Најважно
350 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Крмов праша дали Владата ќе ја поништи концесијата за хидроцентрала на Блатешница

Резиме

Борислав Крмов ја праша Владата дали ќе ја поништи концесијата за мала хидроцентрала на реката Блатешница, наведувајќи дека рокот за почеток на комерцијална работа бил продолжен 13 пати и дека жителите на Блатец се противат на проектот. Тој изрази загриженост за водоснабдувањето и наводнувањето и тврдеше дека жителите не биле соодветно вклучени во процесот.

Во одговорот, премиерот рече дека за водата приоритет имаат пиењето и наводнувањето, пред производството на електрична енергија. Посочи дека треба да се провери дали техничкото решение ги опфаќа постојните зафати и објекти, како и дека за изградба се потребни урбанизација и решени имотно-правни прашања. Според него, Владата започнува постапка за враќање на еднократниот надомест уплатен од концесионерот. Во одговорот не беше наведено дали концесијата ќе биде поништена.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Борислав Крмов

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Борислав Крмов, поставено на 86-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 февруари 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам потпретседателке. Јас ќе поставам едно прашање. Моето прашање требаше да биде до претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, но бидејќи имаме претседател во оставка и фактички имаме ве де вршител на должност, јас сепак ќе го поставам до премиерот, т.е. до Владата. Бидејќи секако и Владата и во овој случај и во најголем дел во случаите е органот кој што е најповикан на одговорност. Значи јас сакам тука да говорам за ситуацијата во село Блатец и ситуацијата со реката Блатешница на која треба да се изгради мала хидроцентрала каде што жителите на село Блатец веќе една деценија практично со своите тела, со својот жив штит си ја бранат реката и правото на незагадена природа на вода. Имено 2012 е доделена концесија на фирмата Енерџи Лукс ДОЕЛ, Штип. И одма ќе кажам тоа е наменски основна фирма. Значи замислете основна е на 11.01.2012, додека концесијата и е доделана на 20.03.2012. Тоа е само два месеци и 10 дена од нејзиното основање ја добива таа концесија на реката Блатешница. Тоа е ќерка фирма на Виза фешн од Штип, значи на текстилна фабрика. Извесен Зоран Андоновски тогаш бил сопственик. На 09.032020 ситуацијата се менува и од штипска фирма таа станува кочанска фирма. Сопственици сега се јавуваат Атом Сантех ДОО од Кочани. Во 2013 Регулаторната комисија за енергетика значи носи едно решение за стекнување на привремен статус на повластен производител на електрична енергија од обновливи извори. И ова фамозно решение е продолжувано дури 13 пати. Со ова решение треба да му се продолжи рокот значи на концесионерот за започнување на комерцијална работа дури 13 пати со седница на Регулаторната комисија за енергетика ова решение е продолжувано на кое што претходи седница на Влада, барем треба да претходи, иако и онака би било нелегално, бидејќи концесијата е од 2012 година во овие 13-тина години. Договорот за концесија е на 23 години. Член 15 став 1 од тој договор вели концесионерот ќе почне со комерцијална работа три години од ефективниот датум на договорот/ефективниот датум е 20.03.2012. Тука имаме прва ситуација каде што концесионерот не успеал оваа обврска да ја исполни. Понатаму, член 33 став 2 вели во случај на пречекорување на роковите Владата дава дополнителен рок. И сега јас го свртувам вниманието кон зборот „рок“. Бидејќи јас како го читам и мислам дека е правилно Владата би требало да има право еднаш да му го продолжи рокот додека ние тука имаме дури 13 пати продолжување на тој рок. Понатаму околу неизвршување на обврските на инвеститорот. Надлежни се , значи член 33 став 1 алинеја 2 доколку вика концесионерот не отопчне со производство најдоцна до датумот за отопчнување на производство согласно договорот Владата значи може концесијата да ја раскине. Ние го имаме, ја имаме оваа ситуација, концесијата не е раскината. Понатаму член 33 став 7 во случај концесионерот да не ги заврши своите договорни обврски во дополнителниот рок, значи кој што се однесува на дополнителните рокови кои што му се давани, Влада, т.е. концедентот ќе пристапи кон едностран раскин на договорот. Ние и оваа ситуација ја имаме, буквално 13 пати и повторно овој договор не е раскинат. Во 2014 Министерството за животна средина и просторно планирање, тогашното министерство има едно барање за мислење од општина Виница на кое што општина Виница одговара истата година, значи 2014, со документ кој што се нарекува известување. Во тој документ има повеќе работи но најбитната работа е дека во делот како ќе влијае малата хидроцентрала на водетекот и на сите тие работи само една работа е ставена и тоа е фактички водоводот од кој што фактички селото Блатец пие вода од реката Блатешница. Значи имено таму стои помеѓу зафатот вика на централата, значи на хидроцентралата и машинската зграда на истата хидроцентрала се наоѓа зафатот на водоснабдувањето на село Блатец. Значи помеѓу малата хидроцентрала и помеѓу машинската зграда е стиснато водоснабдувањето на селото Блатец. И сега ние треба да веруваме дека ако се изгради оваа мала хидроцентрала нема никако да влијае на водоснабдувањето на селото Блатец кое што е големо село. На времето имало 1800 жители, сега меѓу 1100 до 1200 жители. И тука сега тенденциозно и намерно е испуштено дека не е само во прашање водоснабдувањето на селото Блатец, туку имаме и две мали брани на езерото и две мали хидро акумулации. Значи две мали езера кои што се за наводнување на околните ниви. Понатаму, имаме уште еден дополнителен затворен систем за наводнување на нивите кои што се на истоимената река. Понатаму имаме неколку мали комбинати, мали фабрики за преработка на храна. Дури имаме и една воденица која што се наоѓа на истата река. И сето ова е испуштено од известувањето од општина Виница, небаре нели малата хидроцентрала, драстичното намалување на водотекот на реката Блатешница што од пракса знаеме дека со секоја мала хидроцентрала се случува, небаре нема да влијае на сите овие работи. Во целиот тој процес за жал жителите на селото Блатец се исклучени максимум е прашана само локалната власт. И сега доаѓаме до фамозната седница на 03.10.2025 т.е седница на Влада премиере, на која што сте присуствувале и сте разгледувале 6 договори за концесија на мали хидроцентрали и магично сте ги разгледале само за 20 минути. На сите им продолжен рокот, меѓу другото и на концесионерот на реката Блатешница. Рокот е продолжен до 07.03.2026, тоа е до 7-ми март. Значи нема многу време. На тоа следи секако седница на Регулаторната комисија за енергетика, која што исто нели донесоа пак такво решение 13-ти пат го продолжува, до 07.03.2026. Бидејќи таму има деноноќни блокади значи ние имаме ноќни стражи од селаните за да не се случи почнување со работа. Јас не гледам друг начин да отпочне инвеститорот со работа освен на сила. Се надевам дека тоа нема да го направите и на сила да ги срушите барикадите. Во таква една ситуација ќе имаме и овој 13-ти фамозен рок ќе биде прекршен. Е сега сакав нешто да ви кажам вака лично. Сакам да зборувам накратко една минута, минута и нешто околу природното право на населението. Значи што значи природно право? Природно право значи тие луѓе кои што таму живеат, значи они живеат таму со децении, со векови, со генерации. Значи тие се луѓе кои што со генерации пијат вода од тоа место, таа земја ја газат, кои што имаат црно под ноктите. Значи тие луѓе кои што се земјоделци и сточари, тие луѓе треба да се најповиканите за оваа и за било кои други ситуации кога имаме вакви одлуки. Не овде либералната идеологија капиталистичка, профитот да биде прв. Значи ние сме гости премиере ако утре идеме во селото Блатец. Тие луѓе ќе живеат со проблемите кои оваа хидроцентрала мала ако се изгради ќе им ги направи. Значи моето прашање е многу едноставно. Дали, бидејќи е извесно дека ќе биде прекршен и 13- тиот рок за отпочнување на комерцијална работа, сега на 7-ми март, дали еве ќе се одважите, ќе застанете конечно на страната на жителите од селото Блатец и ќе ја поништите концесијата за малата хидроцентрала. Ви благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Борислав Крмов, поставено на 86-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 февруари 2026 година Благодарам потпретседателке. Господине Крмов ве слушав и ќе ви дадам одговор на сето ова што го кажавте. На крај го завршивте вашиот говор со некакво природно право, за пиење вода и така натаму. Вие сте биле во Блатец? Не сте биле. Јас сум бил десетици пати. Јас сум бил десетици пати и тоа е едно преубаво село во општина Виница. И во Градец сум бил и во Липец сум бил и во Трсино сум бил и можам да ви ги редам сите едно по едно. Таков е животот со политиката кога се занимавате морате да ги изгазите селата за да ја добиете поддршката од граѓаните. Оти со вакви празни флоскули овдека на собраниската бина не добивате поддршка. Туку треба да ги изгазите, да стегнете рака, да разговарате со луѓето лице во лице и ќе научите многу работи. е сега да дојдеме до она кое што вие го поставувате како прашање. Нема врска ова што го зборувате природно право. Тука има закони во државата и се знае што значи приоритети во делот на определувањето на водното право, а тоа е прво доаѓа водата за пиење, па за наводнување, па потоа е водата за користење на електрична енергија. Јас не знам дали вие знаете врз основа на што се стекнала фирмата да го гради тој објект, но ќе се обидам сега накратко да ви објаснам. Тоа е физибилити студија од 70- тите години која што Универзитетот Свети Кирил и Методи ја развива, неколку факултети машинскиот, електро и градежниот факултет. И како резултат на таа физибилити студија нешто повеќе од 400 локации во тогашната Социјалистичка Република Македонија се дефинирани за изградба на мали хидроцентрали кои што требало да произведуваат електрична енергија која што ја произведува еден блок од РЕК Битола. Отприлика тоа било целта на тој проект. И откако е сето тоа завршено некоја Влада идна во 2000-дитите години од овој век одлучува да распише јавен повик најпрвин преку Министерството за економија, а потоа неколку преку Министерството за животна средина. И претпоставувам дека овој објект за кој што вие зборувате е дел од оние јавни набавки, односно јавни повици кои што се преку Министерството за животна средина. Принципот на објавување на овие повици е по принципот на проектирај, изгради, користи го и пренеси го на државата. И тоа се тие 23 години. Значи имаш три години да го испроектираш и да го изградиш, да почнеш да го користиш објектот и после 20 години да и го дадеш на државата, да и го отстапиш. Значи ти имаш концесија, немаш сопственост, имаш концесија. Има јасен Закон за концесија кој има приоритет. Приоритет има водата за пиење и приоритет има наводнувањето, па дури потоа доаѓа производството на електрична енергија. Фирмата која што е концесионер изработува техничко решение и врз основа на тоа техничко решение таа поднесува понуда во органот, во случајот Министерството за животна средина и таму го дефинира инсталираниот капацитет и таму дефинира еднократен надомест. Претпоставувам дека оваа фирма во таа 2013-2014 година, кога и да ја добила таа концесија направила техничко решение. И фирмата кога излегла на терен требала да види во однос на гаускригеровите координати каде се наоѓа зафатот, каде се наоѓа машинската сала и дали по течението на таа река од зафатот до машинската сала ги има сите овие градби за кои што сега вие зборувате. Две акумулации, зафат за вода за пиење, неколку приватни објекти за производство на кондиторска храна и така натаму. Доколку тоа она го видела и доколку тоа постоело тогаш се разбира дека таа концесија не требало да биде доделена. Така што треба да видиме прво дали во тоа техничко решение се опфатени сите овие градби за кои што вие денеска овдека зборувавте. Сега зборувам факти, а после ќе дојдам до поентата за која што сакам вас да ви ја кажам. Потпишан е договорот за концесија. Најверојатно фирмата уплатила еднократен надомест во Буџетот, Буџетот го потрошил тој еднократен надомест за икс работи. Фирмата до ден денес не успеала да го изгради објектот. Поминати се како што вие рековте од 2011, а сега сме 2026, значи поминати се 15 години. Не се поминати 15 дена, 15 години се поминати. За 15 години она уште малку ќе требало да ја врати концесијата на државата, односно требало да ја изгради електраната и сега веќе ќе требаше да почнеме постапка да ја врати на државата. Доаѓаме до суштината. Ако е под 1 мегават со инсталиран капацитет, не знам колкава е, тогаш одговорна е општината за давање на лиценца, односно одобрение за градба и така натаму. Ако е над 1 мегават тогаш е Министерството за транспорт. Во случајов еве сега ми сугерира министерот за транспорт дека е под 1 мегават, а тоа значи дека е правото на општината. За да дојде до изградба на оваа локација најпрвин треба да има урбанизација и имотно-правно да биде решен зафатот, цевководот каде ќе оди, машинската сала и така натаму. ако тргнале во урбанизација тогаш јасно ќе им било ставено до знаење дека тука има зафат вода за пиење, тука има акумулација за наводнување, тука има ова, тука има она и тие немало да се стекнат со право да ја градат оваа хидроцентрала за која што вие зборувате дека постои. Сега вие излегувате и сега доаѓаме до политичкиот дел. Сега вие доаѓате тука и се претставувате дека сте голем, а не сте биле во Блатец. Јас сум бил десетина пати, а вие не сте биле во Блатец. Не знаете ни кад е. Тоа е преубаво село. Јас сум држел трибини со граѓани на сред село. Сум јаде леб и паштета со нив, сум пиел пиво од флаша со нив десетици пати. И во Трсино, и во Градец, и во Липец, секаде сум бил таму. Вие не сте биле и не знаете каква е Блатешка река. Блатешка река знае да надојде и да однесе се пред себе. Но еве нема да ви споменувам. Вие сега мислите дека ќе добиете тука нешто кај Виничани, кај Блатечани дека еве вие сега сте душегрижникот поголем од мене. Не можете да бидете. Затоа што ние оваа Влада потпишува сега поврат на тие средства кои што тие ги уплатиле за еднократен надомест што некој им овозможил претходно да ги добијат. Ние ги враќаме. Исто како што зборуваше Гордана за оној данок на овие што го донесоа луксуз или како се викаше, солидарен. Па ние го враќаме сега. исто како што оваа година 2,5 милијарди евра треба да вратам. Како претседател на Влада, за овие што ја задолжиле државата. И сега вие ќе зборувате дали сте, вие сте биле во Блатец. Па срам треба да ви е. излегувате тука, не сте биле у Блатец, вие да ми кажувате за Блатешка река. Страв, не знам каков носител. Било не било Блатец. Па не можете вие на тројка да сте носител на листа у Блатец да не сте биле. Тоа исто како да не сте носител на изборна единица 3. Јас не знам кој ве гласал таму во Виница ако вие не сте биле во Блатец. Не можам уште или на Фејзбук комуницирате со Блатечани. Јас стварно не можам да разберам уште. И конечно да дојдам на крај, прво не ги разгледуваме 20 минути, треба да знаете дека во Владата оваа Влада. Не знам како било порано. Има процедури има колегиум па има Комисија за економски систем. И тоа трае 2 недели. За да дојде на Влада има точки за кој што има дискусија. Има точки за кој што се гласа без дискусија. Откако претходно ќе ги поминат сите инстанци во Владата. Не знам сега, вас не ви е познато тоа можеби. Вие, еве мислите дека ќе излезете овде, не сте биле во Блатец, не стегнале рака на жител на Блатец, а го браните Блатец. Од кого го браните Блатец вие, од кого. Од мене? Па дај боже вие стално од вакви како мене да го браните Блатец кои што направил толку улици колку што вие не сте изоделе пешки во својот живот. За Блатец. Па јас утре ќе отидам кај Блатечани ќе седнам со нив и да знаете многу подобро ќе ме пречекаат од колку вас. нема што со вас да одам. Вие не знаете каде е Блатец. Ако сакате да ви го покажам Блатец ќе ве однесам на екскурзија. И ќе пешачиме на Плачковица заедно. Јас и вие да ве однесам на Лисец да прошетате од сите страни ќе ве качам ако сакате. Благодарам.

Сите пратенички прашања