Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Лозановска го пренесе прашањето на Битиќи за задолжување од 350 милиони евра

Резиме

Пратеничката Олга Лозановска на собраниска седница го пренесе прашањето на пратеникот Битиќи дали Владата подготвува задолжување од околу 350 милиони евра и како би го обезбедила тој износ.

Премиерот одговори дека во јуни нема да има ново задолжување. Рече дека средствата со кои државата веќе се задолжила ќе се искористат за доплата на еврообврзницата од 700 милиони евра, што, според него, ќе ги намали бруто и нето задолжувањето. Потоа ги спореди задолжувањето и растот на БДП во периодите на претходната и сегашната влада, повикувајќи се на податоци што му ги припиша на ММФ.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Олга Лозановска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Олга Лозановска, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 мај 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам, почитуван заменик претседател. Почитуван заменик претседател, почитуван премиер на Владата на Република Македонија професор доктор Христијан Мицкоски, почитувани претставници на Владата, министри, заменици министри, почитувани колеги пратеници, Македонска јавност и медиуми. Денес ќе поставам три пратенички прашања. Но, со оглед на тоа дека колегата Битиќи постави прашања за кои што не сакаше да добие одговор, јас ќе ги сменам моите прашања и двете прашања ќе ги поставам до премиерот, за да добиеме точни одговори. И уште едно прашање од моите. Првото прашање, од господинот Битиќи беше следното, како ќе објасните дали Владата подготвува ново задолжување од околу 350 милиони евра и на кој начин планира да се обезбеди тој износ.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Олга Лозановска, поставено на 103-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 мај 2026 година Благодарам потпретседателе. Ако повторно камерите се завртат на страната на опозицијата повторно ќе забележат празни столици. Од една страна се бара почитување, а друга страна не се заслужува тоа почитување. Но, тоа е таа лицемерна политика која што претпоставувам за кратко денеска ќе ни недостасува бидејќи нема да бидат претставени во таа бројка во која што за жал се уште се претставени овдека во Парламентот. Но, како и да е. Тоа ќе биде одлука на граѓаните на следните избори. Да се вратиме на прашањата, кој што се манипулативни, шпекулативни, лажни и невистинити. Беа поставени како такви без ниту еден аргумент и без ниту доказ. Но, она кое што е важно, а кое што сакам да истакнам и да дадам конкретен одговор на конкретно прашање. Дали ќе има во јуни ново сложување на 350 милиони евра, нема да има ново задолжување, еве ќе се обратам на празната столица, бидејќи господинот кој што го поставуваше тоа прашање не е тука, нема да има пратеничке Лозановска ново задолжување во јуни. Со овие средства со кои што сега се задолживме ќе го доплатиме делот од евро обврзницата од 700 милиона. И на тој начин ќе се намали и бруто и нето задолжувањето. Како што еден ваш колега голем економски експерт кои што поставуваше пред малку прашање, сега не е во салата, милува да каже. Така што тоа е многу важно да го знаат граѓаните. Е сега, малку да си поиграме со бројките, но вистината кога станува збор со бројките затоа што тука може не сум добар во како што така метафорично во скриена форма го кажа тоа вашиот колега пратеник во економија. Но во бројки се чувствувам дека сум добар. А поготово во математички операции кога станува збор за бројки. И мислам дека ова е добро да се каже и да го знаат граѓаните, клише и глупава теза е да кажете дека не треба да се споредувате со минатото. Па со што да се споредуваме? Што треба во животот да претставува еталон. Еталон треба да претставува или база за споредба, нешто што се случувало во минатото. Ние не можеме да се споредуваме со тоа што ќе следи во иднина. Не знаеме што ќе се случи. Денеска ние ова што го работиме можеме да го споредиме со тоа што го работела претходната Влада. И тука не треба они да се срамат од тоа што го работеле, треба да го бранат. И треба да кажат, ние го работевме тоа, ние го работевме тоа итн. Е сега што сработиле тие, а што сработила оваа Влада. Разгледуваниот период е 2017-2026, крај на 2026. Ова се бројки и параметри кои што ги дефинира Министерство за финансии и Меѓународниот монетарен фонд. Не, Христијан Мицкоски не ВМРО ДПМНЕ, не Владата. Меѓународниот монетарен фонд, ќе се сложиме дека тоа е кредибилна институција. Еве слушнавме од пратеник дека Венецијанската Комисија не била кредибилна институција и тоа било ништо. Но, ќе се сложиме дека Меѓународниот монетарен фонд е кредибилна институција. Што вели Меѓународниот монетарен фонд? Ќе ја исклучиме 17-та година, бидејќи беше споделена година и ќе ја исклучиме 24-та година, бидејќи беше исто така споделена година. Периодот на претходната Влада, СДСМ – ДУИ, 01 јануари 2018 година - јавен долг 4 милијарди 787 милиони евра. Период завршен на анализа 31.12. 2023 година - јавен долг 8 милијарди 477 милиони евра. Нето задолжување од 3,69 милијарди. Влада на ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН и ЗНАМ, 01 јануари 2025година - 9 милијарди јавен долг 619 милиони денари. И како што кажа вашиот колега пратеник претпоставуваме како што тој вели дека ќе дојдеме до 11 милијарди, но нема да дојдеме. Тој вели дека ќе дојдеме, но еве јас велам нема да дојдеме, но еве како што вели тој. Нека биде така, 11 милијарди. Нето задолжување 1 милијарда 381 милион евра. Во економијата се гледа и се цени додадената вредност. Која што вие со задолжувањето ја креирате. Според Меѓународниот монетарен фонд, не според Христијан, не според Владата. Додадената вредност ја отсликува номиналниот бруто домашен производ во економијата. Номиналниот бруто домашен производ, на 01 јануари 2018 година изнесувал 11 милијарди 340 милиони евра. На 31 декември 2023 година, номиналниот бруто домашен производ изнесувал 15 милијарди 860, пардон не е валутата евра туку долари, 860 милиони долари. Или вкупно успеале за период од 6 години да додат вредност на номиналниот бруто домашен производ од 4,52 милијарди долари, а државата ја задолжиле за 3,69 милијарди евра, за истиот тој период од 6 години. Оваа Влада е ваква, таква, никаква, каква што тие викаат не бивало. 01 јануари 2025 година номинален бруто домашен производ - 16 милијарди 950 милиони евра. Според Меѓународен монетарен фонд повторувам. 31 декември претпоставка, според Меѓународен монетарен фонд, а според Буџетот кога е креиран 21 милијарда 610 милиони евра додадена вредност од 4 милијарди 660 милиони евра. Разликата меѓу нивните 6 години и оние 2 години е 140 милиона во корист на оваа Влада. При тоа се задолжила за 1 милијарда 381 милион евра. Да поедноставам, додадената вредност за период од 2 години е поголема таа за 6 години, а долгот е речиси 2,5 пати помала. Тоа се бројки, еве јас не знам за економија, но знам за бројки. И ова не го зборува Христијан Мицкоски, не го зборува ВМРО ДПМНЕ, Владата. Ова го зборува Меѓународен монетарен фонд. Ќе се сложите дека согласно Меѓународниот монетарен фонд, барем 2,5 до 3 пати оваа Влада е многу по успешна од таа која што претходната беше. И ние мораме со таа Влада да се компанираме. Ние не можеме со некоја замислена Влада да се компанираме. Ние можеме овие резултати да ги компанираме со тие резултати. Во услови кога имаме епска енергетска криза во светот, која што повторно не според Христијан, не според ВМРО, не според Владата, туку според господинот Фатих Бироу, претседателот на светската енергетска агенција. Вели дека оваа криза во моментот енергетска е поголема од двете енергетски кризи во 70-те години од 20 век, заедно и на тоа додадена кризата кога започна војната во Украина. Значи сите овие три заедно имаат според лихтеражата помал интензитет него ли оваа. Ова е објективна оптика. Кога зборуваме за бројки, факти, цитираме меѓународни експерти. И ова е дебата конструктивна. А дебата, ќе дојдеш тука и ќе кажеш две три работи, вака било така било. Тоа не е дебата. Јас сум подготвен со факти и со аргументи секогаш да зборувам. И конечно да поентирам, да оваа година треба близу 3 милијарди да вратиме, 900 милиони евра да презапишеме стари долгови, 700 милиони евра обврзница стари долгови. Буџетски дефицит негде околу 650 до 700 милиона и негде околу 320, 330 милиони евра се камати, кои што во 2017 година беа три пати помали, односно беа 110 милиони евра и ова се бројки и ова се факти. Благодарам.

Сите пратенички прашања