Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

МОН ќе разгледа можни инвестиции во училиштата во Крушево и Норово

Резиме

Пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи праша каков план има Министерството за образование и наука за инфраструктурните проблеми во училиштата во Крушево и Норово и како ќе се реши недостигот од средства за училиштето во Норово. Таа спомена и пошироки предизвици во образованието, меѓу кои намалувањето на бројот на ученици и резултатите од ПИСА.

Заменик-министерот рече дека за училиштата во Крушево досега немало барање, но дека прашањето може да дојде на ред во следниот период, а инвестициите ќе зависат од барањата на општините и расположливиот буџет. За училиштето во Норово посочи дека е легализирано и дека еден дел од проблемот е решен; рече дека ќе се види дали инвестицијата ќе биде опфатена, без да најави конкретен план или обврска за финансирање.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Имрлије Салиу-Фетаи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Имрлије Салиу Фетаи, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 септември 2026 година Пратеничкото прашање гласи: Ќе почнам со моите прашања кон заменик министерот Дритон Сулејмани, поради фактот дека оваа учебна година ја започнавме со многу проблеми, без разлика на фактот дека како Влада сме реализирале многу проекти, но треба да работиме и за прашања кои што се многу значајни и кои што го тангираат образовниот систем, поради фактот дека ќе зборувам за проблемите кои што се образованието, кои што се наследени, но не можеме да ги оставиме на страна и овдека почнувајќи од инфраструктурата на некои училишта во земјата, па после проблемите кои што се направени со намалувањето на бројот на учениците, каде што како резултат на оптимизација на училишното умрежување и не се знае дали наставниците ќе можат да работат како наставници или не, резултатите од ПИСА, итн. Почитуван заменик премиер дозволете ми да ги спомнам инфраструктурните проблеми, како што спомнав, како Влада многу од овие проблеми кои што ги спомнав се наследени со години, затоа и многумина од нив се очекувани, но ниту еден проблем не може да се запостави. Овдека конкретно ќе зборувам за училиштето во Крушево каде што има проблеми во инфраструктурата и другото училиште во Норово и каде што уште продолжува да биде нерешено ова прашање и ние кога имаме такви проблеми тогаш може да се постави едно просто прашање, дали може да се дискутира за квалитетно образование, додека еден дел од нашите ученици кои што немаат соодветни услови. Моето прашање, заменик министер, е тоа каков конкретен план има Министерството за образование за решавање на овие проблеми и кое е решението за недостиг на средствата кои што се наменети за училиштето во Норово.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Имрлије Салиу Фетаи, поставено на 124-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 септември 2026 година Заменик министер за образование и наука Благодарам потпретседателе. Почитувани пратеници, почитувана пратеничка ви благодарам за прашањето. Факт е дека еден од условите за да имаме добро образование, треба да имаме и инфраструктура за да имаме добри школи со ИТ можности, објекти што ќе ги опфаќаат учениците со посебни потреби. Во врска со образованието е едно од приоритетите на Министерството за образование. Ова не го велам паушално, но можам и да го објаснам со конкретни факти. За две години сме почнале и реализирале инвестиции од над 70 милиони евра на 90 проекти за да се подобри инфраструктурата во образованието. Од 2024 како Влада преку Министерството инвестиравме 35 милиони во 7 нови објекти, во Бутел, Чучер Сандево, Куманово, Чашка и Тетово. Над 30 објекти школски објекти и спортски сали се реконструираа, се градат нови 4 сали во Аеродром, Кисела Вода, Струга и во Липково. Се поделени 55 проекти што ќе се реализираат што ќе ги опфати новите школи и реконструкции на нови спортски сали, како нови базени и така по ред. Ќе градиме 30 нови спортски сали, ќе реконструираме и студентски домови од кои некои се на завршна фаза, некои ќе се почнат со реконструкција. Инвестицијата во врска со студентските домови ќе чини 86 милиони евра, од кои 60 милиони евра се од кредитот од Германската банка за развој, 22 милиони се неповратни грантови од Европската Унија што го олеснува Буџетот,

4 милиони евра се од Министерството. Овие се конкретни факти што ја поддржуваат можност за да ја подобриме инфраструктурата што е многу значајна за да имаме подобро образование. Во врска со школите што ги наведовте во Крушево, мислам дека ќе дојде на ред во следниот период. До денеска не сме имале барање од нив, но без тоа, ние ќе инвестираме според нашите можности за ова. Министерството според барањето од општините за реконструкција на школите ќе се опфати според Буџетот што го има во диспозиција. Школото во Норово е легализирано што било порано проблематично заради тоа што не можеше да влијае ни општината, ни Министерството. Еден дел од проблемот со школото во Норово е решено веќе, ова е првиот чекор. Од кога егзистира ова, ние ќе видиме оваа инвестиција се опфати. Исто така ќе имаме еден, за да ги решиме овие проблеми што учениците да имаат подобри услови. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања