителен одговор: Благодарам. Ќе бидам многу краток, многу е важно да ги решавате проблемите. Значи, тоа е најважно. Не е важно, како рековте, 2 години и 4 месеци сте биле министерка, не е министер само да прошетате низ министерството и да уживате во придобивките. Не е важно тоа, многу е важно да седнете и да разговарате со вработените. Важно е да разговарате со синдикатите, важно е да разговарате со сите но, не сте смееле да паднете на и на најмал притисок. Мојата плата, да, како актер првенец далеку од тоа дека ќе ја достигне оваа другата и мислам дека и тука шпекулирате и е сосема различна од тоа што вие сугерирате. И, да, имаме точна пресметка на плати која што ја направивме претходната година. Упатството е пратено до сите национални установи и до сите локални установи, сите приматели кои што земаат плата од Министерство за култура и таа плата ќе биде направена врз основа на тоа упатство за мартовската плата од 2026 година. Благодарам.

Сите пратенички прашања