Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Лукаревска праша за мерките против аерозагадувањето

Резиме

Пратеничката Сања Лукаревска праша кои мерки ги преземаат Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање против аерозагадувањето. Таа оцени дека средствата за справување со проблемот се намалуваат, повикувајќи се на буџетите и ребалансите.

Министерството одговори дека подготвува нов закон за квалитет на воздухот, го спроведува мониторингот со 21 фиксна и една мобилна станица и им помага на општините при изработка на планови за квалитет на воздухот. Како активности и проекти ги посочи надградбата на системи за греење во јавни објекти, набавката на шест CNG автобуси за Скопје и садењето 6.000 садници.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сања Лукаревска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 78-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 25 декември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Бидејќи специјалитет на оваа Влада е да се повикува на претходната, сакам да ви олеснам и да ве потсетам дека во ноември 2018 година, Владата предводена од СДСМ промовираше План за чист воздух како стратешки документ за 2019 година, со јасно изразена политичка волја за намалување на аерозагадувањето, спроведување на мерките да се одвива преку еден интегриран и координиран пристап, отвореност на Владата и на државните институции за партнерски однос со граѓанските организации, деловните компании и меѓународните организации. Исто така, овој План предвиде за прв пат, посебни буџетски средства исклучиво за намалување на аерозагадувањето. Планот за чист воздух опфати мерки за намалување на аерозагадувањето во Скопје до 50% и приближно толку и за останатите градови во државава со исклучително загаден воздух. Овој План за чист воздух во својот извештај во 2019 година го нотираше и Европската комисија поздравувајќи го конечно донесувањето на таков документ. Тогаш Амбасадата на Шведска во Босна и Херцеговина ги повика властите во Сараево да го видат Планот за чист воздух што е донесен во Македонија. Дали го виделе, не знам. Повеќе ме засега дали нашата актуелна Влада го видела. Да, потребни се години за да се намали аерозагадувањето, но токму овој План беше темелот на сето тоа. И за да се остави впечаток дека е проширено и надградено, оваа Влада меѓу приоритетните програмски определби во областа на заштитата на животната средина наведува и План за обезбедување на чист воздух за сите. На хартија со леснотија се напишани уште неколку приоритети. Заштитата на животната средина е начин како да ја заштитиме иднината на Македонија. Еколошките предизвици со кои се соочуваме како држава нѐ поврзуваа со реалните предизвици насекаде во светот. Нашата визија е да создадеме услови за индустријата да создава еколошки производи со мал отпечаток на загадување и со зголемена додадена вредност. Понатаму, исто во Програмата за работа на Владата, ќе се формира фонд за животна средина кој ќе поддржува посебни програми за поддршка на стар ап компании, иновации кои ќе работат на проекции за помало загадување, намалување на последиците од загадувањето или решенија без загадување на животната средина. Владата ќе воспостави механизми за формирање на централно инспекциско тело со ингеренции на сите нивоа надлежно за справување со загадување на животната средина и со отпадот. Но реалноста ја отапе острицата и на лесно напишаните зборови. Дебатирајќи за буџетите 2025 и 2026 година, како и за ребалансите секаде имаме кратење на средства токму за овој специфичен ресор и ова ресорно Министерство. Во ребалансот на Буџетот за 2025 година, заштита на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4% во износ од 868 милиони денари помалку, следувајќи со 6,4 милијарди на околу 5,6 милијарди денари за фискална година. Најголемата промена е во ставката намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува околу 20% намален Буџет, а во однос на претходната година истиот е планирано да се намали за 48,2. Тоа се скоро 50%.

Исто така во структурата на Буџетот за 2026 година имаме намалување од 14,1% или во износ 727 милиони денари помалку од Ребалансот за 2025 година, или 1,2 милијарди денари споредено со Буџетот за 2025 година помалку. Несвојствено е да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството. Како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот на отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздух ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на државниот инспекторат на труд и како ќе се унапредува животната средина. Не се доволни само препораките за ослободување од работни обврски на ризични групи и сите полека влегуваме во таа група, справувајќи се со последиците, но не се причините. Моето прашање до Вас е, кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно Министерство во борбата против аерозагадувањето, имајќи го во предвид фактот дека од година во година, со секој Буџет и Ребаланс на Буџет ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем. Прашањето го поставувам до министерот за животна срдина и просторно планирање.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

Република Северна Македонија Министерство за животна средина и просторно планирање - МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА -

Архивски број: 10-289/1 Дата: 16 -01- 2026

До: Г-дин Африм Гаши, Претседател на Собрание на Република Северна Македонија

Предмет: Одговор на пратеничко прашање

Почитувани,

Во однос на Вашето барање за одговор на пратеничко прашање поставено од пратеникот Сања Лукаревска, Ви го доставуваме следниот одговор:

Министерството континуирано работи на спроведување на своите надлежности како подготовка на национално законодавство и усогласување со ЕУ легислативата, подготовка на национални стратешки плански документи за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот, спроведување на мониторинг на квалитет на воздух, изготвување на национални инвентари на емисии воздух, оценка на квалитет на воздух, подготовка на извештаи, информирање на национални и меѓународни институции и јавноста за состојбата со квалитетот на воздухот.

Министерството постојано ги следи измените на Европските регулативи и во таа насока во тек е подготовка на нов закон за квалитет на воздух и комплетно

Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје Република Северна Македонија

Република Северна Македонија Министерство за животна средина и просторно планирање

- МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА - вонредни инспекциски контроли на возилата, индустријата, градилиштата и сл., и истите треба да се имплементираат во текот на целата грејна сезона, земајќи предвид дека највисоките концентрации на честички односно најголемо загадување на воздухот се забележува во овој период од годината.

Во последните неколку години Министерството активно работеше на модернизација, обнова и проширување на ДАМСКВ, со средства од националниот буџет и повеќе донатори. Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух започна да се воспоставува од 1998 год со поставување на првите автоматски станици во Скопје, а низ годините се прошируваше и сега брои 21 фиксна и една мобилна мониторинг станица. Сите поголеми градови се опфатени со фиксни мониторинг станици, а мобилната станица се употребува за мониторинг на квалитетот на воздухот во помалите општини.

МЖСПП ги поддржува ЕЛС во подготовката на Плановите за квалитет на воздух (обврска законска на ЕЛС), како дел од проектни активности кои се имплементираат и дополнително преку Програмата за инвестиции во животната средина. Досега донесени се планови за Агломерација Скопски регион (2017-2021), за градовите Тетово (2017-2021), Битола (2022-2026), Куманово (2022-2026), Кавадарци (2022-2026), Гостивар (2022-2026), Прилеп (2023-2027), Велес (2023-2027), Охрид (2023-2027), Струга (2023-2027) и Струмица (2025-2029). Изработени се

3 Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје Република Северна Македонија +389 2 106 212 www.moEpp.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за животна средина и просторно планирање – МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА – се прилагодува согласно економските можности.

Во тек е имплементација на повеќе меѓународни проекти кои имаат за цел подобрување на квалитетот на воздухот.

Во рамките на тековниот проект „Справување со загадувањето на воздухот“, финансиран од Шведската Влада, а имплементиран од страна на УНДП, се заврши едно годишната кампања на мониторинг на PM2,5 и тешки метали и се изработија Студии за утврдување на уделот на различните извори на загадување на воздухот за градовите: Куманово, Гостивар, Струга, Кавадарци и Струмица. Обезбеден е буџет од 890.000 УСД од страна на проектот, и со исто толкава контрибуција од страна на општините ќе се спроведат дел од мерките идентификувани и предвидени во Плановите за квалитет на воздух ревидирани.

Во тек е реализација на следните активности

• Куманово: Во тек се градежни работи за подобрување на енергетската ефикасност на фасадите на заедничкото училиште „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“. Проектот очекува дозвола од Општината за зголемување на енергетската ефикасност на училиштето „Панче Пешев“.

• Гостивар: Реконструкцијата на кејот на реката Вардар ќе трансформира 15.000 м² во зелен коридор со автохтона вегетација и

5 Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје Република Северна Македонија +389 2 106 212 www.moepp.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за животна средина и просторно планирање

- МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА –

• промена на системите за греење во 40 јавни објекти во четири општини (Скопје, Битола, Тетово и Куманово).

Во Куманово, завршена е надградба на системите за греење во четири училишни објекти, подобрена е енергетската eaфикасност и контролата на греењето, со што се намалени трошоците за енергија за приближно 30%. За дополнителни 12 објекти на 7 локации, финализирани се проектите и работите се започнати во 2025 година, и се очекува работите да се завршат пред почетокот на оваа грејна сезона. Меморандум за разбирање беше потпишан со Министерството за здравство, со кој се издвојуваат 1,2 милиони евра, приближно 40% од вкупната потребна инвестиција за надградба на греењето. Овие средства ќе се користат за набавка на резервоари за компримиран природен гас (CNG), кои ќе снабдуваат 12 здравствени установи во 27 згради во Скопје и Тетово. Пристапот беше реплициран со општините Ѓорче Петров и Гази Баба, кои се обврзаа со општинско кофинансирање во износ од 100.000 евра за транзиција кон чиста енергија за седум дополнителни згради на нивната територија.

• Набавени се 6 еколошки автобуси (CNG) за поддршка на јавниот превоз во Скопје и истите се пуштени во сообраќај во февруари 2025 година.

• набавка на 6.000 садници и нивна дистрибуција во четирите градови Засадувањето се спроведе во

7 Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје Република Северна Македонија +389 2 106 212 www.moepp.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за животна средина и просторно планирање

- МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА - квалитет на воздух и извештај за оценка на влијанието на природните извори врз квалитетот на воздухот. Времетраењето на проектот е 2 години, со вкупен буџет од 1,500,000.00 €.

Со почит,

МИНИСТЕР Муамет Хоџа

Изработил: Никола Голубов Контролирал: Анета Стефановска Одобрил: Катерина Николовска

9 Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје Република Северна Македонија +389 2 106 212 www.moEPP.gov.mk

Сите пратенички прашања