
Димитар Апасиев
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 4 ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Димитар Апасиев, поставено на 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 14 октомври 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван премиер, денес ќе ве прашам за тема во која што вие сте најјак, а јас сум најслаб, а тоа е бизнис. Бидејќи на последното пратеничко прашање кога го отворив скандалот со претседателот на Уставниот суд, ви ветив дека инконкрето ќе ми бидат прашањата, со име и презиме и дека на слика ќе ви ги покажувам, еве сега слика од овој за кој денеска ќе ви поставувам прашање, тоа е вашиот баџанак. Имено, станува збор за лицето Јорданчо Јанев познат по називот Дано, инаку баџанак е турски збор во нашето семејно право, латинскиот, да и песна има аџанак баџанак, на кој му стиска нека дојде. Еве мене ми стиска па дојдов. Латински е афинитас, има еден правник римски вели тоа сродство по сватовство, посебен облик на сродство меѓу двајца мажи кои извира од нивниот брак т.е. од женачката за две сестри. Значи сопругот на сестрата на сопругата е баџанак. Овој баџанак на премиерот Мицкоски е многу плоден бизнисмен, особено плоден после доаѓањето на власт, мада и претходно тоа се конекциите. Како што во Римската империја сите патишта водеа во Рим, така во вашата империја сите патишта водат во Струмица. И веќе се познати шемите познати од аферата плацови на Водно за кој што доби Грујо 9 години
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 4 затвор правосилно од предметот Империја. Значи иако сте трет ешалон сте учеле добро од тоа, бидејќи шемите се исти, контури. Еве само ќе кажеме некои одредници, перење пари, значи сомнителни фаворизации на фирми, офшор фирми, тука не најдов офшор, ама најдов бугарски, роднини на пренижнини профити, братучеди обавезно мора да има, да се ортаци, дуо трио и мрежа на фантом фирми. Во случајов се 15. Еве пошто не ве бива за бизнис вие денес да не речете јас 15 фирми, имиња да им измислам само нема да знам, а не па да ги основам, да ги ставам во правен промет. Е сега, овој ваш баџанак има и бугарско гржданство, значи он така се осеќа од 2017 година ако не се лажам, 6 фирми, можеби има повеќе, јас 6 му најдов, 4 во Македонија, две во Бугарија. Првата фирма Дано Транс ДООЕЛ основана 2003 година, товарен сообраќај или народски кажано камиони, милион евра приход и таму има еден вработен Влатко Јовановски кој е инвеститор во градежен сектор сега таму во Струмица. Втората фирма Интерпласт Груп основана 2015 година за логистика. Третата фирма Шалон Фуд Груп 2016 основана. Многу еврејско ми е имево, не знам од каде. Ресторан е и тоа има милионски приход. Е тука управител му е неговиот братучед Данчо Караптоев. Од овој Данчо не најдов слика инаку и него ќе го урамевме. Од како доаѓате на власт ја основаат фирмата Шалом Деливери 2024 година ортаци се и првиот тендер на општина Струмица на овој новиот градоначалник вмровски ваш, Петар Јанков е токму свечен ручек за 250 гости на слава ли, што е тоа таму слава или што е тоа таму Свети Петнаесет Тивериополски маченици каде што има слика во Фокус, опа нешто го грешам изгледа. Во Фокус ви ја објавија со владикана, со попови таму седите сите. И видете сега општина која има јавен долг
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 3 од 4 од 16 милиони евра, првиот тендер го дава на фирмата на вашиот баџанак кој во исто време да биде апсурдот поголем бил кум и покровител на славава за која што после си прави бизнис. Јас не знам како не ви залетна со дедо Стефан која јадевте знаејќи дека за истава слава овој си прави пари во меѓувреме. Следно има 2025 година Д-Дигитал Конто фирма, консалтинг и сметководство. Е, таму е директорка некоја Танкица Ефтимова и таа ви донирала на партија 2 и пол илјади евра. Јас не знам од каде ги заштедила женава ако работи за плата, но нејсе. Исто така и баџанакот ви е донатор од 2019 според јавно достапни информации легално ви донирал 20 илјади евра на партијата. Тоа е легално, за нелегално не знаеме и затоа овој си гради хациенда од 2 милиони евра во Струмица, ја објавивме ние, убава е куќата и се шпекулира низ чаршијата во Струмица дека добил концесии за некои државни ниви накај Конче за да земе субвенции за тутун. Е ова не ми е потврдено, не можев да најдам таква фирма. Можеби е некој фантом на некој негов роднина, пријател, братучед и слично. Вториов овој братучедов на овој Дано, значи Данчо и Дончо многу се лесни за памтење, он му е крвен сродник на овој, значи не е по сватовство, тоа е по странична линија четврти степен на сродство. Не знам дали е консобринус, викаат на евроинско право по мајка или фратрес по татко, не знам дали му е по мајка или по татко, ама овој има 9 фирми. Пајажина, еве како тоа изгледа, се обидов визуелно бидејќи нели една слика, илјада зборови, како тоа изгледа. Видете јас само имињава не можам да им ги кажам, а па не вака да ми текне една шема убава, пајажинеста да ја основаме, од кои две фирми се бугарски. Да, двете фирми се бугарски, ортаци се Дано Транс милиони евра во левови, т.е. сумите во левови, сега кога стана во евра околу 1 и пол милион евра само во 2018
Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 4 од 4 година и Инфинити транспорт група на иста адреса во Петрич, преку Ново Село изгледа Ива од каде што ви побегна сега, одма таму по границата на иста адреса улица Антон Попов број 57. Е, сега овој има 9 фирми, 6 му најдов Инфинити ДК 2006 основана трговија на мало со облека. Е, бутик за гаќи и прслуци мора да има во шемиве. Имаше и кај Артан Груби, ви текнува, надзорот го правеше бутик за гаќи имал, еве и овој имал во 2006 уште. Инфинити Фешн Груп му е во 2012 година, Респект Груп некоја фирма 2014, БС Биливер Груп 2021 и од кога идете на власт две нови фирмички Инфинити Фор Евер Стор и Гламур Спаркл Стор. Не знам за што се овие. Исто така и овој ви е донатор на партијата 5 илјади евра за изборите само во донирал во 2024. Мислам дека ми ја сфаќате поентата, значи сакам конечно да расчистиме колку овие донации се патриотизам, а колку е испран бугарски капитал, колку политиката ваша е народна, а колку е фамилијарен бизнис план и да видиме кога границата меѓу власта и семејниот бизнис исчезнува дали корупцијата е поединечен случај или е модел на управување и владеење и затоа ќе го сумирам прашањето само во едно, а тоа ако фирмата на вашиот баџанак можеше да го добие првиот празничен ручек во Струмица, а неговите фирми во Петрич тивко да си работат преку граница, дали тоа значи дека во вашето поимање на владеењето на право единствено нешто што циркулира навистина слободно помеѓу Македонија и Бугарија е профитот за вашите роднини.