О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 мај 2025 година Второто прашање вели: Дали се познати фирмите кои ќе работат. Сега повторно се враќаме на она истото, јас сум министерот за финансии кој што е должен да обезбеди финансиски средства и не спроведува јавни набавки, но сега ме замисливте за една работа. Претпоставував дека целата пратеничката група ваша како и останатите пратеници тука го прочитавте многу добро договорот и во договорот вели дека Обединетото Кралство ќе гарантира во има на Република Македонија. Ако некој гарантира во нечие име. Дали мислите дека тој истиот ќе остави да има злоупотреби на средства или не знам какви договарања. Јас ова го чувствувам како директна навреда кон Велика Британија, директна дека тие ќе гарантираат нешто што ќе биде коруптивно. Извинете, не можам поинаку да го разберам еве ако нешто грешам еве поправете ме. Меѓутоа гарантирањето од страна на Велика Британија мислам дека јасно кажува дека тие гарантираат дека ние долгот ќе го вратиме. Знаете што значи тоа? Тоа значи дека тие гарантираат дека ние проектите ќе ги завршиме и од како ќе ги завршиме проектите ќе сервисираме средства на време. Секоја една злоупотреба која што би чинела многу повеќе пари а јас тоа мислам дека од искуство најверојатно некои ваши колеги треба да го знаат во минатото кога злоупотребуваме тогаш немаше гаранции, сега има гаранции токму заради тоа. За да се следи целиот процес и тука нема никаква разлика помеѓу она што го зборувате за Светска банка и за ова што го зборувате денес. Вториот момент, зошто се обидувате да претставите дека ние 6 милијарди или 5 или не зависно колку и да се. Ќе ги земеме утре. Јас со 695 милиони долари се обидов да ви објаснам пластично дека независно од тоа колку е предмет на гарантирање од страна на Велика Британија средствата ќе се влечат согласно можностите во Буџетот и фискалниот простор. Фискалната консолидација останува приоритет на оваа Влада. Нешто што за жал не успеа да го направи претходната и сега ќе искористам прилика да ви кажам многу ми е тешко кога одам на состаноци посебно и средби со земјите од Западен Балкан и кога ќе ги видам поразителните бројки што не успеа вашата Влада да ги среди и оние буџетски дефицити ненормално високи кога една Албанија, Србија, Црна Гора, сите не претркаа. Од земја која што беше најдобра во тој дел, станавме најлоши и за жал, денес точно е. Имаме многу мал фискален простор за маневар. Но, и во тој фискален простор кој што го имаме ние успеваме со правилно менаџирање не договарање во 4 очи. Јас не знам зошто зборуваме дека не е транспарентно кога до сега не само што е транспарентно, амбасадорот на Велика Британија искочи и зборуваше на оваа тема. Премиерот, тој постојано зборува. Сакам да кажам и од странците не само поздравување има од странците што е комплетно поразлично и не се договорите конфиденшл. Јас како министер за финансии уште не можам да го отвора договорот со Бехтел и Енка. Зошто сте го ставиле како конфиденшл. И, се уште народов нема доволно информации. Вториот момент, тргнавте со милијарда и 300, со милијарда и 600, кој знае со колку ќе заврши проектот за кој нема никакви податоци, што е комплетно поразлично од ова. И, пак ќе се вратам на она што го поставивте како прашање. И постапката за набавката за која што е одговорно друго министерство а не Министерство за финансии, ќе се води исто така, транспарентно како што се водат и постапките во Министерство за финансии. Граѓаните се тие, не ние тука да се расправаме, граѓаните се тие кои што ќе ценат дали станува збор за транспарентни постапки, колку ние ќе заштедиме и дали нешто ќе скриеме. Па, ќе имаат можност да споредат со тоа што се правеше во минатото. Благодарам.