Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Лукаревска праша кога ќе се спроведат ветените демографски мерки

Резиме

Пратеничката Сања Лукаревска го праша министерот за социјална политика, демографија и млади кога ќе се спроведат ветените еднократни финансиски поддршки за родители. Таа ги наведе најавените износи: 250 евра за првородено, 500 евра за второродено и 750 евра за близнаци, трето и секое наредно дете, и рече дека мерките сè уште не се преточени во законски решенија.

Министерот одговори дека нацрт-националната стратегија се редефинира и по одобрување од Владата ќе биде доставена до Собранието. Рече дека анализите за еднократната помош се завршени и дека мерката ќе биде донесена и применлива за корисниците, но не наведе рок. За градинките рече дека се градат 40 објекти и дека целта е листите на чекање да се сведат на нула до 2028 година.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сања Лукаревска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање ми е до министерот за социјална политика, демографија и млади, господинот Велковски. Цитирам: Владата се обврзува да го стави демографскиот развој во прв план како област од клучно значење на економскиот развој, стабилност на државата и националната безбедност. Македонија се соочува со растечки проблем на депопулација која е предизвикана од долготрајниот негативен природен прираст како и растечкиот број млади и образовани луѓе кои одлучуваат да ја напуштат Македонија. Кон ова институционални, програмски мора да се насочуваат модели од демографска обнова, симулирање на останувањето во Македонија и вработувањето. Ова е пасус од програмата на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2024 година - 2028 година од областа на демографијата. И, немам дилема дека прашањето за состојбите во демографијата не смее да се сведуваат на дневна политика. Мора да се бараат решенија, да се носат мерки, да се прават стратегии и сето тоа да има потоа и ефекти. Имавте ветување како партија за национален демографски институт со вашата програма 1198, но за ова веројатно повеќе и поревносно можеби треба да го слушнеме и залагањето на националниот координатор за демографија во Владата, меѓутоа не сме го слушнале по ова прашање. Во таа насока, во истата изборна програма со која што добивте огромна поддршка на парламентарните избори 2024 година, ветивте национален план за демографија, кој меѓу другото се темели на овие ветувања во насока на поддршка на родителите. Под број еден - Еднократна финансиска поддршка од 250 евра за првородено дете, двојно зголемување во однос на моменталните 8 илјади денари. Под број два - Еднократна финансиска поддршка од 500 евра за првородено дете, драстично зголемување во однос на моменталните 20 илјади денари. Под број три - Еднократна финансиска поддршка од 750 евра за близнаци, трето родено и секое наредно родено дете. Се уште овие мерки не го имаат видено светлото на денот. Не се преточени во законски решенија, а темата станува многу актуелна, алармантна но, се уште без конкретни чекори. Претходниот министер Лимани, уште лани во една прилика, во јули месец најави дека во план е да се реализираат овие мерки заедно со уште две, односно намалување на листата за чекање за сместување во детски градинки и даночно ослободување во висина од 30 илјади евра за отворање на приватна детска градинка. Отвораме процес за справување на негативни трендови, велеше тој. Претходно имавме ситуација со намален броја на првачиња, завчера слушнавме дека пред еден месец, пред половина месец 4900 првачиња, дене околу 1500, дел од учениците не биле на време внесени во Е - Дневникот. Други се запишале дополнително, така да добиваме најразлични бројки. Моето конкретно прашање е до вас. Кога ќе се имплементираат овие мерки кои што се ветување.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за социјална политика, демографија и млади

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Благодарам потпретседателе. Почитувани пратеници, пратеничке благодарам за трудот кој што сте го вложиле и вие вака да говориме за демографија, нели да ги поставите прашањата легитимно. Убаво кажавте, Програмата на Владата, како што цитиравте вие, нели како што е напишана 2024-2028, така да Програмата на Владата нели уште две години треба да се реализира, односно сите мерки кои што сме ги предвиделе и во таа четигодишна Програма на Владаа која што се гласала тука во Собранието и во секој годишен план на министерствата да можеме да ги реализираме сите оние активности што сме ги навеле. Е сега, поконкретно за темите кои што ги говоревте, ќе започнам за Националната стратегија е, не е План, Стратегија, која што беше изготвена како Нацрт документ не е таму почетокот на летниот период, меѓутоа со онаа голема конференција која што ја одржавме, која што значеше многу за Македонија, пред се како држава, по однос на демографската слика која што ја имаме денеска, каде што 40 земји учесници со високи делегации, министри од тие земји, заменици нивни, се дебатираа разни методи како секоја од овие земји се справува со она што е демографска политика во нивите држави. Гледајќи ги така состојбите се влезе во фаза на редефинирање на одредени позиции од самата Стратегија, каде што ќе можеме да бидеме многу поконкретни и да наведеме активности кои што ќе бидат многу подобри и по практични и применливи во Македонија, за да имаат ефекти, нели, тоа е крајна цел да се подобри демографската слика. И затоа во овој документ ќе го имате на располагање за брзо време од денеска, на одобрување е нормално во Владата, потоа и во Собранието да донесеме и се надевам дека ќе дадете и вие како пратеничка група, нели поддршка и согласност за истата, бидејќи се работи за она што е демографска слика за целата наша држава и сите наши сограѓани. По однос на, ја споменавте како дел од Програмата, се еднократните парични помошти за првородено, второ родено и трето родено дете во Македонија. За тоа веќе се завршија анализите, бидејќи така функционира оваа Влада и ова Министерство откако сум јас таму назначен, за се пред да се донесат конкретни одлуки да имаат крајна цел, да бидат употребливи и корисни за граѓаните и нема да отстапам од тие чекори. Ќе не чини некоја недела или месец, меѓутоа крајниот ефект ќе биде дека граѓаните она што сме го ветиле како еднократна парична помош како мерка во демографијата, ќе биде донесено и ќе биде применливо од страна на корисниците. По однос на детските градинки би сакал да искоментирам, бидејќи ги споменавте. Во минатото детските градинки беа планирани, односно градени без конкретен план и дефиниција каде треба и зошто треба да бидат градени. Ниту имале анализи, ниту знаеле, па еве ќе ви каже и колешката моја која што беше таму. Во Делчево колку има дечиња на листа на чекање, па колкава градинка и колку пари потрошиле таму. Еве, она знае. Детски градинки денска се градат по план. Вкупно 40 на број, точно планирани, онаму каде што имаме проблем со листите на чекање, како што е Ѓорче Петров - три, во Гази Баба - три, во Аеродром – две, значи со конкретен план онаму каде што вистински имаме проблем со листата на чекање, кое што меѓу другото како ги отвораме по некои што до сега успеавме да ги направиме, да се намалува оваа листа на чекање и ќе продолжиме така се до завршување до 2028-ма кога ќе завршат сите овие проект, да листата на чекање што денеска е намалена, ќе биде буквално на нула. И такви општини денска и постигнавме таков ефект, имаме како што е Кисела Вода, каде што имаме нула дечиња на листа на чекање, така ќе биде и во другите општини каде што сме со план заложиле дека треба да биде ова поддршка, пред се за најмладите брачни парови и оние кои што имаат најмали дечиња да бидат дел од овој систем. Така да, ова Министерство и оваа Влада работи системски по претходно направена анализа, план и програма, каде што точно и прецизно ги дефинираме сите чекори кои што имаат крајна цел за подобрување. Еве, бидејќи денеска е темата, демографија, да ја подобриме сликата во Македонија за периодот кој што следи. Благодарам.

Сите пратенички прашања