Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Јанчев праша за помош при преселување на фарми сместени во урбани средини

Резиме

Пратеникот Сашко Јанчев праша дали Министерството за земјоделство планира фонд или друга форма на државна помош за преселување на фарми што, според него, поради урбанизација се нашле во градски средини. Тој предупреди дека преселувањето на фарми со изградена инфраструктура и добиток е сложено и скапо, и дека притисокот фармерите сами да се преселат може да го загрози производството и работните места.

Министерството одговори дека нема информации за градоначалник што сака да дислоцира фарма и го повика Јанчев да посочи конкретна општина и случај за проверка. Претставникот на институцијата рече дека со градоначалниците се работи на урбанизација на селата и легализација на објекти, за фармите да можат да користат европски фондови. Ги посочи и јавниот повик за ИПАРД и домашните програми, но во одговорот не наведе посебен фонд за преселување фарми.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сашко Јанчев

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сашко Јанчев, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање се однесува на проблемот што го имаат постари фарми, фарми со традиција од повеќе од 20 години, тоа се фарми кои кога започнале со работа биле или на периферија на градовите или надвор од градовите на земјоделско земјиште. И сега со оваа агресивна дива урбанизација и бетонизација, земјоделското земјиште, полињата, се трансформираа во градежно земјиште и така во полето наместо да има домашни животни, наместо да никнат земјоделски производи, почнаа да никнат индустриски зони, згради, куќи, а по најнова мода и фотоволтаици. И така овде фарми кои што пред 20-тина години биле на периферија или надвор од градот, сега се најдоа сред град. И сега градоначалниците и локалните инспектори ги малтретираат, изживуваат со нив, ги тераат да се преселат и не им даваат потребна документација, арно ама тоа не е едноставна работа. Тоа се фарми веќе изградени, со поставени системи за поење, хранење, чистење, молзење. Фарма како фарма е неподвижна ствар. Тоа не е лего коцки да се, фарма лого коцки да се растури, па да се пренесе на друго место, ова се фарми со преку сто грла, кои произведуваат по 500 тона млеко, со по десетици вработени кои реално го одржуваат, каков - таков пазар, во живот, затоа што помалите откупувачи, помалите млекари ако не се овие поголеми фарми нема да имаат есап да работат, па ќе треба и тие да затворат. Автоматски со тоа од работа, без работа ќе останат и помалите фамилијарни фарми, куп луѓе ќе останат без работа и ќе се уништи долгата традиција на млеко производство. А повторувам, ценењето на овие фарми е скапа работа, таму само една молзачка, еден робот за молзење чини повеќе од 100 илјади евра и тука мораат прво да се направи нова фарма, па потоа да се пренесе добитокот, инаку ќе се прекине производствениот процес и тоа е практично невозможно. Тоа е голема работа и е многу тешко тоа самите фармери да го изведат. Па прашањето ми е, дали се планира некаков фонд на средства, или дали има било каков план во Министерство за земјоделие, со државна помош да се реши, да се преселат овие фарми кои што не по нивна вина се најдоа сега сред град. Оти само ако се прави само притисок они приватно да се преселат, они попрво ќе кренат раце од ова и ќе останеме и без она малку производство на млеко што сега го имаме.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сашко Јанчев, поставено на 34- та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 февруари 2025 година Кратко во делот на дислокација во делот на општините кои што не знам на која општина мислевте. Јас немам таква информација дека некој градоначалник сака да дислоцира некоја фарма во Република Македонија. Еве, јавно ве повикувам, кажете во која општина, за кој случај се работи, да го провериме заедно. При тоа јас сум повеќе од убеден дека таква работа нема напротив во координација со сите градоначалници работиме на урбанизација на селата, на легализација на вакви објекти за да можат истите фарми да бидат корисници на европските фондови. Во моментов имаме и јавен повик за ИПАРД 1 мерката каде што еве уште еднашка јавно потсетувам дека сите земјоделци можат да користат средства од европските фондови да го унапредуваме земјоделското производство. Покрај домашните фондови и програми кои што ги имаме тоа да бидат искористени средствата од меѓународните фондови. Во делот на развивање на сточарството, легализација на фарми и т.н. верувајте дека само времето ќе покаже колку сме поуспешни од сите претходни

Сите пратенички прашања