Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Костадиновска Стојчевска праша за вработување лектори во институциите

Резиме

Бисера Костадиновска Стојчевска праша колку институции поднеле барање за промена на систематизацијата за вработување лектор, колку добиле одобрение и каде е реализирано вработување според Законот за употреба на македонскиот јазик. Побара и информации кои институции сè уште не презеле активности, наведувајќи дека рокот за усогласување е поминат.

Министерот за јавна администрација рече дека обврската за вработување лектори е предвидена со законот, но дека министерството нема надлежност да интервенира во законодавната и судската власт. Посочи дека е именуван директор на Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик и дека е поднесен предлог за измени на законот. Во одговорот не ги наведе бараните бројки за барањата, одобренијата и реализираните вработувања.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бисера Костадиновска Стојчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 20 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање до министерот за јавна администрација. Почитуван министер Минчев, членот 6 со став 1 од Законот за употреба на Македонски јазик пропишува задолжително употреба на Македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо во работата на органите на законодавната, извршната и судската власт. Јавни установи, органите на единиците на локалната самоуправа и другите правни лица основани со Устав и со Закон. Во таа насока членот 9 од истиот Закон изречно предвидува дека во наведените институции задолжително треба да се вработат лектори по Македонски јазик со цел да се обезбеди стручна лингвинистичка поддршка, да се гарантира правописна и граматичка исправност на службените документи и да се спроведе обврската за лекторирање како што е предвидена со член 7 од Законот. Дополнително член 41 став 2 од Законот утврдува дека рокот за исполнување на оваа обврска е една година од денот на влегување во сила на Законот, што значи дека сите институции имаат ограничен временски рок за усогласување со оваа законска норма. Со оглед како што кажав дека Законот е донесен на 26 јануари 2024 година вклучувајќи го изборниот период. Поминати се сите законски рокови за негова имплементација по ова прашање. Моето прашање до вас е, колку органи на државната власт, органи на единиците на локалната самоуправа, јавни установи, институции и правни лица основани со Закон. До сега имаат поднесено барање за проширување на актите за систематизација со цел вработување, лектор по Македонски јазик, колку од нив добиле одобрение, во колку институции веќе е реализирано вработувањето и кој институции се уште немаат преземено активности во таа насока имајќи ја во предвид законската обврска и утврдена со член 6 став 1 и член 9 од Законот за употреба на Македонскиот јазик.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за јавна администрација

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 мај 2025 година Почитувана потпретседателке, почитувани колеги министри, почитувани пратеници, би сакал одговорот да го дадам во два дела. Првиот статистички со факти, со аргументи. Вториот, колку што ќе ми дозволува времето, политички. Почитувана пратеничке, Законот на кој што се повикувате е донесен од 26.01, ако добро забележувам, 2024 година, во кој што експлицитно се утврдува обврската за вработување на лектори. И тоа е под надлежност на Министерството за култура. Но, морам да кажам дека претходно, и претходниот Закон кој што бил на сила, исто така овозможувал вработување на лектори, или пак лекторирање на македонскиот јазик, односно да се спроведе одредбата за вработување на лектори во државните институции. Во тој период министер за култура бевте Вие. Што значи, и без овој Закон кој што е лек специјалис, 49-00/15можевте да вработувате лектори ако вистински се грижевте за македонскиот јазик. Но, да одиме понатаму. Новиот Закон кој што е донесен 2024 година опишува обврска за вработување на лектори. Во членот 7 се пропишува текстовите да бидат лекторирани, а членот 9 пак, дека органите на законодавната, на извршната и на судската власт мора да имаат вработено лектор. Е сега, во овој дел, Министерството за јавна администрација нема надлежност, затоа што, од две од трите власти, мислам на законодавната и на судската власт, секоја интервенција која што би била од наша страна, би била како мешање во овие две независни власти. Членот 33 пропишува казни за непочитување на одредбите кои се во надлежност на Инспекторатот за употреба на Македонскиот стандарден јазик. Инспекторатот, претходната Влада воопшто не го ни основа, туку е тој некаде на крај на мандатот, пред изборите и остана буквално како мртво слово на хартија. Значи, од тој момент откако е донесен имавте цели 6 месеци да постапите по истиот. Значи, 2024 година први месец, до изборите. Пардон, можеби 4, 5 месеци. Ништо не е направено во врска со тоа. Пред извесно време оваа Влада ги направи првите чекори. Значи, ние не можеме да дискутираме за период од 7, 8 години откако бевте на власт и имавте можност и период од 7, 8 месеци што направила оваа власт. Значи прво, именуван е директор на Инспекторатот, а понатаму и мнозинството пред десеттина дена, поднесоа Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик, кое целосно го усогласија ова законско решение со ЗОРОДУ и со ЗИРОД. Како дело од одговор на вашето прашање, ќе кажам дека не се работи за сектор кој што е сега во Министерството, туку се работи за европска агенда, односно реформи во јавната администрација, не само овој Инспекторат, сите инспекторати се во рамките на министерствата и тоа се случи пред 31.12. во ова Собрание. Зошто? Затоа што е потребно на намалување на 40% од буџетските корисници, согласно барањето од Европската Унија и тоа е Стратегија на реформи во јавната администрација 2023 – 2026 година, која вие како Влада сте ја донеле. А тука се поврзани прашањата со балансерот. Е сега, немам доволно време, во политичкиот дел. Мислам дека најмалку право имате да зборите за употреба на македонскиот јазик, вие, бившата Влада која што не направила баш буквално ништо за македонскиот јазик. Ова е Платформата која што ја предложивме од Движењето ЗНАМ За наша Македонија. Во членот 2 вели: “Македонскиот јазик е национален стандарден јазик за македонски народ со својот автономен и јазичен процент и временски континуитет... Немам доволно време да цитирам. Зошто за 5 минути ја одбивте оваа платформа?

Сите пратенички прашања