О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Благица Ласовска, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Ова прашање многу пати до сега ми било поставувано од страна на новинарите и од страна на граѓаните, еве прв пат и во рамки на оваа говорница и ја разбирам потребата на граѓаните да бидат во тек до каде сме со имплементацијата на Проектот сеив Сити кои што морам да кажам дека е проект кој што е одамна отпочнат од страна на Министерството за внатрешни работи продолжен и од страна на претходната Влада, добар проект, проект кој што е круцијален за два аспекти во работењето на Министерството за внатрешни работи и денеска би сакал детално да ги објаснам кои се тие два аспекти кои што се опфатени во рамки на Проектот сеив сити. Едниот аспект кој што и до сега бил ставен во функција во рамки на Министерството за внатрешни работи е делот на криминалистичката работа, класичната работа на полициските службеници во делот на употребната вредност на овие технички средства односно камерите во рамки на оперативните акции кои што се преземаат од страна на Министерството за внатрешни работи односно разоткривање на сторен криминал. Како биле користени тоа е друга работа, дали некогаш биле користени за да се открие или за да се забошоти, тоа ќе видиме во иднина во рамки на одредени конкретни случаеви. Но факт е дека и те како имаат огромна употребна вредност во делот на конкретно откривање на сторени кривични дела и откривање на криминалците кои сториле истите. Во рамки на функционирањето и работењето на Министерството за внатрешни работ од кога сум јас министер, биле користени и навистина помогнале и те како во делот на разоткривање на конкретен криминал, односно ќе дадам еден пример. Сторителот на убиството кое што беше извршено среде бел ден пред Мавровка, возилото со кое што истиот се движел беше откриено во рамки на техничките услови кои што ги имаме при користење на овие камери во делот на оперативниот центар каде што да речеме дека под поимот еве сеив сити се работи во рамки на Министерството за внатрешни работи и тоа е едно од многуте битни употребни вредности на овие технички средства кои што ги има во Министерството. Е, сега втората употребна вредност на овие камери е во делот на сообраќајна култура која што ако ме прашате мене лично сметам дека е многу битно за Македонија заради тоа што еве сега ќе направам една компарација до сега мислам дека ја немам кажано јавно, уствари да бидам најточен ја кажав на едно кратко интервју за телевизија Телма, но не знам колку тоа се сподели во јавноста. Во рамки на посетата на Обединетите арапски емирати имав можност заедно со мојот тим да присуствувам во делот на сеив Сити кои што таму го користат. Обединетите арапски емирати како информација на македонските граѓани има некаде околу 13 милиони жители на територија на државата. Кај нас еве да речеме дека имаме милион и 800, еве 2 милиони нека има, нека се движат, значи некаде околу 6 пати помалку имаме на наша територија. Обединетите арапски емирати пред 5 години започнале да го користат последниот апдејтиран систем софтверско решение на сеив сити кај нив и од бројка на отприлика околу 250 луѓе кои што загинале како последица на сообраќајна незгода после 5 години, значи последната бројка која што ја имаат во 2023 година е некаде од 140 жртви на сообраќајни незгоди. Значи на територија каде што живеат некаде околу 13 милиони луѓе имаме 140 жртви кои што е иста бројка со бројот на жртви кои што ги имаме ние во Македонија за период од година дена, а при тоа во Македонија живеат за 6 пати помалку луѓе и некоја логика е дека за 6 пати помалку возила има кои што се користат, страшно. Но факт е дека употребата на сеив сити како технички уред кој што се користи од страна на полицијата во Обединетите арапски емирати довело до намалување скоро на пола од бројката на смртни случаи кои што ги имаат таму и тоа е за поздравување. Е сега ние мораме да го имплементираме овој проект. Во овој вториов дел кој што го говориме, а тоа е во делот на поставување на соодветна сообраќајна култура која што пред се и над се има за цел да ја намали бројката на загубени човечки животи на нашите улици. Бројката е страшна. Многу пати сум во дискусија и со граѓаните и со моите колеги да речеме сум напаѓан на карта на имплементација на овој проект дека ќе се казнувале многу граѓаните, дека па сега државата од ова ли ќе го полнела буџетот итн. Целта на државата треба да е да го заштити и зачува секој еден човечки живот кој што го имаме овде. Не не има толку многу па за да се трошиме на улица во рамки на сообраќајни незгоди, а со овој проект гарантирам дека бројката која што ја имаме ќе се намали. Тоа всушност и не е топла вода која што сме ја измислиле ние, туку еве гледаме дека неговата имплементација во рамки на други земји и те како дава решение. Е сега како прашање се поставува, логично нели, зошто кога ги набавиле камерите не ги имплементирале во насока на ова второво решение кое што и те како е круцијално за да имаме една нормална држава во овој дел. Морам да признам дека во рамки на техничкиот период бевме фокусирани на одржување на фер и демократски избори и успеавме да го оствариме тоа. Но како и за сите други проекти за кои што поставував прашање од аспект на тоа до кај сме што сме за овој проект ми велеа министре не се секирајте супер си е, се си е океј, готово сега ќе завршиме, наредниот месец, по наредниот, таму здравје до Нова година супер ќе биде, се ќе биде. Е сега која е вистината. Да факт е, се купиле камерите, да факт се купиле камерите, да факт почнале да ги ставаат, но при тоа никој не размислувал за тоа дали од аспект на имплементација точно на таа позиција на која што се поставени треба да се поставени, дали нема некои други улични точки кои што треба да бидат поставени, а и тоа е најмал проблем во рамки на имплементацијата на целокупниот проект. Најголем проблем е тоа што воопшто не го размислиле целокупното ставање во функција од констатација на прекршок до наплата на истиот во рамки на еден систем односно ниту законско решение предвиделе како ќе функционира сето тоа, ниту доставата ја регулирале од кога ќе се констатира прекршокот како ќе се достави до прекршителот, ниту дали ќе оди во Суд за прекршоци или дали ќе оди во рамки на комисиите во рамките на Министерството за внатрешни работи. Кој ќе го сработи тоа чудо. Многу пати сум кажал во јавноста ако претходно да речеме на годишно ниво имаме некаде околу 40-тина до 50 илјади прекршоци сега тие треба да ги констатираме со вкупно ставање во системот на сите камери кои што се претходно набавени на дневна основа, на дневна основа кој ќе ги процесуира тие. Кој судија ќе одлучи, кое УЈП ќе ги наплати. На крајот на денот ние не можеме половично решение да ставиме во функција, мора да ставиме целосно решение во функција кое што ќе го затвори од почеток до крај системот. Е сега тоа го правиме, имавме многу состаноци и со професори од областа и со експерти од областа во делот на имплементација на ова техничко решение и со експерти од областа, но дали требало да е казнува од 20 до 40, дали требало да се одземе возачката дозвола, казнени поени ли да се ставале, што и друго да се направи во рамки на сето тоа, ново решение кое што би го понудиле. Се надевам дека во текот на 2025 година ќе го имаме ставено во функција целосно овој систем и се надевам дека во текот на 2026 година веќе ќе имаме бројка која што ќе биде пониска во однос на.