Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Битиќи прашува за владина алтернатива за минималната плата

Резиме

Фатмир Битиќи прашува каква финансиска алтернатива предлага Владата по одбивањето на предлогот за минимална плата од 600 евра, за две минимални плати да ги покриваат основните животни трошоци. Во текстот прашањето најпрво е упатено до Министерството за финансии, а на крајот се наведува дека е поставено до министерот за одбрана. Документ со институционален одговор не е достапен во влезот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Фатмир Битиќи

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 1 од 2 ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 126-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 14 октомври 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Пратеничкото прашање се однесува на животниот стандард и на политичкиот избор што Владата го прави кога одлучува дали ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. И, ова е упатено кон Министерство за финансии, поточно министерката Димитриеска Кочоска која што денеска не е овде. Но, еве заменикот, на почетокот на овој месец Светска банка предупреди дека Северна Македонија ризикува да остане во стапицата на среден доход. Со приближување кон европските доходи побавно од земјите во регионот. Зад оваа оценка на состојбите стои општество во кое луѓето работат, економијата расте, а материјалната сигурност останува недоволна и недостоинствена. Во ноември 2023 година, синдикалната кошничка изнесуваше 44 илјади 699 денари, а минималната плата, 20 илјади 175 денари. Односно, за нејзино покривање беа потребни 2,2 минимални плати. Но, сегашната пресметка е недвосмислена во изразувањето на поткопаното достоинство на нашите сограѓани со минимални приходи. Септемвриската кошница од 69 илјади 432 денари, бара 2,7 минимални плати од по 26 илјади и 46 денари. А, со кирија таа бара 3,26 минимални плати. Значи, две минимални плати оставаат недостигот 17 илјади 340 денари месечно за покривање на основните трошоци и тоа без киријата. Само храната и пијалаците чинат 25 илјади 259 денари, односно 97% од една минимална плата. Во 2025 година, храната поскапе за 5,2% што е 1,1% поен на тогашната општа инфлација од 4,1. Во септември годинава

Република С Republika e M СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИ KUVENDI I REPUBLIKËS S Страна 2 од 2 инфлацијата изнесуваше 2,7% но, храната дополнително поскапе за 0,5% само за еден месец. Но, побавното поскапување не ја врати претходната изгубена куповна моќ. И, овој намален тренд на пад на животниот стандард го забраа вашите сопартијци, коалициони партнери во Собранието. Кои го одбија нашиот предлог за минимална плата од 600 евра. Потоа, Министерството за економија одлучи да прави пресметки со некои розови математики и во јавноста претстави просечна протрошувачка кошничка за август од 58 илјади 475 денари. Што е да 10 илјади 200 денари пониска од синдикалната за истиот месец. И, според неа две минимални плати се недоволни. Односно недостигаат 6 илјади 383 денари. И, оваа посебна просечна потрошувачка кошница покажува колку се потрошила без сама по себе да утврди дали потребите се достоинствено задоволени. А, задоволувањето на потребите е мерилото што и дава социјална смисла на проценката на тоа дали одредена плата е доволна и достоинствена. Во оваа смисла прашањето. Каква финансиска алтернатива предлага Владата по одбивањето на минималната плата од 600 евра. За да може барем две минимални плати да ги покриваат основните животни трошоци. Прашањето го поставувам до министерот за одбрана.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања