Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Кузманоска праша за оспорувањето на „Безбеден град“ и обвинувањата на Жан Митрев

Резиме

Пратеничката Биљана Кузманоска побара став од премиерот за претставката на Зијадин Села до Уставниот суд, со која се оспорува Законот за прекршоци, и праша за изјавите на докторот Жан Митрев дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче сакале да преземат сопственост врз неговата болница. Таа праша и дали обвинителството ќе ги истражи тие тврдења.

Премиерот рече дека „Безбеден град“ нема етничка цел и е наменет за намалување на сообраќајните несреќи и спасување животи. За изјавите на Митрев рече дека се загрижувачки, но дека не се непознати во јавноста. Според него, Митрев кажал дека има докази, па очекува обвинителството да ја заврши својата работа откако тие ќе бидат презентирани. Премиерот ги претстави и очекувањата дека поединечни предмети ќе бидат отворени, но нагласи дека тоа е негово чувство, а не информација.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Биљана Кузманоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Биљана Кузманоска, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 јануари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван претседателе најпрвин сакам да се осврнам на Законот за прекршоци кој што е познат како безбеден град или Сејф Сити. Од самиот почеток вие јасно и не двосмислено нагласивте дека овој проект нема етничка, верска или политичка димензија. Тој е воведен со една единствена цел, заштита на човечките животи, зголемување на безбедноста и во воспоставување на ред и закон во јавниот простор согласно европските стандарди. Она што е особено важно да се истакне е дека иако системот сеуште е во тест фаза веќе има конкретни и мерливи резултати и како што спомнавте и вие како што ја известивте јавноста во медиумите. Во периодот од декември до 26 јануари во споредба со истиот период од претходната година, евидентирани се 7 спасени човечки животи. Тоа не е статистика, тоа се 7 семејства кој денес не тагуваат. Тоа е најсилниот можен аргумент дека Сејф Сити не е политички проект, туку проект во служба на граѓаните и на животот како нај висока вредност. И токму затоа загрижува контра дикторното политичко однесување на колегите од ДУИ кои јавно соопштија дека ќе го поддржат Законот, но потоа истите не гласаа за него. Дополнително нивниот коалиционен партнер господинот Зијадин Села поднесе и претставка до уставниот суд да го оспори Законот. Со која се тврди дека овој Закон бил дискриминаторски и насочен против Албанците во Република Македонија. Моето конкретно прашање до вас претседателе е, кое е вашиот став по однос на оваа постапка на господин Зијадин Села. Сметам обидите за безбедноста и владеењето на правото да се прикажат низ етничка призма можат да создадат само непотребни поделби наместо да ја зајакнат заедничката одговорност за почитување на законите. А особено кога станува збор за закон кој спасува човечки животи не може и не смее да биде предмет на етничка манипулација. Дополнително прашање: Благодарам почитуван претседателе на Владата. Задоволна сум од вашиот одговор кој е јасно фокусиран на суштината, заштита на човечкиот живот и почитување на Уставот и законите. Особено ја ценам пораката дека законот Сејф сити или Безбеден град не е насочен против никого, туку е во служба на сите граѓани, а податоците за намалени жртви и прекршоци ја потврдуваат веќе неговата ефикасност. Ставот дека човечкиот живот не смее да биде предмет на политички или етнички манипулации заслужува целосна поддршка, безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност и заедничка придобивка. Убедена сум дека целосната примена на законот ќе донесе уште подобри резултати и ќе ја зајакне довербата на јавноста во државните политики. Задоволна сум од одговорот. Со оглед на интересот на јавноста која чека одговори на многу други прашања би сакала да поставам и едно дополнително прашање во врска со изјавите на докторот Жан Митрев. Имено, докторот Митрев обвинува дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче барале начин како да дојдат до сопствеништво на неговата болница. Како ги коментирате овие изјави и дали може да се очекува јавното обвинителство да започне случај и да ги истражи неговите обвинувања за да може целата јавност да ја дознае која е вистината.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Биљана Кузманоска, поставено на 82-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 јануари 2026 година Почитувана потпретседателке. Почитувана пратеничке Кузмановска, поврзано со Проектот Безбеден град и сето она кое што до сега се зборуваше за Проектот Безбеден град, а во насока на вашето прашање околу ставот за тужбата на господинот Зијадин Села пред Уставниот суд со кој што тој го предизвикува фактички текстот на овој закон мојот став е јасен и кажа неколку пати изминативе денови, но еве ќе ја искористам и оваа прилика и овде во Собранието да го повторам некои работи едноставно дури и искусни политичари еве како што е господинот Зијадин Села дали намерно, свесно, несвесно се обидуваат да ги направат такви да не соодветствуваат на реалноста, туку едноставно мислат дека ко излезат во јавноста со пораки не биле вакви, биле против една етничка група, а биле во насока на друга етничка група дека ќе се добијат политички поени и дека на тие политички поени потоа ќе може да се добива некаков политички легитимитет. Но фактите го зборат спротивното односно зборат дека колку повеќе имаме вакви настапи толку повеќе назадуваме во политиката и помалку поддршка добиваме од граѓаните. Факт е дека кога некој политички настапува најмалку е што треба да направи е да поразговара со граѓаните без разлика од која етничка припадност, јас не ги двојам граѓаните по етничка припадност туку граѓани на кои што како претседател на Владата им се обраќам. Тие без исклучок сакаат да има помалку сообраќајни незгоди и да има помалку жртви и последици од тие сообраќајни незгоди. Во случајов јас навистина еве до ден денеска ако ја анализираме тужбата и тоа што беше јавно кажано не можам да разберам што е проблемот. Проблемот е Безбеден град, некој ќе каже, Безбеден град не го поддржуваме зашто се имплементирал во албански општини. Прво е лага, не е така. Безбеден град се имплементира во главниот град Скопје, во која што друга етничка припадност односно Македонската е доминантна, во градот Куманово во која што друга етничка припадност е доминантна и во Градот Тетово, но и по должината на коридорите 10 и 8 и ако ги анализираме бројките кои ги добиваме во моментот во овој тест период ќе дојдеме до заклучок дека три четвртини од сообраќајните прекршоци на територијата на градот Скопје, некаде од прилика околу 75%. Но истовремено како се приближуваме до имплементирање на Проектот Безбеден град така бројот на прекршоци се намалува. Дури и во изминативе денови таа бројка од оние фамозни 110, 120, 150 илјади на почетоците дојдовме да се рафинира некаде околу 7-8 илјади. Целта на проектот не е да се казнуваат граѓаните, целта на проектот не е да се испраќаат политички пораки во етнички дух. Целта на проектот е да се почитуваат сообраќајните правила и да се спасат човечки животи и да се намали бројот на незгоди кои што имаат често пати и фатални последици и тоа ќе се случи и голем, да не речам, сите метрополи европски имаат ваков систем вграден со исклучок на неколку. Овој проект е почнат многу одамна можеби, уште можеби 2010 година се развивал и е дојден до оваа фаза во која што е денес. Во минатото често пати пред да почне имплементацијата на овој проект поради политички гимнастики калкулации во ИТ можеби се откажувале од проектот. Но оваа Влада е решена да оди до крај да го имплементира за да спаси еден човечки живот ако треба и сето она кое што и сето она кое што е потрошено како средства, сето она кое што околу овој проект орбитрира во моментот и лажно и невистинито и вистинито и точно да биде заборавено. Ние сме свесни како Влада дека нема се да функционира перфектно од самиот почеток на проектот. Ние сме свесни дека на почеток ќе имаме условно кажано работи и недостатоци кои што потоа во текот на имплементирањето ќе треба да се до из брусат, до рафинираат, ние не живееме во паралелен свет и дека се ќе биде прецизно, точно, брилијантно и ќе функционира. Впрочем така не било никаде. Период од 6 до 9 месеци можеби ќе биде доволен за да во најголем дел од тие недостатоци се откријат и ние сме свесни дека и за тоа ќе имаме и политичка штета во одредена мера. Но овој проект изминативе месеци кога ќе ги прашате граѓаните при организирање на анкети и јавно мислење, акламативно повеќе од 80% го поддржуваат, повеќе од две третини од Албанците го поддржуваат. Затоа мене не ми е јасно на кого му се обраќа подносителот на тужбата во Уставен суд, човек кој што со децении е присутен на политичката сцена. Елементарно е во политиката, ако не знаете што да направите, направете мерење на граѓаните јавно мислење да слушнете што мислат. Па потоа влегувајте во било какви авантури. Статусот во моментот е тој, 80% од граѓаните го поддржуваат. Дали тој ќе продолжи и во кој интензитет ќе се зголемува или намалува ќе видиме. Но ние сме свесни со сиот ризик само с една цел влегуваме во проектот, а тоа е да спасиме човечки живот повеќе и друг мотив нема, нема никаков друг мотив и потоа да се прошири и во другите делови, а потоа следува и следната фаза ќе биде безбедна земја, не само Безбеден град, безбедна земја со што границите ќе ги обезбедиме со што ќе имаме систем за рано детектирање на пожари, па за да можеме рано да ги детектираме тие пожари и да ги најдеме виновниците кои што прават ваков тип на хибридни напади врз државата и врз граѓаните. Веднаш да ги детектираме и да го изведеме пред лицето на правдата со кој што криминалците нема да ни бегаат од како ќе сторат криминал преку граница, туку ќе бидат веднаш препознаени, санкционирани, фатени и однесени таму каде што треба да бидат однесени. Тоа е суштината на одговорна Влада и тоа се храбри потези во политиката. Не е храбар потег уставни измени или на сила менување имиња. Ова е храбар потег кој што ќе донесе квалитет во животот на граѓаните и ќе спаси човечки животи. Тоа е храбар потег по цена и на политичка штета. Тоа е храбри, но истовремено и државнички потези. И последно што сакам да споменам. Ги молам сите политичари на одговорно однесување кога станува збор посебно за Проектот Безбеден град, тој нема никаква етничка припадност, целта на проектот е да спаси човечки живот и да го намали ризикот од сообраќајки незгоди кои што често пати, ќе повторам имаат фатални последици. Благодарам. Дополнителен одговор: Благодарам потпретседателке. Почитувана пратеничке Кузманоска, изјавите на Жан Митрев, на докторот Жан Митрев се загрижувачки, но не е нешто што не е познато во јавноста или барем нешто за кое што не се коментираше во минатото. Тоа се изјави кои што кореспондираат со гласини кои што ние во минатото сме ги слушале веќе, за обид за упад, за обид за преземање на бизнис, користење на службена положба за вршење влијание, притисок итн. но не е тоа единственото нешто. Имам чувство дека во периодот кој што следи, а посебно после изборот на новиот јавен обвинител, голем број од наши сограѓани ќе се охрабрат и јавно ќе зборуваат и ќе споделат со граѓаните за своите искуства кои што ги доживеале со претходната Влада. Имам чувство, не велам дека ќе бидам точен во ова што го зборувам. И имам исто така чувство дека после промените во обвинителството дека голем број предмети кои се држени во фиока десетици, а можеби и стотици ќе добијат јавност и ќе влезат во процедура. Повторно ќе кажам такво ми е чувството, не велам дека имам информација. И тогаш ако ова чувство се потврди како точно граѓаните ќе слушнат што се случувало во детали 7 години и кој е денеска тој кој што ја води опозицијата во Македонија или опозициските партии во Македонија. Малку да дадам поширок контекст на моите чувства поврзани со тоа што ќе се случува. Така што еве требаше да поминат неколку дена обвинителството да отпочне истрага поврзана со тврдењата на доктор Жан Митрев. Јас колку сум информиран тој кажа дека поседува докази за тоа што го тврди дека не го тврди паушално. Така што очекувам по презентирањето на тие докази обвинителството да си ја заврши својата работа, а во периодот кој што следи имам чувство, ќе повторам македонската јавност ќе види и ќе слушне во поширока смисла на зборот што се случувало во Македонија 7 години Влада на СДСМ и ДУИ и што се морале поедини структури во државава да трпат во периодот на би рекол брутален напад и обиди за преземање на бизниси, рекетирања итн. Но она што мислам дека чувството не ме лаже е фактот е дека голем дел од предметите кои што до сега беа држени во фиока ќе бидат извадени пред јавноста и јавноста ќе може да види што е тоа и зошто обвинители и кои обвинители ги држеле овие предмети во фиока и која е цената и зошто е тоа правено. Благодарам.

Сите пратенички прашања