Најважно
349 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Исмаил праша за увоз на отпад, заменик-министерот негира увоз за третман

Резиме

Реџеп Исмаил праша дали Министерството за животна средина планира да организира увоз на отпад од ЕУ и кои капацитети ги има државата за негово безбедно управување. Тој изрази загриженост дека увозот би можел дополнително да ја влоши состојбата со животната средина.

Заменик-министерот одговори дека државата не увезува отпад и нема да увезува ниту во иднина. За маслото за јадење и хартијата рече дека станува збор за увоз заради извоз, а металите, според него, ги увезуваат фирми за производство на лим, кој потоа се извезува.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 18 ноември 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Прво ќе почнам за прашањето за Министерството за животна средина. Сакам директно да прашам дали вие како министерство имате намера да дозволите и да организирате, да аплицирате за увоз на отпад од ЕУ. Неодамна објавивте некоја листа од некои си 18 типови отпад кои што планирате да ги увезувате од Европската Унија и таму содржи разни метали обоени и необоени, калај, железо, цинк, картони, стакло, масло за јадење, некои други типови на отпад кои што и онака тука се голем проблем нивната преработка во Република Македонија. Вие дополнително планирате да ги увезувате од Европската Унија. Не знам дали знаете дека со новата Регулатива по ова прашање на Европската Унија од 2007 мислам дека ќе почне да се применува, ќе биде забрането овој отпад да се увезува, да се извезува во земјите кои не се членки на ОЕЦД. Од ова ќе бидат исклучок само земји кои што имаат капацитет одговорно и согласно со принципите на здрава животна средина да управуваат со овој отпад. И сега поконкретно ме интересира може ли да ни образложите кои се овие капацитети кои што министерството, односно Република Македонија ги има за да може да увезува отпад од Европската Унија, истиот одговорно и во согласност со животна средина да го обработува и процесуира. Особено ако се има во предвид дека ние сме на топ листите на најзагадени градови во светот и особено сме на топ листите на земји по владеење на корупција, оттаму сметам дека ова е голем ризик за животната средина во Република Македонија да дополнително се влоши со тоа што вие ќе увезувате отпад од Европската Унија.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 70-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 18 ноември 2025 година Заменик министер за животна средина и просторно планирање Благодарам претседателе. Благодарам за прашањето почитуван пратеник. Добро е што темава се отвори овде во Собранието заради тоа што сметам дека е крајно време да се расчистат ќе речам некој лаги кој што предизвикуваат немир кај населението заради тоа што апсолутно не е точно така како што се пласира во јавност. Имено еве овдека јасно и одговорно тука тврдам дека Република Македонија не увезува отпад и нема да увезува ниту во иднина. Не увезува ни Министерството за животна средина, ни просторно планирање, ни Владата. Во однос на листата која што ја кажавте сакав да дадам детално објаснување. Имено за маслото за јадење кое што го спомнавте овие увози кој што се прават се прават по барање на одредени фирми кој што вршат производство на некој производи во државата. Маслото за јадење кое што го спомнавте го увезува фирма и тука станува збор за увоз заради извоз. Во нашата држава се врши само препакување на маслото и истата количина која што се увезува се извезува во Австрија. Кога станува збор за хартијата исто станува збор за увоз заради извоз. Буквално истата количина така како што се увезува така спакувана и се извезува и се извезува во Албанија и во Косово заради недостиг во нивната држава оваа материја. А кога станува збор за металите апсолутно не станува збор за штетни метали и увозот на метали се врши за фирми, односно го вршат фирми кој што го користат одреден метал во своето производство и се користи за производство на лим кој како готов производ лим понатаму се извезува во други европски држави. Благодарам.

Сите пратенички прашања