Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Јаулески праша за нови сознанија за наводното следење политички противници

Резиме

Пратеникот Јован Јаулески праша дали има нови моменти за расветлување на наводното следење политички противници и дали јавноста може да очекува докази врз основа на институционални истраги. Во прашањето изнесе обвинувања за партизација и злоупотреба на безбедносните служби од претходната влада.

Премиерот не одговори директно дали има нови сознанија или дали ќе бидат објавени докази од истраги. Рече дека институција физички го следела претседателот на тогаш најголемата опозициска партија, а дека физички биле покривани и неговата сопруга, семејството и малолетниот син. Информациите што, според него, биле користени за покривањето ги опиша како невистинити, а најави дека ќе бара расчистување и одговорност од вклучените.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јован Јаулески

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јован Јаулески, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 декември 2024 година Пратеничкото прашање гласи: По преземањето во 2017тата година на кланот Муртино и на кланот од Зајас по формирањето на Владата се посегна по брутална партизација на секоја институција вклучително и на безбедносните служби во Република Македонија, Агенцијата за Национална безбедност и агенцијата за разузнавање. Најнапред беше донесен Закон за Агенцијата за Национална безбедност кога престанува да важи поранешната УБК во која што селекцијата на вработени беше вршена на транспарентен начин, спротивно на ново донесениот закон, без интегритет и без полиграфско тестирање. И, така таа безбедносна служба беше преполнета со партиски послушници на СДСМ и ДУИ кои исклучиво работеа и фингираа случаи за опозицијата, измислуваа лажни белешки со кои луѓето се носеа во притвор, отвораа случаи за кои беа користени оперативно – технички средства. Премиере, од оваа говорница во текот на минатите пратенички прашања откривте скандалозни детали за тоа додека СДСМ и ДУИ беа на власт. Вас лично и ВМРО - ДПМНЕ како партија сте биле следени. Во момент искажавте бројни скандалозни детали за злоупотреба на институциите за примена на оперативно – технички средства. Дури и наведовте дека над вашата куќа и кога сте оделе на терен во Прилеп се кревале дронови. Да не заборавиме дека според многубројни меѓународни Извештаи минатата Влада беше наречена хибриден режим додека истите овие продаваа приказна за Европа и се правеа поголеми европјани и од европјаните. Следењето на политички противници не е европска вредност, ваквите методи се карактеристични за орволовите книги и за минатите комунистички времиња чиј наследник е СДСМ. За вашите изнесени детали СДСМ се исмејуваа и објавуваа монтирани слики како одговор на вашите обвинувања. Во тој контекст моето прашање е: Дали има нови моменти во насока на расветлување на овој случај и дали македонската јавност може да очекува докази врз база на спроведени истраги во рамките на институциите

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јован Јаулески, поставено на 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 декември 2024 година Благодарам на прашањето поврзано со незаконското би рекол работење на дел од службите кои што треба да се грижат за националната безбедност или да разузнаваат или да контра разузнаваат. Пратеникот Јаулески можеби ја креира суштината која што претставува рак рана некако од денот на осамостојување на државата па до ден денес. И, прашањето е до кога работата на овие агенции кои што треба да бидат агенции кои што треба да бидат агенции кои што ќе се грижат за безбедноста на граѓаните и на државата. Ќе разузнаваат или контра разузнаваат ќе биде злоупотребувано од страна на поедини политички моќници. Поради сензитивноста на информациите јас нема да навлегувам во детали. Но, можам да кажам дека една од неколкуте институции кои што треба да се занимаваат со безбедноста на државата наместо да се занимава со безбедноста на Македонија се занимавала со физичко следење на претседателот на најголемата опозициска партија. И, тоа го правеле на многу интересен начин. Како? Измислуваат извор во случајот „Цилиндар“ кој што според нив доставува веродостојна информација. Конкретно таква информација доставил од објективни причини нема да ја кажувам точната дата туку ќе кажам некаде на почетокот од 2020тата година чудно тоа коинцидира со изборите кои што тогаш се случуваа. Во која што вели дека, внимавајте, пара – полициско воено вооружена формација. Претпоставувам најголемиот дел од вас биле дел од таа пара – полициско воено вооружена формација составена од внимавајте го ова, македонски радикални екстремни и националистички настроени државјани кои имаат за цел во предизборието да вршат заплашување и закани на македонски граѓани за да издејствуваат поддршка за ВМРО – ДПМНЕ. И, ова е многу интересно. Нарачател и финансиер на оваа пара – полициско воено вооружена формација на македонски радикални екстремни националистички настроени елементи е професор - доктор Христијан Мицкоски. Јас сум тој кој што оваа пара – полициско воено вооружена формација ја финансирал, ја формирал и т.н. но ова е оставено како трага таму и точно се знае кои се тие кои што ова го работеле. Точно се знае. Ова служело како покритие за да бидеме покриени физички сите. Сите. Кои што сте дел од, најголемиот дел од вас сте биле дел од оваа пара – полициско воено вооружена формација. Одиме понатаму. Некаде во втората половина од годината некаде во четвртиот квартал истата година истиот овој избор „Цилиндар“ вели дека јас сум виден со две женски особи на Водно, во друштво на овие две женски особи на Водно како пешачам, мислам во името на сега приватноста не би сакал да ја кажам иако не е вистинита информацијата, нормално како што не е ни првата не е ни оваа вторава вистинита. Како пешачам и замислете го ова. Тие ми презентирале информации кои биле од мој политички интерес. А, додека пешачам изворот „Цилиндар“ мене ме покривал. Да. Понатаму исто така пред избори, само сега во 2021 година, тогаш се локалните избори. Изворот сега го добил името Џокер не е веќе Цилиндер, сега е Џокер. Вели дека во манастирот Свети Јован Бигорски мојата средба со припадници на патриотско друштво со суштина не била случајна, туку тоа била средба во која што јас сум ја остварил со овие припадници на ова патриотско друштво за да ја нарушуваме безбедноста, стабилноста итн., итн. на Македонија. Повторно алиби за да бидам физички покриван континуирано. И уште многу други работи кои што еве да не ја оптоваруваме Македонската јавност со други детали, пикантерии кои што немаат никаква врска со реалноста. Е сега, ова ни се европските вредности. Ај тоа што крадеа, крадеа. Ќе има одговорност. Ќе има, институции во државата ќе има. И тоа не е само се, тука се покривани и мојата сопруга, моето семејство и мојот малолетен син. Мислам и двајцата се, едниот е по подвижен пошто години му се тинејџерски, овој се уште е помал па не можеле да го покриваат. И они се покривани физички. Е затоа е сега стравот, затоа е сега стравот. Не стравот заради друго нешто. Овие европски вредности ги промовира овие луѓе. Дали се ова вистинските европски вредности дека јас ви личам на човек кој што може да финансира пара како беше, да ја прочитам уште еднашка, пара полициско воена вооружена формација. Лидерот на опозицијата тогашна како таков не е битно, претседател на најголемата опозициска партија, тогаш правеа хотелски коалиции па мислеа ќе ме рушат мене, партијата итн. Беа влезени во еден севдах и замислете сега што паралелно создавале. За другите детали од објективни причини тука не сакам да зборувам нити пак да ги оптоварувам Македонските граѓани со тоа што се случувало и како сме биле сите покривани, сите и каков живот сме имале. Затоа треба на овие злоупотреби еднаш за секогаш со реформи во овие служби да им се стави крај. За да не им се случува на оние генерации кои што доаѓаат по нас. Затоа што ако ова им се случува на тие луѓе и на нивните семејства ништо не сте направиле, за бадијала ние е се. И европски фронтови и балкански фронтови и не знам какви ти се не фронтови. И европски не знам сонови, не знам што. Ако ние во 21 век имаме ваков начин на злоупотреба на работата на безбедносните агенции, а тоа што се пуштани дописи за поедини членови на пара полициско воена вооружена формација дел од нив сте и тука за да не добивате сертификати тоа е друга тема. Со измислени извештаи така, тоа е сосема друга тема, како сето тоа се злоупотребувале. И како на перфиден начин се креирало мислење. Со лажни информации, лажни податоци, само поради тоа што се создава кредибилитет од институцијата од која што доаѓа таа информација. Ако некој мисли, ја гледам директно Македонската јавност, ако некој мисли дека од ова ќе се спаси, се лаже. Се додека јас ја предводам власта ќе барам расчистување и сите тие кои што биле одговорни не мене што ме покривале, детето што ми го следеле ќе одговараат.

Сите пратенички прашања