Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Јанчев праша за директорот на Институтот за трансфузиона медицина

Резиме

Сашко Јанчев го праша министерот за здравство за постапувањето на директорот на Институтот за трансфузиона медицина со вработените во врска со колективниот договор и анексите на договорите за вработување. Тој тврдеше дека директорот Амир Елези не ги исполнува законските услови за функцијата: според Јанчев, Елези специјализира рендген и нема најмалку две години искуство во трансфузија. Одговорот е празен, а документ со одговор не е достапен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сашко Јанчев

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сашко Јанчев, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање е исто така од кадрова политика и се однесува на директорот на Институтот за трансфузиона медицина. Го поздравувам тоа што со синдикатот ги решија недореченостите околу трансфузистите и колективниот договор, но има забелешка затоа што таа недореченост во колективниот договор не смееше да се искористи како основ да им се прави проблем на вработените во Институтот под изговор дека договорот за вработување им дава повеќе права на вработените. Во трудовото законодавство има принцип со договорот за вработување се даваат повеќе права од тоа што го предвидуваат закони, колективен договор, тоа е согласно член 12 од Законот за работни односи, така што, тоа што беа третирани по поволно вработените од тоа што го предвидуваше колективниот договор, не беше спротивно на закон и не смееше директорот да им прави проблеми на вработените. Втората забелешка ми е што исто така директорот го третираше непотпишувањето на анексите како раскинување на договор за вработување и им ставаше на огласна табла известување со кое им се закануваше дека ќе им се раскине работниот однос. Третата забелешка ми е најголема за директорот Амир Елези, а тоа е затоа што не ги исполнува стандардите за да биде директор кои што се предвидени со Закон за безбедност во снабдување со крв. Законот предвидува дека он мора да биде специјалист по трансфузиологија и да има најмалку две години од областа на трансфузијата, а он специјализира рендген и го нема потребното искуство. Прашањето го поставувам до министерот за здравство.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања