Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Лукаревска праша каде е планот за чист воздух, Мицкоски најави когенеративни централи

Резиме

Сања Лукаревска го праша премиерот Христијан Мицкоски каде е најавениот план за чист воздух. Таа тврдеше дека буџетските средства за животна средина, квалитет на воздух и енергетика се намалени и оцени дека нема конкретни мерки за загадувањето и за Дрисла.

Мицкоски одговори дека когенеративните централи бараат подготовка и дека, според неговата процена, тендер за првите проекти би можел да се распише во првата половина на 2026 година. Рече дека се работи на најмалку четири локации, дека Владата ќе бара партнер за инвестициите и дека не се точни тврдењата за намалување на буџетските средства. Тој исто така соопшти дека, според него, се одблокирани пет милиони евра од ЕУ за Дрисла, а дека започнале постапки за депонии во Свети Николе и Новаци.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сања Лукаревска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 ноември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Премиере Мицкоски, граѓаните на Скопје но и многу други македонски градови дишат загаден воздух. Присуството на ПМ10 честичките се двојно а некои денови и тројно зголемени, високи концентрации на ПМ10 честички се регистрирани и во други градови. Битола, Кичево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Гостивар. По бројот на жители тоа е повеќе од половина Македонија. Воздухот е означен како нездрав што претставува сериозна закана за здравјето на граѓаните. Кога бевте во опозиција ветувавте над една милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и ветувавте намалување на загадувањето до 50%. Како власт нема ништо од тоа, не само што нема една милијарда евра за борба против загадувањето туку и парите кои што се предвидени за тоа во Буџетот ги намалувате или по ставки, парите за заштита на животната средина ги намаливте за цели 25%, парите за квалитет на воздух ги намаливте за 51%, парите за развој на енергетика се намалени за 41%, парите за гасификација речиси се преполовени додека за енергетска трансформација која е неопходна за намалување на загадувањето не е ништо предвидено. Со намалување на Буџетот за клучни области за борба против загадувањето како животната средина, енергетиката и квалитетот на воздухот. Се испраќа јасна порака дека немате сериозна намера нешто да преземете. Граѓаните се оставени сами на себе. Но, затоа во Буџетот има предвидено повеќе пари за мебел, за возила, за стоки и услуги. Пред една недела вие премиере тврдевте дека ко генеративната централа е решение за енергетската и еколошката криза. Но, каде се предвидени тие пари во Буџетот? Нема ниту денар, нема средства, нема план, нема стратегија за намалување на загадувањето. Депонијата Дрисла која е главен извор на загадување на цело Скопје останува заборавена. Нема средствата за нејзино подобрување ниту за воспоставување модерен систем за управување со отпадот. Наместо тоа секојдневно гледаме неорганизираност, негрижа и неспособност. Е, ова е алармантно. Наместо да се преземат конкретни мерки за спас на животната средина гледаме неактивност а тоа го плаќаме сите со нашето здравје. Дополнително, во рамки на Собранието и Комисија за финансирање и буџет до сега не е прифатени ниту еден амандман на СДСМ, ниту еден меѓу кои што беа одбиени амандманите за обезбедување повеќе средства за борба против загадувањето. Кога бевме власт СДСМ имаше план за чист воздух, кој што е прв стратешки документ на некоја Влада до сега во борбата со аеро загадувањето исто така, посочен во Извештајот на Европската Комисија. И, реализацијата на тој план ги даде првичните кои се јасни и конкретни, секако дека не е доволно бидејќи борбата против загадувањето е навистина долготраен и макотрпен процес. Со планот се обезбеди годишно намалување на штетните честички ПМ5 во воздухот за минус 564 килограми и намалување на честичките ПМ10 на минус 735 килограми. Во мандатот на СДСМ се преземаат серија на мерки. Почнувајќи од стратешки инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт па се до конкретни мерки за финансирање на замена на не еколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки, училишта.

Во град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300 илјади метри квадратни со ново зеленило и се засадија над 20 илјади нови дрвја садници. Во средните и основните училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи на воздух заменети беа котлите за греење на државните згради и училиштата. Ги нафрлам сите овие мерки затоа што, секоја од нив вметната е во план кој што придонесува за одредено намалување на просекот на концентрација на штетни честички во воздухот. И, тие мерки требаше да се засилат и да се унапредат. За жал и на штета на народот власта не прави ништо за тоа односно го прекинува тој процес. Политиките на една власт се гледаат во Буџетот а во Буџетот 2025 година пари за борба против загадувањето нема. Во вашата програма Платформа 1198, стои, приоритетни програмски определби на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ во областа на заштитата на животната средина ќе бидат план за обезбедување на чист воздух за сите. Ја нема сега милијардата која што ја најавивте за борба против загадувањето, ниту пак има мерки за намалување на загадувањето за 50%. Моето конкретно прашање е, каде е заборавен планот за чист воздух.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Почитувана пратеничке Сања Лукаревска, прво одиме со првото прашање, имаше неколку тези, ќе се обидам на сите тези да ви дадам одговор. Се надевам дека правилно ќе бидат сфатен. За пет месеци е физички невозможно да направите и истражување на пазарот и истраги, и проект, и ревизија и тендер, изведувач и така натаму. И тоа вас ви е добро познато. Во ред, разбирам сега, политички треба да излезете да ме нападнете и да кажете дека, еве го нападнав јас. Но, суштината е поинаква. Сега ајде да зборуваме за суштината. Ајде да зборуваме за когенеративните централи. Еве теоретски да зборуваме дека државата е во добра кондиција, вие сте ја оставиле во одлична кондиција, имаме пари, резерва и така натаму. Имаме проект направен од претходната Влада изминативе седум години, имаме локација со услови локациски, ревидиран, тендер спроведен, со изведувач и така натаму. Оваа Влада треба само да го спроведе. Утре ако почнеме тоа да го правиме, отприлика некаде ќе го фатиме ребалансот на Буџетот пред да го потпишеме договорот. Вас тоа ви е јасно. И знаете дека изведбата на когенеративна централа која што чини, еве да речеме 250 – 300 милиони, утре да почнеме под услов сѐ да ни оставевте и тие 300 милиони да ни ги оставевте на сметка и ова сѐ што го кажав претходно, проекти, локациски услови, цевководи, гас, сѐ, сѐ да ни оставевте, првата година ние ќе потрошевме од овие 300 дали 10%. Дали 10%. И, исто така добро знаете и вие, и сите вие што сте во вториот ред позади вас, дека во државата има една ставка, се вика: функции на државата. И исто така, и тие претпоставувам оставале таму средства за резерва за токму вакви работи ако се појават, кога ќе треба да се направи прераспределба во самиот Буџет и да се интервенира за ваков тип на проекти. И ако ги погледнете, ќе најдете многу такви средства и во овој Буџет, доколку се случат вакви проекти. Каква е реалноста, што ни оставивте. Ниту локација, ниту проект, ниту пари, ништо. Ништо. Сѐ уште зборуваме за истите проекти кои што на времето сме ги зборувале. Точно е тоа дека јас мислам како инженер, еве не како претседател на Владата, дека врз основа на сите анализи, 60% од овие ПМ 2,5 и 10 честички доаѓаат поради начинот на затоплување и согорување на фосилно гориво. Не се виновни граѓаните. Таков е стандардот. Луѓето горат сѐ за да можат да се стоплат во своите домови, бидејќи алтернатива никој не им донел. Е сега што работиме ние? Ние работиме на најмалку четири локации, евентуално пет, во Македонија да бидат изградени ваков тип на когенеративни термоцентрали кои што истовремено ќе значи и затоплување, преку топловодно греење и производство на електрична енергија во оние периоди од годината кога тоа ќе дојде на ред. Еве во Скопје, првата да ја изградиме, под услов да имаме пари, да не бараме приватен партнер, бидејќи не сте ни оставиле ништо, првата да ја изградиме, утре да почнеме, тендерот најрано ќе го распишеме, тендерот најрано ќе го распишеме, 2026 година. Бидејќи, до тогаш треба да се сменат планови. Еве има две локации во Скопје и една во Куманово, каде што се усвоени плански документации, каде што е предвидена парцела со таква намена за енергетика, производство на електрична енергија и топлина. Тие се три што постојат во Македонија, две во Скопје и една во Куманово. Еве, утре да почнеме да градиме во тие три локации, за да го испроектираме сето ова, ќе ни треба најмалку година и половина. Најмалку. Тендерот за да го распишеме ќе треба некаде отприлика првата половина на 2026 година. Затоа не ги гледате средствата во овој Буџет. Затоа не ги гледате средствата во овој Буџет. Но, ако ги видите, функции на држава, ќе видите дека таму има средства во кои што, доколку постојат инцидентни состојби и ваков тип на активности кои што се со цел да им помогнат на граѓаните, можеме веднаш со лесна прераспределба на владина седница да го завршиме. Го знаете тоа, сте биле долги години директор на Управата за јавни приходи. Таму што се случувало, тоа нема да зборувам, за да не ме сфатите дека, еве не ви одговарам на прашањето, сепак тоа ќе го задржам за друга прилика, бидејќи, ако ништо друго, за разлика од другите, од почетокот сте присутни на Пратеничките прашања и имам должност да, еве тој дел го прерипам на овој одговор, што се случувало во Управата за јавни приходи и зошто нема пари и зошто не се направени проекти. Тоа ќе го прескокнеме. Еве ќе ве потсетам дека во моментот практично се одглавени 5 милиони евра, во моментот, ме избрифира заменик министерката за животна средина, Ане Лашкоска, дека во моментот се одблокирани 5 милиони евра за Дрисла од Европската Унија, заглавени од ваше време. Во моментот. Еве ние, како што велите вие, не сме во добри односи со градоначалничката и така натаму, но тоа не значи дека не треба да работиме. Работиме, еве во моментот се одблокирани. Во моментот тече тендерот за депонија во Свети Николе, финансирана од Европската Унија. Изградба на депонија во Свети Николе, во моментот тече. И знам дека можеби за ова ќе добијам политички куршум во свети Николе, но убеден сум дека за години од денеска, ќе речат, добро е ова што го правите. И тоа ќе го реши проблемот од Берово до Куманово. Отпочнат е процесот за депонија во Новаци. Отпочнат е процесот. Тоа пак ќе го реши проблемот од Дебар до Битола, до Новаци. Само недостасува, а тоа со Јавното претпријатие за државни патишта ќе го работиме, обиколницата околу Ресен, за да не поминуваат камионите низ градот Ресен, посебно во периодот кога имаме многу камиони кога е откупот на јаболка, за да не дојде до фрикција помеѓу едните и другите. Еве, сето ова кое што го зборувам е факт. Одиме понатаму. Не е точно дека парите во Буџетот се намалени. Вие сте претседател на Комисијата. Не е само на три стапки. Се поголеми од тоа што биле досега. Не е така. Сега зошто вака зборуваме. Сега јас се воздржувам, коректен сум, да не отворам други теми, не е точно. Не е точно дека е така. Не е точно. Да ви кажам, еве една работа. За овие ПМ 10 и 2.5 честичките околу Неготино и да ви спомнам за акцизите и за даноците поврзани со мазутот. Нема да ви спомнам, зошто да ви спомнам. Да не речете дека бегам од темата. Дајте да бидеме коректни сега, да ги поставуваме работите како што се. Инаку, да, мој личен приоритет претставува да испроектираме неколку когенеративни, немаме пари, ќе бараме партнер. Еве уште од сега ви кажувам, крити8кувајте, викајте и така натаму, ќе бараме партнер. Заедно со партнер да инвестираме и да направиме когенеративни во Скопје, една која што ќе го опфати потегот накај Драчево, Лисиче и тој дел кој што недостасува, потегот од фабриката Охис надоле, бидејќи има цевка за гас таму. И, втората е во делот, западниот дел на градот, односно околу Ѓорче Петров, Волково за да го фатиме тој дел на градот кој што нема затоплување и каде што се користи тоа што се користи. Нема да зборувам дека дрвата кои што се продаваат се со влажност огромна која што дополнително ја зголемува емисијата на овие честички. Нема да зборувам за состојбата во која што ја оставивте Национални шуми, која е денеска и така натаму. Сето тоа, еве нема ништо сега да отворам како тема, само ќе го ете, како еден вид, би рекол, индикатор, ќе го споменам. За пет месеци сето ова успеавме, до овој степен да го донесеме. Се надевам дека за 15 ќе биде повеќе.

Сите пратенички прашања