Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мојсоска бара да се наведат млекарите со спорни декларации

Резиме

Јована Мојсоска од Левица го прашува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство кои млекари навеле неточни податоци на декларациите. Во прашањето таа се повикува на контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство, за која наведува дека производите содржеле помалку млечни масти од декларираното и палмино масло.

Во доставените податоци нема документ со институционален одговор.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јована Мојсоска

ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Г. АФРИМ ГАШИ

ОД: ЈОВАНА МОЈСОСКА – ПРАТЕНИК ОД ЛЕВИЦА

Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република С. Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено

П Р А Т Е Н И Ч К О П Р А Ш А Њ Е ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

ЗА: Г. БОРЧЕ СЕРАФИМОВСКИ - МИНИСТЕР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Почитуван министер,

Во врска со неодамнешната контрола на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во која беше утврдено дека производите на одредени млекари не ги исполнуваат пропишаните стандарди, односно содржат помал процент на млечни масти од декларираното (содржале палмино масло).

Моето пратеничко прашање до вас е:

1. „Кои се млекарите кои на декларациите пишувале неточни податоци и со тоа ги довеле граѓаните во заблуда?

***

Барам ова пратеничко прашање веднаш да го доставите до функционерот на кој му е упатено и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.

С к о п ј е 30.09.2026 год.

ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: Јована Мојсоска

1

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања