
Реџеп Исмаил
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам претседателе, т.е. Благодарам потпретседателе, почитувана јавност, почитувани колеги јас ќе поставам само едно прашање и тоа до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Почитуван министер очигледно е дека во однос на тоа што до сега се случува со истрагата во Кочани работата запира токму каде што ќе ги допре одговорностите на сегашните и актуелни луѓе. Немаме одговорност на човекот одговорен за Пазарниот инспекторат, нема одговорност на луѓето во подрачните единици на МВР на тие општини во Штип и во Кочани. Нема одговорност, дури и премиерот јавно го бранеше градоначалникот кој потоа си даде оставка, па сега влезе во истрагата. Немаме одговорност од низа луѓе кој што не само со нивните постапки не направиле ништо за да ја спречат трагедијата, туку и оние кој што настрана седеле и не си ги исполниле своите должности за ова да го откријат дека ова е нелегално кабаре, дека работи во супстандардни услови, дека има опасност за да се загрози општата безбедност тоа не го направиле и тие луѓе треба да одговараат. Ако не законски да одговараат правно треба да сносат политичка одговорност. Ние до сега не видовме дека ги сменија овие луѓе актуелниот министер за економија. Е сега мене ми е прашањето почитуван министре значи после трагедијата ние очигледно не сме, т.е. прашувам дали Министерство за внатрешни работи ги има веќе научено лекциите и нема реактивно да реагира, туку проактивно каде што ќе ги детектира ваквите слабости, ваквите потенцијални опасности на разни јавни објекти и места каде што се пружаат јавни услуги. Што вие до сега на друго место преземавте за да проверите кој други локали, кој други јавни собиралишта, кој други дејности кој што се даваат во јавноста, а имаат потенцијал да бидат она што беше дискотеката Пулс во Кочани. Дали има направено Министерство за внатрешни работи проверки во такви објекти? Колку се тие? Дали се издадени наредби за нивно затворање? Дали се покренати одредени постапки пред другите институции затоа што вие не сте надлежни за да одземете дозволата. Дали планирате одредени промени да предложите во Собранието кој што ете ако констатираме дека има системски пропусти дали вие до сега не дојде од вас никакви предлози за промени во законските норми и во процедурите што се однесуваат на ова. Дали го планирате ова и кога? На кој начин и во кој дел планирате да има промени? Значи не мора детали, сакам ваша визија да ми кажете и да ми кажете што вие до сега после трагедијата во Кочани сработивте да не даде Господ да некаде пак не се случи/ а не се случува само заради тоа што е само чиста среќа. Во Кочани толку години работела дискотеката Пулс, службениците на вашето министерство оделе, правеле контроли таму, направиле во два ипол по полноќ кога верувам дека забавата се привршува и не констатирале и не увиделе дека тоа е крајно небезбедно место за таква забава. Благодарам.