Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ласовска бара имиња на обвинители и коментар за мандатот во Судскиот совет

Резиме

Пратеничката Благица Ласовска го праша премиерот кои јавни обвинители, според неговите претходни изјави, ги попречуваат истрагите и побара да ги посочи со име и презиме. Таа побара и коментар за продолжувањето на мандатот на претседателката на Судскиот совет, за кое рече дека е надвор од законските норми, и повика на реформи и поодлучна борба против криминалот и корупцијата.

Премиерот рече дека повеќе институции водат истраги и дека стотици случаи се во Обвинителството. Во дополнителниот одговор ги критикуваше состојбите во Судскиот совет и рече дека добивал информации за наводни проблеми во неговата работа. Го спомена јавниот обвинител Гаврил Бубевски, велејќи дека до него брзо стигнала информација за предметот на Бојан Христовски. Не ги посочи со име и презиме обвинителите на кои се однесуваше прашањето и не одговори на прашањето за продолжувањето на мандатот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Благица Ласовска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Благица Ласовска, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 28 ноември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ наречена Платформа 11 98 за која што добивме над 500 илјади гласови и со која жестоко се боревме за секој глас за да придобиеме и за да гласаат граѓани за нашата програма. На страна 80 и 81 пишува длабоки реформи во Правосудството. Оваа програма наша, на ВМРО-ДПМНЕ, односно и програма на Владата заедно со нашите коалициони партнери и убедена сум дека се работи на тоа. Но, должна сум како пратеника да ги кажам барањата и на граѓаните со кој што се соочуваме деновиве. Одиме на терен, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е партија која што постојано оди на терен, ги слушаме барањата на граѓаните. Дополнително на тоа што се прават анкети ги слушаме на тв-екраните дека најголем проблем на граѓаните им е криминалот и корупцијата. Истото тоа го слушаме и од граѓаните. На страна на 81 велиме постои партиска контрола врз судиите и јавните обвинители. Правосудниот систем е распаднат и треба да се изгради одново и констатираме дека системски решенија за трансформирање на правосудните органи во вистински, независни, транспарентни и одговорни ефикасни субјекти. Значи имам две пратенички прашања. едното пратеничко прашање е до премиерот. И второто пратеничко прашање е до министерот за внатрешни работи. Значи денеска внимателно ве слушав премиере неколку пати и не само тука на седницава и на интервјуа ги повторувате, да цитирам зборовите: имаат висока температура, имаат дијареја, анксиозност итн. Говорите за јавни обвинители претпоставувам. Е јас сега како претставник на парламентарното мнозинство, може да одговорите, а може и не. Но сепак сметам дека за 6 месеци доволно беа бели ракавици и сметам дека треба веќе на јавноста и на граѓаните да им кажеме кој се овие луѓе, доколку можете да кажете, конкретно со име и презиме еден, двајца, тројца, до кога белите крагни, во случајов црните тоги, ќе го спречуваат и ќе го девастираат и онака девастираниот систем. А постојано ги слушаме европјаниве, под наводници, дека ние сме кочничарите да влеземе во Европската Унија. А пак прво правило од овие критериумите Копенхашките е владеење на правото. Е како сега ние ќе воведеме владеење на право кога ќе кажеме дека ќе има комплетна реформа во Судскиот совет и во јавната овај администрација гледаме дека некој многу загрижени велат дека тоа не треба така. Па дури и некој одредени овај од меѓународна заедница претставници велат не треба така. И вие ве слушам во јавноста велите па како. Има акции и сега тука кажувате има дијареја, спречувале значи одредени јавни обвинители, судии, луѓе што се платени од даночни обврзници, од парите на граѓаните. Ајде веќе да не ги криеме и да ги фрлиме белите ракавици. Мој предлог до вас е. Еве денеска да почнеме да ги објавуваме кој се тие доколку можете, доколку не попречуваме некаква истрага, доколку... Ама еве јас се обидувам ова да го кажам нај опширно да не опфаќам некакви случаи во јавноста. тоа е првото прашање можете ли да откриеме на јавноста за кој личности се работи. Дополнително прашање Премиерот ни даде одговор на прашањата, иако за разлика од него, јас секогаш малку по вака со, како да кажам, без ракавици би ги кажала имињата, но ни нацрта кои се тие, еден од тие е оној кои што го, на чудесен волшебен начин изгласаа сите јавни обвинители во државава, оној кои што висеше на раменици, на сопственикот на вилите во Зајас и во Мала речица, итн. но мислам дека е време да ги кажуваме со име, со презиме и мислам дека е време веќе тие робусни акции да се преземаат, бидејќи трпението на граѓаните е при крај, а и немаме време да се занимаваме како што кажав со црните тоги и белите крагњи уште да го крадат буквално народот, а заради нив да добиваме негативни оценки од Европската комисија. И сега тука ми се наметнува уште едно прашање дополнително, бидејќи ги кажавте состојбите, вчера имаше едно случување, сосема во законот и би сакала баш да го искоментирате случајот во Судскиот совет, оној скандалозен Судски совет кои што се најде и во Извештаите на Европската комисија и во коментарите на целата меѓународна заедница и тоа се фактички двете алки во Република Македонија кои што 2% граѓаните имаат доверба, а сега не сме мереле, можеби и нула, не знам, не сме мереле, но како и да е, наша обврска е како парламентарно мнозинство да помогнеме на Владата во изнаоѓање на решенија законски, надзорни, ќе видиме со Деловникот, какви и да се тие решенија, само да помогнеме, да веќе робусно се зафатиме со борбата против криминалот и корупцијата, неселективна борба, неселективна. Ќе ве замолам само уште коментар за продолжување на мандатот на претседателката на Судски совет вон законот и законските норми.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Благица Ласовска, поставено на 21-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 28 ноември 2024 година Почитувана пратеничка Благица Ласовска, вашата констатација е апсолутна точна и за мене разбирлива, но не само за мене, за најголемиот дел од македонските граѓани, дека колку и да се трудевме овие би рекол овие 5 месеци, сега сме веќе во 6-тиот месец, можеби единственото нешто каде што не успеавме да генерираме било какви резултати, е токму тоа за кое што вие зборувавте. Иако морам да ви кажам дека органите кои што ја прават истрагата, истражните органи не мируваат и не мируваат и можам да ви набројам стотици случаи каде што постои основано сомневање за сторена злоупотреба, криминал итн, итн, кои што се случувале изминатиот период, односно изминативе години и морате да не разберете правилно и вие и граѓаните дека со измените во Кривичниот законик тој период е прилично намален. Тој временски рок на застарување на тие кривични дела е намален, а посебно со интервенцијата во Кривичниот законик, членот 353 став 5 драматично е намален. Тогаш знаеме зошто тоа се правеше, која беше целта итн, итн, нема да навлегувам во таа суштина, но треба сите ние да сме свесни дека со тие интервенции, маневарскиот простор и периодот на застарување на овие дела за кои што постојат основани сомнежи дека се сторени кривични дела и злоупотреба е намален. Она кое што е исто така важно е дека и да донесеме нов закон утре и да донесеме нов закон утре, сметајте дека повторно ние не можеме да ги гониме оние криминалци кои што сториле кривични дела или злоупотребиле службено овластување или положба, бидејќи тие ќе се повикуваат на оној кои што бил во функција во тоа време, односно за нив подобриот. Така што не случајно тогаш се носеше овој закон со злоупотреба на европско знаме, се туркаше на сила итн, практично се направи своевидна политичка амнестија и тоа малку ни го намалува маневарскиот простор, но не целосно, се уште имаме голем маневарски простор и на секоја владина седница, на секоја, кога доаѓа државниот ревизор и кога презентира Ревизорски извештај од некаква институција државна во одреден временски период, внимателно ги следам наодите и постојат стенограми и на владините седници, постојат членови на Владата кои што се тука, кои што можат да посведочат без исклучок секогаш го поставувам истото прашање. Дали постои основано сомневање за сторен криминал и злоупотреба на службена положба и овластување? Да, одговорот е да. Второто мое прашање е дали ова го доставивте до Јавното обвинителство? Одговорот е да. Ова можам да ви кажам дека се случило до сега барем за најмалку 50-тина вакви извештаи од страна на Државниот ревизор. И најмалку 50-тина пати сум го поставил истото прашање и сум го добил истиот одговор, дека е доставено. Тоа е што се однесува до Државниот ревизор, ревизорските извештаи, а допрва следат и други ревизорски извештаите кои што ќе доаѓаат на седниците на Владата. Втора патека по која што се прават истрагите е Министерството за внатрешни работи и јас знам дека, нормално е да знам, да сум брифиран од страна на министерот дека таму се водат истраги во 10- тици случаи, каде што постои основано сомневање за сторен криминал, злоупотреба на службена положба. Нормално е да ги знам овие како претседател на Владата. Трет канал по кои што се истражуваат сите овие работи, е финансиската полиција и нормално е да знам дека и таму 10-тици случаи, нормално е да знам дека и таму има 10-тици случаи каде што се истражува, каде што постојат основани сомневања за сторен криминал и корупција. Има и други институции како што е Министерството за финансии, како што е Управата за јавни приходи, како што се уште неколку институции кои што се занимаваат со ова и кои што имаат поднесено кривични пријави до Обвинителството. Ако ова го сумираме во овие 5 месеци, тогаш можам да ви кажам дека неколку 100-тици случаи се наоѓаат во Обвинителството, не 10-тици, не неколку, не неколку 10-тици, туку неколку 100-тици случаи кои што стојат во Обвинителството за постапување. Еден пример ќе ви дадам, пред извесен период добив информација што е нормално, дека ќе се постапува по еден случај, но за да се постапува нормално е потребно потпис од Јавен обвинител, таков е законот. Наеднаш преку ноќ човекот доби повишена температура и дијареја и ова е вистина, ова што го зборувам јас не е нешто што јас сум го измислил за да се подбивам со тоа, и веќе другиот ден е стара вест сето тоа. Зборувам за случаи со висок степен на корупција, високо ниво на, и луѓе кои што ја сториле, зборам политичка корупција, но и според делото навистина висок степен на корупција. Ова го кажувам како вовед. Зошто? Затоа што сите тие кои што треба да постапуваат, најпрвин во процесот на претрес, а потоа и да носат одлука, се бираат од две тела, тоа се Совет на јавни обвинители и Судски совет. Двете тела кои што во државата имаат кредибилитет, легитимитет кај граѓаните од 2 и 3%, избрани се сите знаеме како, сите знаеме како, на кој начин, кои ги поставил таму и како се поставени и не треба ние многу да сме паметни, ниту пак премногу љубопитни, ниту премногу да истражуваме, доволно е неколку натписи на медиумите да прочитаме и Извештајот на Европската комисија и се ќе ни стане јасно. Не треба ништо повеќе од тоа да правиме. Суштината е во коренот, а коренот е отровен и се додека тој корен отровен не се искорне и се засади ново здраво коренче кое што ќе изрти, а потоа таму ќе имаме убава енергија, убави плодови, ние ќе имаме ваков проблем и ова ќе трае, затоа што тие луѓе се нечии заробеници. Гледавме слики во јавноста како браќа, фамилии, семејства на поедини политички моќници им стојат над глава на тие кои што денеска треба да постапуваат како обвинители во организираниот криминал, им висат вака над глава. Јасно им е на сите дека имаме јавни обвинители кои што кога биле дел од Специјалното јавно обвинителство злоупотребиле јавни средства, буџетски средства и ние како политичка партија се занимававме со сето ова, тие луѓе ќе ве потсетам, го тужеа и обвинуваа ВМРО ДПМНЕ како политичка партија зошто денеска се уште ни е како политичка партија имотот, како се вика замрзнат, процесот никако да почне, иако има јасна одлука на Апелација на втор степен, многу, многу перипетии. Не знам дали има втор пример во светската политика и тие сега, тој обвинител кој што се занимаваше со нивните незаконски пари, му покренуваат дисциплинска постапка и го суспендираат. И на тие луѓе кои што се занимаваа во Вишото обвинителство, не навлегувам јас во стручност, навлегувам во намерата. Имаме јасно злоупотребување на јавни средства, јасно како ден. Затоа сакам да сумирам дека се додека тука не влеземе робусно и одлучно, а веќе на трпението му доаѓа крај, бидејќи не можеме ние вечно да бидеме заробеници, бидејќи граѓаните од нас очекуваат и тука да испорачаме резултати, супер е ова, плати, пензии велат, проекти, реформи терате, итн, одлично е, се врати енергијата, надежта, субвенции за земјоделците, едно друго, но овде за бадијала ви е се, кога овие криминалциве се уште шетаат слободно и се уште можат да влијаат на процесите. Дополнителен одговор

Почитувана пратениче Благица Ласовска. Јас континуирано добивам информации што се случува внатре во Судскиот совет, континуирано добивам информации и од луѓето кои што седат во Судскиот совет, само морате да ги проверувате од неколку канали, затоа што не се знае таму кој ја говори вистината, кој не ја говори вистината. И еве ако почнам да ви ги читам пораките што од внатре истите тие луѓе ги праќаат, ќе речете дали ова е вистина и што се и како се постапува, има таму еден клан од двајца, друг клан од тројца, кои меѓу себе, па една е сама, па добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници, со различни дати, со различни печати, без потписи, итн, итн. И тоа ако не е основа за јавниот обвинител да влезе, да провери, јас не знам што треба, кој глас треба да допре до Обвинителството, но затоа допре, одма гласот за ТЕОФЕЛОТ на Бојан Христовски, тој глас одма допре, истиот момент, кога излезе од говорницата СДСМ, истиот момент кај Гаврил Бубевски допре гласот. Се ова не допира, ништо од ова не допира, ама ова допре. Веднаш таа фреквенција стигнува до тој обвинител и тој е спремен, бидејќи барате имиња, еве тој е веднаш спремен да, но кога треба да се постапува, тогаш, е тогаш веќе е што вели претседателот почитуван на Парламентот, треба медицински третман за симптомите со кои излегува во јавноста и ги опструира акциите на истражните органи. И тоа така ќе биде, се додека овие луѓе се таму, не ги интересира нив правдата, тие се заробеници на некого, тоа треба да и е јасно на македонската јавност и ние мораме да преземаме акција и не е тоа политичка акција, и ќе ја преземаме по цена колку и да треба шаржери политички куршуми да примам, ќе ги примам, барем да го ослободиме тоа судство и обвинителство од овие структури еднаш засекогаш. Се додека се тие таму, нема да има правда, тие ќе им служат на други интереси, нема никогаш, никогаш нас да ни служат граѓаните. Темелна реформа, мора таму да се случи, не велам дека можеби во минатото било поразлично, не велам, не знам, и можеби било вака исто неколку децении и тоа не знам, се сеќаваме на тие рани 90-ти година и кога немаше парламентарна опозиција, кога ВМРО ДПМНЕ беше вон парламентарна опозиција, кога во еден турнус се бираа судии во парламентот, стотици се поставува, стотици затоа велам, стотици судии и од тогаш тој проблем постои, таа партиска послушност итн. Јас можам да ви кажам дека тоа е дел од менталитетот, бидејќи најмалку е неколку десетици од нив барале директни средби со мене, ниту еден не дошол, еден нека каже кој што дошол кај мене, што дали сум го примил или сум разговарал. Што можеби е грешка, што можеби сум направил грешка, но сум мислел дека така е исправно, дека не треба извршната со законодавната власт да имаат комуникација на тоа ниво и таков тип на комуникација. Јас сум убеден дека од ова полошо не може да биде и убеден сум дека колку сме поблиску до сржта на проблемот, толку повознемирени ќе бидат оние кои што седат од страна и ги гледаат сега проблемите, кој од плажа, кој од планина, но важно ќе бидат вознемирени се повеќе и повеќе, дали тие или ним блиските. Убеден сум, тука немам дилема, но мораме да продолжиме, не смееме да се откажеме, тие тоа сакаат да се откажеме ние, да станеме летаргични, да се помириме со тоа и да речеме тоа е тоа, ние сме немоќни. Во принцип никогаш не сум се откажал, нема ни сега да се откажам, ако некој мисли дека ќе се повлечам, тука се, многу се преиграл или навистина, ниту мојот не го знае карактер, ниту пак на Владата. Но едно знам, дека ќе биде тешко и правдата ќе дојде порано или подоцна, тоа го кажав и во едно од другите мои одговори. И ќе го повторам тоа што и вие го констатиравте, знам дека трпението на граѓаните е при крај, знам дека тоа е единствениот дел во кои што можеби овие 5 месеци, ова е 6-ти месец не испорачавме тоа кое што го очекуваа од нас, знам дека велевме дека од почеток тоа ќе го направивме, но направивме и правиме максимум. Ќе ве потсетам документиран беше случај на поткуп на врховен судија, нешто што до сега не е забележано. Документиран беше случај, фатен жив врховен судија во поткуп. Разбиени акции со шверц, со препродавање на недозволени материи итн. сега последно исто така на аеродромот во Скопје беше фатен еден патник од Бразил кој што носеше неколку килограми забранета материја, наменета за македонскиот пазар. Конкретно можам и да бидам директен, кокаин, наменет за македонскиот пазар, сега нема, пред две недели и точно знаеме за кој беше намената. Двајца се уапсени, едниот е во бегство. И вакви можам јас да ви кажам десетици случаи кои што ги работи Министерството за внатрешни работи и знам дека и таму се мотивирани и ќе продолжат. Но исто така сакам да ја предупредам македонската јавност и да кажам дека нема да правиме естрада од сето тоа, не смееме да дозволиме емоцијата да не совлада и да бидеме како нив, да бидеме како до сега, да упаѓаме дома со специјални полициски единици пред очите на семејствата, пред малолетните деца. Да вперуваме автоматски пушки во образите, во устата на тие кои што ние мислиме дека треба да ги понижиме. Да викаме камери тоа се да го снимаат и документираат, тоа нема да го направиме. Тоа јас ви тврдам дека нема да го направиме. Колку и тие да погрешиле, колку и да се криминалци пресумпција на невиност до моментот додека не биде кажано спротивното мора да важи и мора тоа да биде правило. Но дека ќе одговараат и дека ќе излезат пред лицето на правдата јас ве уверувам дека ќе излезат, ве уверувам. И факт е дека тука очекувањата беа поголеми и повторно ќе кажам дека се среќавам со стотици граѓани секојдневно, нема кој не рекол, добро е, ве гледаме, активни сте, работите, градите, правите, се е како што треба, задоволни сме, овде овие пак шетаат слободни, ги гледате таму се сончаат по плажи, ни се потсмеваат во лице и плукаат на вистината во лице и тука нема етничка припадност. Тука велат и Македонци и Албанци и Срби и Турци и Власи и Бошњаци и Роми и сите буквално истото го доживуваат, истото го чувствуваат и го разбирам јас тоа и сите во Владата го споделуваме тоа чувство, од сите политички партии кои што се дел од Владата и сите имаме заедничка цел ова да го искорениме и ќе го победиме. И веќе на трпението му доаѓа крај од овие во обвинителството и во судството. Ве молам да имате верба и разбирање дека правиме се што можеме и ќе продолжиме да правиме се што можеме за да дојдеме до епицентарот на проблемите што ни се случуваат годините наназад. Не велам дека сите се такви. Мал дел но доволно да ги контаминира сите. Затоа можеби што велат медицинарите некогаш и во здраво треба да влезете за да потоа знаете дека никогаш повеќе не се повтори затоа што ако не го направиме тоа се ни е за бадијала.

Сите пратенички прашања