Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Лукаревска бара извештај за анализите на млечните и месните производи

Резиме

Пратеничката Сања Лукаревска го праша министерот за земјоделство кога ќе биде објавен извештајот од Агенцијата за храна и ветеринарство за анализите на млечни и месни производи. Таа се повика на претходно најавени резултати и посочи дека јавноста сè уште ги чека информациите за усогласеноста на декларациите со квалитетот на производите.

Министерот одговори дека Агенцијата е самостоен орган на државната управа, не е во состав на министерството и има директор што го именува Владата. Посочи дека министерството соработува со Агенцијата, но рече дека не може подетално да одговори на прашањето, бидејќи тоа било упатено до директорот и Агенцијата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сања Лукаревска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: И, третото прашање ми до министерот за земјоделие. Господинот Серафимовски, едно прашање за кое што конечно очекувам да добијам точен, конкретен одговор затоа што, неколку пати имав обиди да го поставувам, меѓутоа не добивав одговор. Вашиот заменик тогаш, односно сегашен заменик не ми одговори затоа што, не беше во тек со конкретното. Па, рече дека има време, ќе му треба време да ги види реалните состојби. Денска се надевам дека ќе ме послужи среќата. Се сеќавате министре за млечниот скандал кога едно стоеше на декларациите на млечните производи, а друг беше квалитет на самите тие производи. Се отвори во јавноста тема, што всушност се случува. И, за тоа што се случувало, се уште чекаме одговор, а до сега требаше да го добиеме извештајот од Агенцијата за храна и ветеринарство. Значи, дека се земала 91 мостра од млеко, млечни производи, сувомеснати производи од домашното производство, како и од увоз. За да се утврди дали она што е напишано на декларациите содејствува со квалитетот на производите. Наместо 20% млечна маст во некои производи имало 1% млечна маст и многу палмино масло. Актуелниот директор на Агенцијата, Оливер Миланов во изјава за медиуми пред извесен период зборува дека Агенцијата нема да ги објави фирмите кои ги правеле овие злоупотреби, плашејќи се од тужби и правни последици. На 4ти јуни оваа година истиот директор рекол дека идната недела ќе ги објави фирмите што ги правеле манипулациите со декларирањето. И, дека треба веќе да бидат готови резултатите од анализите и на месните преработки. Меѓутоа јуни месец одамна помина. Верувам дека и вие пред се како човек, а потоа како министер сакате да се расчисти овој случај, да се смири јавноста, да се заштитиме од консумирање на нездрава храна. А, ако не го имаме извештајот ние не може да знаеме во овој момент дали иста не квалитетна храна јадеме и дене и какви последици по здравјето може да има сето тоа. Очекувам да ми одговорите. Кога конечно ќе го добиеме извештајот од Агенцијата за храна и ветеринарство за овој млечен скандал. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитувани пратеници, почитувана пратеничке Лукаревска, ви благодарам на прашањето. Претпоставувам дека и мојот заменик не успеал да ви одговори претходно на поставеното прашање од една општа причина, а таа е дека самата Агенција, согласно законската поставеност е самостоен орган на државната управа и истата не е во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Инаку со Агенцијата раководи директор кој што се именува од страна на Владата и е самостоен во донесување на своите политики и нормално своето делување. Ние нормално со Агенцијата за храна и ветеринарство соработуваме, донесуваме политики и стратегии и одредени законски и подзаконски решенија кои што се во интерес на граѓаните и нормално Законот за безбедност на храна и по самиот Закон за безбедност на храна, односно член 15 е формирана и самата Агенција за храна и ветеринарство. Така да во овој момент јас не би можел да ви одговорам подетално на вашево прашање, бидејќи ова прашање, како што самата кажавте, беше упатено директно до директорот Оливер Миланов и Агенцијата за храна и ветеринарство. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања