Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Костадиновска Стојчевска праша за реформите и членството на министерот во Судскиот совет

Резиме

Бисера Костадиновска Стојчевска го праша министерот за правда Игор Филков дали ќе преземе чекори за спроведување на препораките на Оценската мисија, дали ќе се повлече од Судскиот совет и кога ќе поднесе иницијатива за уставни измени со кои министерот повеќе нема да биде член на Советот. Таа оцени дека во претходните седум месеци немало реформи и тврдеше дека назначувањата се партиски, а не засновани на професионални критериуми.

Филков одговори дека не влегол во Судскиот совет и дека уште од почеток смета оти нема потреба од негово присуство таму, доколку Советот навистина функционира. Тој ги отфрли обвинувањата дека не биле именувани судии и јавни обвинители и повика на заедничко усвојување законски измени, вклучително и покачување на горната старосна граница на 67 години.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бисера Костадиновска Стојчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 30-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 16 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Моето пратеничко прашање е до министерот за правда господинот Игор Филков. Министре Филков, вие сте задолжени за еден од најклучните столбови во нашето општество а тоа е правдата. Реформите во судството се суштински за демократијата и владеењето на правото но за жал во изминатите 7 месеци гледаме оддалечување од овие принципи. И, покрај вашите изјави дека ќе ги инкорпорирате препораките на Европската Комисија вашите дела укажуваат на сосема спротивно, партиски назначување и недоволна независност на судските институции. Препораките за намалување на политичкото и бизнис влијание не се почитуваат што дополнително ја намалува довербата на јавноста. во овие 7 месеци не гледаме никакви реформи во судскиот систем иако ова е една клучна област во која треба да се дејствува. Партизацијата добива ендемски размери во институциите но уште позагрижувачки во она што треба да е темел на едно демократско и праведно општество тоа е судскиот систем. Вашите изјави за законски измени до јуни 2025 година делуваат како одложување а не како итно и одлучно справување со проблемите. Наместо на спроведување на најавените реформи гледаме засилена партизација на судството каде што клучните позиции се доделуваат по политички а не по професионални критериуми. Во Оценската мисија, почитуван министер нема никакви препораки за вакви назначувања на судии и Обвинители. Едно се зборува а друго се прави. Затоа моето прашање денес до вас е директно и суштинско. Дали вие сте подготвени да ги направите вистинските чекори кон промена или понатаму ќе се продолжи со празни зборови и формални најави. Дали ќе ја искористите еве конкретната можност од вас да започнат реформите и имплементацијата на препораките на Оценската Мисија. Дали вие како министер за правда како функција и е член на судски Совет ќе се повлечете од член од истиот и кога планирате да поднесете иницијатива за уставните измени со кој министерот за правда повеќе нема да биде дел од судетскиот Совет.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за правда

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 30-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 16 јануари 2025 година Ви благодарам на можноста уште еднаш да одговорам на вашето прашање и да ги разјасниме и другиот дел од невистините и лагите кои што со месеци наназад ги повторувате. Јас ниту сум влегол во судскиот Совет за да можам да излезам од истиот. Ако ги пратите моите изјави од прв ден, укажувам на тоа дека нема потреба од мое присуство таму. Но, доколку судскиот Совет навистина функционира. А, тоа што се случуваше наназад го знаете многу добро затоа што, бевте дел од власта иако не се сеќавам да во таа Влада било кога сте поставиле прашања поврзани со судство или со судскиот Совет најмалку. Делот за невистините продолжува и понатаму иако пред малку ви објаснив дека ние немаме неименувано ниту судии ниту Јавни обвинители. Значи, излезете и напуштете ја таа скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец. Ние за 3 до 5 години нема да имаме судии во државата поради погрешните и опортуни политики на претходните власти. Јаде да се договориме тука сите заедно. Да ги донесеме измените на законот и да ја покачиме горната граница до 67 години.

Сите пратенички прашања