Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерката најави физичка настава за сите ученици во ООУ „Киро Глигоров“ од понеделник

Резиме

Пратеничката Сања Лукаревска праша кога учениците од сите одделенија во ООУ „Киро Глигоров“ ќе почнат да учат со физичко присуство. Таа наведе дека, и покрај претходните најави за роковите, учениците од шесто до деветто одделение сè уште следат онлајн настава и побара објаснување за застојот со реновирањето.

Министерката за образование и наука одговори дека училниците се завршени и дека во понеделник сите ученици ќе се вратат на настава со физичко присуство. Таа рече дека претходно имало одложување во општинската администрација при одобрувањето на проектот и посочи дека преостанувале чистење и средување на просториите.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сања Лукаревска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувана министерке се сеќавате дека пред точно 13 дена токму од оваа говорница ви поставив пратеничко прашање за општинското основно училиште „Киро Глигоров“ во Центар, односно за надминување на проблемот со спроведување на образовниот процес таму. Тогаш беше 11ти септември и вие токму од оваа говорница го рековте следново. За една недела сите ќе учат со физичко присуство. Значи, да прецизирам, една недела од 11ти септември е 18ти септември, а денес е 24ти септември. Не учат сите со физичко присуство, тоа е факт. Ситуацијата е статус кво, од прво до петто одделение учат со физичко присуство, останатите од шесто до деветто се на онлајн настава се уште. На почетокот на училишната година токму во дворот на ова училиште исто така, ветивте дека за две недели односно, 10 работни дена без 8ми септември се ќе биде завршено за да се продолжи со физичко присуство. Ајде пак да пресметаме. Од 1ви септември, 10 работни дена му доаѓа 15ти септември и доаѓаме до заклучок дека ни таа изјава ни онаа од приходната седница на опозициски пратенички прашања не е веродостојна. Не си стоите на зборот. И, сега мора повторно, а во интерес на јавноста да ги соочиме фактите затоа што, напоменавте минатиот пат дека зад секоја своја изјава стојам, та вас ве цитирам. И, доколку сакате ви стојам на располагање, јавно и пред сите да ја дискутираме поединечно. Да, еве сакам да ги дискутираме двете изјави и да разбереме конечно. Сите, целата јавност, да разберат и родителите, да разберат и учениците и наставниците, каде е застојот. Каде се промаши целата оваа ситуација со реновирање на училниците во општинското основно училиште „Киро Глигоров“. Вчера бевте во посета на училиштето таму, веројатно ја видовте од лице место ситуацијата каква е. Значи, градилиште, прашина, крпеници. Технички прием се уште не може да се направи затоа што, мора да се преземат дополнителни дејствија односно, соодветни други проверки. Значи, сепак не може со леснотија да се расфрламе со датуми и рокови, а реалноста да е сосема поинаква. Во ваква ситуација ние не смееме да си дозволиме импровизација. Од типот на одење во втора смена, а од друга страна велите дека се залагате за една сменска настава, со тоа се побивате и самите себе си. Со овој пристап на онлајн настава се уште. Па еве ќе се обидам јас уште еднаш да ви поставам прашање. Кога сите ученици од сите одделенија во основното училиште „Киро Глигоров“ ќе почнат да учат со физичко присуство.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитувана пратеничке Лукаревска, ова ми личи на внатре партиска борба. Затоа што, она што сега ќе го чуете знам нема да ви се допадне, ни мене. Јас го спомнав минатиот пат, не сметав дека е нешто што сериозно треба да се потенцира затоа што, во нашата држава за жал такви работи се случуваат. Значи, проектот во архивата во општина Центар е предаден на 18ти мај. Цел месец молевме да го закачат на систем. Од како го закачија не постапуваа 40 дена, барањето е закачено на 3ти јуни, одобрението е добиено на 28ми јули. Закачено на 3ти јуни, одобрението добиено на 28 јули, тоа е општинската администрација. Преку приватни контакти баравме ургенција, ни поминаа 40 дена во администрација иако ние бевме сосема спремни. На 18ти мај им е предаден проектот во архивата во Центар, повторувам. Е, сега единствено што направивте во седумте години училиштето „Киро Глигоров“, единствено и некои поситни. Да, имаше некакви поситни корекции во тоалети кои беа во распад и децата ќе пропаднеа во нив ако не се преземеше нешто и добро се сеќавам дека да, тоа го правеше министерката Мила Царовска. Слушнавте колку инвестираме, 70 милиони евра во 90 проекти во две години. Сакате да ви ги повторам. „Страшо Пинџур“, Ѓорче Петров, „Димо Хаџи Димов“ 6 училници. „Александар Македонски“ затворен проект за едно сменска. „Киро Глигоров“ ова школо, 6 училници, вчера бев, завршено е. Се е завршено, добро ве информирале дека вчера сум била. Што е, губа е. Министерот од оваа Влада да влезе во општинско училиште на Центар да провери што се случува. Се е завршено. Отидете, видете. Училниците се прекрасни, широки, големи, светли. Вчера се чистеше, во понеделник сите деца ќе бидат таму. Ако мислите дека вие имате способност, јас таква немам. Со изведувачот да договорите во еден саатот на 15ти септември се ќе биде готово, само да ве потсетам дека во истото училиште во ваше време без никаква дозвола, без никакви употребни вредности, без ништо е доградувано училница. Тоа се вика на диво. А, ние работиме така како што работиме. Дополнително, родителите таму ги поттикнувате дека се случува нешто лошо за нивните деца. Што лошо се случува. Тие ќе работат во една смена како цел нормален европски свет. Еве ја Европа, еве ја Европа во Македонија во општина Центар, точно таму за да не биде дека нели, ние не водиме сметка за одредени општини, да ни накалемите после дека ние водиме сметка само за други одредени општини. Што лошо им се случи. Од понеделник ќе исчистат, ќе ги наредат клупите, столчињата и ќе почнат децата да работат во една смена и ќе можат да работат како сите други во Европа. Сто пати сум кажала, 900 часа помалку имаат нашите деца до 15 годишна возраст. Тоа резултира со не квалитетно образование, неписмени во читање и пишување. Не писмени во природни науки, неписмени во математика. Никако да мрднеме од дното на табелата наречена нели, тестирање ПИСА. Инфраструктурните проекти се надевам искрено дека ќе им овозможат на наставниците подобро да си ја вршат својата работа и дека учениците ќе имаат подобри услови. Почитувана пратеничке вие самите знаете дека во првата недела од годината што е лош обичај. Многу малку се работи во училиштата. Мали се прилагодуваат, големите се приспособуваа некако и т.н. што во иднина нема да биде случај. Јас сериозно ќе се погрижам тоа да не случува. Преку ДПИ и други механизми, но вие знаете дека во оваа година тие не изгубија речиси ништо и, да, имаа онлајн настава. И, да, се се одвива во ред, освен тоа што вашите вакви изјави ги подбуцнуваат и родителите и наставниците да се чувствуваат непријатно за нешто што им се прави добро. Па, ве замолив, најљубезно, дајте да се обединиме макар околу образованието и здравството. Ова е нешто што ќе им користи на нив, ова не го правам за мене или за Владата. Ова го правиме сите ние заедно за учениците таму. Уште нешто да ви прочитам. Уште некое училиште сакате. Еве, „ Санид Решери“, „Ибрахим Темов„, Пан Ноли“, „Никола Карев“, „Круме Кепевски“, „Петар Почитуван претседател Арсов“, „Кузман Шапкарев“, „Васил Главинов“, „ Тошо Арсов“, „ Христијан Тодоровски Карпош“, „Гоце Делчев“ Свети Николе, „Кочо Рацин“ Кратово, „Кочо Рацин“ и не знам каде, не битно каде. Сите тие за разлика од едното единствено ваше така наречено ваше, изградено во ваше време. За кое само за тоа се грижите. Само тоа училиште се грижите. За ниедно друго училиште не се грижите. Се обидувам да ве слушнам, па да ви одговорам нели. Што не знам. Сте доградиле да. Проект за доградба на спортски сали, „Никола Карев“ Пробиштип, „Димитар Васов“ Штип, „Елпина Караманди Бицова“ Битола, „Гоце Делчев“ Неготино, „Страшо Пинџур“ Карбинци, „Толикум Зордуми“ Куманово, „Климент Охридски“ Прилеп, „Круме Кепевски“ Кисела Вода, „Санде Штериоски“, „Бајрам Шамбали„ Кондово, “Гоце Делчев“, „Васил Главинов„ Чаир. Уште. „Браќа Рамиз и Хамиз“ Шуто Оризари, „Панеот Гиновски“ Бутел, „Кузман Шапкарев“ Драчево. Уште. Уште. Нема потреба од уште. Нема потреба од уште. Има потреба сите заедно да се потрудиме приоритет ние е децата да учат, приоритет е децата да учат, не дали три дена подоцна или покасно ќе почне со физичко присуство. Приоритет е кога ќе учат да учат и приоритет е да им обезбедиме учебници, учебници по странски јазици, дополнителни предмети, дополнителни активности кои до сега ги немаат и не знаат и затоа не разбираат кога читаат, општествено корисна работа, приоритет е да направиме да постигнуваат подобри резултати, тоа е приоритет. Приоритет е да им обезбедиме безбеден интернет, приоритет да обезбедиме соработка на наставниците со родителите, наместо наставниците да држат, да трпат некакви притисоци како што тие велат, приоритет е родителите и децата да се во постојан контакт за да го намалиме врсничкото насилие во училиштето. Тоа е приоритет, почитувана пратеничке. Навистина со најголем почит, еве ви објаснувам што треба да промовираме во јавноста како приоритет. Три дена доцнење во извршување на градежни работи, не знам што да ви кажам, а и не е во градежните работи, во чистењето и средувањето. Вчера бев, нема прашина, не е градилиште. Ниту прашина има, ниту градилиште има. Ви кажале дека сум била и пак ќе отидам да проверам. Оти не одам да проверувам наставници, директори, училишта, одам да проверам дали децата имаат услови за работа. И не само во ова, јас одам во сите други училишта, само вие не знаете оти овде директорката, која е поставена од претходната власт, за која јас немам замерка, еве искрено кажувам, ве информира плашејќи се дека јас сум и била во посета, нели, министерот од друга Влада. Јас сум била во стотици училишта низ Македонија, сегде каде што се прави реконструкција, да видам како се изведуваат градежните објекти. Фирмите се тие, можностите се тие, понеделник сите деца ќе бидат со физичко присуство во училиштето Киро Глигоров во Скопје. Благодарам.

Сите пратенички прашања