Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Битиќи бара отчет за поддршката на компании за НАТО набавки

Резиме

Пратеникот Фатмир Битиќи го праша министерот за одбрана какви конкретни и документирани резултати постигнал Центарот за поддршка на домашните компании за НАТО тендери. Побара податоци за обуки, помош при подготовка на понуди, компании и апликации, договори и нивната вредност.

Министерството одговори дека центарот помага при регистрација, информира за набавки и обезбедува техничка поддршка при аплицирање. Според одговорот, вкупно 52 компании се регистрирале, односно добиле потврда за исполнување на условите за учество, а уште шест се впишани во евиденцијата на економски оператори. Министерството наведе дека нема надлежност да следи кои компании учествуваат или учествувале во набавките. Одговорот не содржи бројки за бараните обуки, понуди, договори и нивната вредност.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Фатмир Битиќи

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 2 ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 14 октомври 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер Мисајловски, 6 години македонското знаме се вее пред седиштето на НАТО во Брисел. Под него стојат нашите војници и нивниот придонес во заедничката безбедност. Но, зад него стојат нашите инженери, производители и претприемачи на кои воениот сојуз треба да и отвори можности за нивното знаење да го претворат во нова вредност за економијата. Во 2021 година воспоставивме механизам за поддршка на македонските компании за учество во јавните набавки на НАТО. Стануваше збор за создадена можност за учество на пазарот над 5 милијарди евра годишно. Во март 2024 година, организиравме „Индустриски ден на НАТО“ на кој домашните компании непосредно ги запознавме како функционираат механизмите за јавни набавки во Алијансата. Намерата ни беше членството во најсилниот воен сојуз да добие економска содржина. Пред се за информатичката индустрија, прехранбениот сектор, фармацијата и другите дејности. Од јуни 2024 година, развивањето на овој механизам премина во ваша одговорност. Поминаа повеќе од две години, што е доволно време замерливи резултати на Министерството за одбрана во овој сегмент. Во вашата комуникациска стратегија за 2025 година, наведувате дека центарот за поддршка на домашните компании при настап на НАТО тендери го олеснува пристапот до пазарот и ги води компаниите низ процесот. Тоа е јавно преземена заложба, чија реализација единствено може да се оценува преку конкретната помош на компаниите и резултатот на нивното учество. Во меѓувреме премиерот Мицкоски, повторно ја смести македонската економија меѓу првите пет во Европа според растот. Таа самоувереност може да добие реална економска тежина само кога ќе се претвори во институционална амбиција да се отворат нови пазари за домашните компании. НАТО нуди токму таков простор за нашите

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 2 производи, инженерско знаење и информатички технологии. Од Владата се очекува да го препознае тој потенцијал и да им помогне на компаниите да настапат подготвени о конкурентни. А, можностите се конкретни. ЕНСИАЈЕИ или НАТО комуникејшн информејшн аџенси, Агенцијата на НАТО за комуникации и информации во декември 2024 година, кога веќе бевте на министерската функција, претстави 70 деловни можности вредни над 975 милиони евра во делот на комуникации, дигитални комуникации, сајбер безбедност. „Дијана“ акцелераторот за одбранбени иновации во Северно Атлантскиот Пакт обезбедува 100 илјади евра почетно финансирање за избраните компании со можност за дополнителни до 300 илјади евра во следната фаза. НАТО Енџинг, платформата на НАТО за поврзување и ангажирање на производственитекапацитети бара инженерски 3 - ДЕ производство и расположливи индустриски капацитети. Мислам дека е време по повеќе од 2 години на функцијата да кажете конкретно. Што е направено за домашните компании да ги искористат овие можности. Имате секако обврска во раководењето на министерството. Но, и да развиете и функционална поставеност која од геополитичка припадност ќе извлече и практична економска корист за самата држава. И, затоа моето прашање е. Кои конкретни и документирани резултати ги постигна Центар за поддршка на домашните компании при настап на НАТО тендерите. Добро би било да слушнеме конкретни бројки за спроведени обуки, обезбедена помош за подготовка на тендерски понуди и воспоставени меѓународни партнерства. Како и точен број на поддржани компании, поднесени понуди и иновациски апликации, склучени директни договори и под изведувачки ангажмани. Секако и која е нивната вредност. Прашањето го поставувам до министерот за одбрана.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерот за одбрана

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА Република Северна Македонија Министерство за одбрана

До Собрание на Република Северна Македонија Претседател на Собранието, г-дин. Африм Гаши

Булевар: 11 Октомври бр.10 1000 Скопје

Предмет: Одговор на пратеничко прашање Врска: Ваш број 08-6372/2 од 19.10.2026 година

Почитувани,

Во прилог Ви доставувам писмен одговор на пратеничко прашање поставено од пратеникот Фатмир Битиќи, на Сто дваесет и шестата седница на Собранието, одржана на 14 октомври 2026 година.

Со почит,

Изработил/Контролирал: Душко Аврамовски

МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Владо Мисајловски

Република Северна Македонија Министерство за одбрана

Министер ул. Орце Николов, бр 116 1000 Скопје, Република Северна Македонија Тел. (02) 3282002 Сајт: www.mod.gov.mk

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 14 октомври 2026 година

Пратеничкото прашање гласи:

Кои конкретни и документирани резултати ги постигна Центарот за поддршка на домашните компании при настап на НАТО тендерите?

ОДГОВОР на пратеничко прашање од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 14 октомври 2026 година

Почитуван пратеник Фатмир Битиќи,

Во однос на Вашето прашање Ве информираме дека Центарот за поддршка на компании во рамки на Министерството за одбрана е формиран со цел да им помогне на македонските компании за упис во регистарот на Економски оператори односно при процесот на регистрација, со цел нивно натамошно учество на постапки за набавки за потребите на НАТО и земјите членки.

Набавките кои се во рамки на НАТО се од различен вид како на пример: производи и услуги од областа на информатички и комуникациски технологии; мебел; градежни работи; одржување; набавка на оружје и на воена опрема; резервни делови; потрошен материјал и друг вид услуги.

Во насока на поддршка на македонските компании Министерството за одбрана преку Центарот за поддршка на компании за времетраење на процесот на регистрација обезбедува континуирана помош и поддршка околу одредени нејаснотии кои евентуално би се појавиле со цел да им овозможи на домашните компании успешно да аплицираат во секоја поединечна постапка.

Поддршката што ја обезбедува Центарот покрај давање инструкции и техничка помош при аплицирањето за добивање потврда за учество на набавки, дополнително врши и информирање за објавените постапки кои и самите компании кои веќе се регистрирани можат да ги следат објавите на официјалните веб-страници на агенциите NSPA и NCIA.

За одредени постапки Центарот добива и директни известувања по електронска пошта од надлежните агенции, врз основа на кои имајќи ги предвид дејноста и профилот на регистрираните домашни компании, дополнително ги информира соодветните компании за можностите за нивно потенцијално учество во конкретните постапки.

Покрај тоа, Центарот помага и при пријавување на компании за учество на конкретни постапки каде се предвидува исполнување на определени критериуми (техничка и професионална способност, како и за економска и финансиска способност). Министерството за одбрана на барање на заинтересираните компании издава Потврда за способност за компанијата (Declaration of eligibility), со која се потврдува дека компанијата ги исполнува пропишаните услови за учество и ја известува надлежната агенција дека македонската компанија ги исполнува условите за учество во соодветната постапка со испраќање на наведената потврда истовремено пријавувајќи ја компанијата како потенцијален учесник во наведената постапка.

Дополнително, Центарот за поддршка на компаниите обезбедува инструкции, насоки и практична помош за домашните компании при спроведувањето на почетните активности поврзани со аплицирањето во конкретната постапка. Поддршката, меѓу другото, опфаќа помош при прикачување и доставување на потребната документација, како и обезбедување техничка асистенција при користењето на соодветните електронски системи за аплицирање.

Заинтересираност за учество на овие набавки покажале многу компании, но досега преку Центарот за поддршка на компании во Министерството за одбрана вкупно 52 компании се регистрирале односно добиле потврда за исполнетост на услови за учество во постапките за набавки на НАТО. Дали оваа можност понатаму ќе биде искористена зависи единствено од македонските компании.

Дополнително, извршен е упис на уште 6 компании во Евиденцијата на економски оператори што ја води Министерството за одбрана.

Министерството за одбрана нема надлежност ниту можност да следи кои македонски компании учествуваат или досега учествувале на овие набавки.

Со новите законски измени кои се усвоени од Владата и објавени во „Службен весник“ се врши унапредување на процесот, односно скратување на рокот за издавање на финалната Потврда за способност, со која се потврдуваат капацитетите и способноста на компанијата за спроведување на постапката за која пројавила интерес.

Сите компании кои пројавиле интерес успешно го поминале процесот на регистрација, кој во суштина е едноставен и не претставува значителна пречка за компаниите кои ги исполнуваат потребните услови.

На крајот уште еднаш да напоменеме дека Министерството за одбрана стои на располагање на сите македонски компании на кои им е потребно советување односно презентација за процесот на регистрација и учество на набавки во рамки на НАТО.

МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Владо Мисајловски

Сите пратенички прашања