
Сања Лукаревска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 102-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Нема ден, а да не осамне со барем една без семејно насилство, оттаму како логичен слет на лошите настани се надоврзуваат и речиси секојдневните вести за врсничко насилство. Татко од Тетово пријавил дека неговата 13 ќерка била нападната од 4 повозрасни ученички за време на спортски турнир. Тежок случај на ученичко насилство во Ѓорче Петров, ученичка била горена со цигари и ја снимале со мобилен. Истиот ден малолетно девојче било изложено на брутално физичко врсничко насилство. Според првичните информации девојчето било однесено таму насила, пошто физичко било нападнато, понижувано, снимано со мобилен телефон, за да потоа и биде укажана и соодветна лекарска и психијатриска помош. Седмо-одделенец од Битола упатувал закани по живот на соученици, насилство во училиште во Ченто, ученик влегол и прободел врсник, кој завршил во болница. Снимен напад врз малолетник, нов скандал со врсничко насилство. Нов врснички инцидент во Скопје, малолетник со закани принудувал 12 годишно девојче да му праќа експлицитни снимки. Ова се само дел од насловите во последните 20 дена за она, кое што за жал е наше секојдневие. Галопирачки пораст на врсничко насилство. Можам да замислам каков ќе биде следниот извештај на Фондот за население на Обединетите Нации, кога во актуелниот, објавен во јуни 2025-та, се посочува на неколку работи. Цитирам: Откриени се алармантни нивоа на врсничко насилство меѓу децата на училишна возраст во Северна Македонија, при што еден од десет ученици пријавува редовно малтретирање во училиште, а еден од шест доживува фајт малтретирање. Под број два, според Извештајот,10% од децата на возраст од 11 до 15 години велат дека се малтретирани во училиште, најмалку два до три пати месечно. Најчестите форми на малтретирање вклучуваат ширење лаги и озборување – 24%, навреди – 22%, и социјално исклучување – 15%. Под број три, уникатен аспект на Извештајот е неговиот фокус на учениците кои вршат малтретирање. Многу од овие адолесценти самите доживеале насилство или дома или во нивните заедници, што укажува на циклус на насилство и надвор од училниците. Да повторам, ова се само дел од аномалиите кои што се нагласени во Извештајот на Фондот на население од Обединетите Нации, објавен во јуни 2025-та, денес, после една година имаме драстично полоша состојба, што укажува дека во делот на превенција, стратегија, преземени мерки, ние целосно сме потфрлиле. Препораката на министерката за оваа алармантна ситуација е следна: Родителите да бидат по ангажирани во воспитувањето на децата, како и тоа дека се подготвуваат нови упатства и прирачници за справување со вакви ситуации, како и проект поврзан со семејно насилство.
Минатата недела се најавија парични казни од 250 евра за родителите на детенапаѓач, како дел од новите измени на Законот за основно образование, понатаму кон превенцијата ќе се приклучи и Министерството за внатрешни работи, кој што ќе ги проверува лиценците за агенциите за обезбедување во училиштата. Од друга страна со бројни негативни реакции беше дочекана изјавата дека се испратени дописи до сите градоначалници, училишта, со кој се воведува обврска наставниците да дежураат во ходниците и во училишните дворови, па се прашуваме тогаш која е улогата на агенциите за обезбедување кои се на трошок на родителите. Наместо да се работи интензивно на зацврстување на образовниот триаголник, наставник – ученик – родител, да се унапредува воспитната компонента, вие како Министерство нудите стари мерки за ново време. Буквално ништо не слушнавме за вонредни инспекциски надзори во училиштата и ученичките домови, со ревизија на сите училишни безбедносни протоколи. Не знаеме кои училишта имаат само формални процедури на хартија, без реална примена. Очигледно е дека безбедноста во училиштата е на катастрофално ниско нови, слушаме само изјави и промоција на казни, а ефектот во реалноста е нула. Многу задоцнети реакции како ресорно министерство. Моето прашање се однесува на одговорноста. Ќе сносат ли одговорност институциите што не реагираат навремено, со законска обврска, за постапување по секоја пријава во рок од 24 часа и раководствата на училиштата и на институциите кои игнорирале пријави или пропуштиле да постапат. Игнорирањето на насилството или одредување на тоа дали е мало или не, тоа насилство создава поголемо насилство. Институциите мора да проверат каде потфрла системот пред врсничкото насилство да стане нормална работа меѓу децата.